Меган Денис Фокс (родена 16 мај 1986 г.) — американска глумица и манекенка. Таа ја започна нејзината глумечка кариера во 2001 г., со неколку помали телевизиски и филмски улоги, и имаше редовна улога во телевизиското шоу Хоуп и Фејт (Hope & Faith). Во 2004 г., таа дебитираше со улога во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen). Во 2007 г., ја играше улогата на Микаела Банс, љубовта на ликот којшто го глумеше Шаја Лабаф, во мегапопуларниот филм Трансформери (Transformers), со што се проби во светот на славните. Фокс повторно имаше улога во продолжението на филмот Трансформери: Одмазда на паднатиот (Revenge of the Fallen), во 2009 г. Подоцна во 2009 г. играше главна улога во филмот Телото на Џенифер (Jennifer's Body), под името Џенифер, што беше епоним за филмот. Фокс исто така се смета за една од модерните женски секс симболи, и се има појавено во списанија како што се „Максим“, „Ролинг Стоун“ и „ЕфЕјџЕм“.

Меган Фокс
Родена Меган Дениз Фокс
16 мај 1986
Роквуд, Тенеси, САД
Позната Најсекси жена на светот за 2008 во интернет избор на ФХМ.
Занимање Глумица и модел
Сопружник Брајан Остин Грин
Деца Ноа Шанон Грин

Ран живот уреди

Фокс е родена во Оук Риџ, Тенеси, и е ќерка на Глорија Дарлен и Френклин Томас Фокс. Таа тврдеше дека има ирско, француско и американско потекло. Таа беше одгледана строго пентекости, но потоа се запиша во католичко училиште каде што учеше 12 години. Нејзините родители се разведија кога таа беше мала. Нејзината мајка потоа се премажи, и Фокс и нејзината сестра беа одгледани од мајка им и нивниот очув Тони Тоначио. Таа имаше изјавено дека со сестра и биле одгледани многу строго и дека не и било дозволено да има дечко, ниту пак да покани пријатели дома. Таа живееше со нејзината мајка сè додека не заработи доволно пари за сама да се издржува.

На свои 5 години, таа започнува со обука за драма и танцување во Кингстон, Тенеси. Таа посетуваше часови по танцување во општинскиот центар таму, и беше вклучена во хорот на Кингстон основното училиште и во пливачката група Кингстон Клиперс („Kingston Clippers“). Таа продолжи со својата обука и по преселувањето во Санкт Петербург, Флорида, на свои 10 години. На 13 години, по освојување на неколку награди на Конвенцијата на американски модели и таленти во 1999 во Хилтон Хеад, Јужна Каролина, започнува да работи како модел. На 17 годишна возраст, таа го завршила школувањето со тестови преку допишување, со цел да се пресели во Лос Анџелес.

Фокс зборуваше опширно за времето кога се школувала; дека во средно училиште ја задевале и била малтретирана, и дека ручекот го јадела во тоалетот, за да не фрлаат по неа со кечап. Таа рече дека нејзиниот изглед не бил проблемот, туку тоа што секогаш подобро се сложувала со машките, и дека тоа ги иритирало некои луѓе. Фокс исто така кажа дека никогаш не била популарна во училиштето „Сите ме мразеа, и ме одбегнуваа, имав само машки другари, бев многу агресивна, и девојчињата не ме сакаа поради тоа. Имав само една другарка целиот мој живот“. Во истото интервју, споменува дека го мразела училиштето и вели „Не верував во формалното образование“ и „Образованието што го добивав беше неважно. Не ме интересираше училиштето и на некој начин се откажав од него“.

Кариера уреди

На 16 години, во 2001 г., Фокс дебитираше во филмот Одмор на сонцето (Holiday in the Sun), како Бријана Валас — разгалена наследничка и соперничка на Алекс Стјуард (Ешли Олсен), којшто беше објавен дирекно на DVD на 20 ноември 2001 г. Во наредните години гостуваше во филмовите Што ми се допаѓа кај тебе („What I Like About You“), и Два и пол мажи (Two and a Half Men), исто така беше статист во Лоши момци 2 (Bad Boys II) во 2003 г. Во 2004 г. дебитираше во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen) во кој игра заедно со Линзи Лохан, и ја има споредната улога на Карла Сантини, соперник на Лола (Линзи). Фокс исто така имаше редовна улога во комичната серија на „ЕјБиСи“, Хоуп и Фејт (Hope & Faith), каде што ја играше улогата на Синди Шановски, заменувајќи ја Никол Паџи. Фокс се појави од 2-3 сезона, до откажувањето на шоуто во 2006 г.

Во 2007 г., Фокс ја доби главната женска улога на Микаела Банс во акциониот филм Трансформери (2007 г.), заснован на истоимената играчка и сага на цртан филм. Фокс ја глумеше саканата на Сем Витвицки, ликот што го глумеше Шија Лабаф. Фокс беше номинирана на „ЕмТиВи филмска награда“, во категоријата „Откритие на годината“, и исто така беше номинирана за три „Награди за тинејџерски избор “. Таа исто така глумеше во двете продолженија на Трансформери.

Повторно ја играше улогата на Микаела Банс во продолжението на Трансформер, Трансформери: Одмазда на паднатиот. За време на снимањето на продолжението на Трансформери, појавувањето на Фокс во филмот го следеа некои контраверзии, кога режисерот Мајкл Беј, и нареди на глумицата да се здебели 4.5 килограми. Филмот беше издаден ширум светот на 24 јуни 2009 г. Фокс требаше да глуми и во третиот дел на филмот, Трансформери: Темната страна на месечината (Transformers: Dark of the Moon), но тоа не се случи, поради нејзината изјава во која го споредувала работењето под палката на режисерот Беј, со работење за Хитлер. Нејзиниот партнер во филмот Шаја Лабаф изјави: „Да критикуваш е едно. Но јавното навредување преминува во детска расправија. А тоа не смееш да го правиш“. Беј ја измени неговата изјава со која ја поддржува Фокс, и во јуни даде изјава за „ЏиКју“ дека Фокс е отпуштена по наредба на извршниот продуцент Стивен Спилберг.

По завршувањето на франшизата на Трансформери, Фокс ја доби својата прва главна улога во филмот Телото на Џенифер, за истоимениот лик, напишан од оскаровскиот сценарист Диабло Коди.

Во април 2009 г., Фокс започна со снимањето на филмот Џона Хекс, во којшто го глумеше ликот на Лејла, како вооружена убавица и саканата на Џона Хекс ( Џош Бролин). Филмот беше издаден на 18 јуни 2010 г. Иако нејзиното име беше на врвот на рекламниот плакат за филмот, таа својата улога ја опиша како камео улога (кратко појавување на славна личност во филм). Поради лошата изведба, беше откажана меѓународната дистрибуција, и поради тоа Џона Хекс се сметаше за критички и комерцијален неуспех во САД. Филмот беше наречен „најлош филм на годината“ од страна на „Houston Film Critics Society“. Потоа Фокс глумеше заедно со Мики Рурк во Игра на страста (Passion Play). Поради лошиот прием на филмот на Филмскиот фестивал во Торонто, конвенционалната дистрибуција во театар беше заменета со дирекно објавување на видео, и филмот беше кратко прикажуван на само два екрани, колку да се исполнат договорните обврски. Мики Рурк забележа дека Игра на страста е „…ужасен. Уште еден ужасен филм“. Во 3Д документарниот филм Легенда за делфините (Na Nai'a Legend of the Dolphins), Фокс го позајми гласот на Хавајските „Spinner Dolphins“. Филсмата екипа се состои од: Кејт Винслет, Елен Пејџ, Џерард Батлер, Џејмс Франко, Џулијан Ленон, Диего Луна, Чич Марин, Вупи Голдберг, Изабела Роселини и Дарил Хана.

Во март 2009 г., „Варајати“ соопшти дека Фокс се јавува како копродуцент заедно со Брајан Остин Грин, и ја има главната улога како Аспен Метјуз, во филмот, којшто е адаптација на комичната книга „Фатом“ (Fathom). Фокс се појавува заедно со Доминик Монаган во спотот за песната „Love the Way You Lie“ на Еминем и Ријана. Во 2012 г. таа за кратко се појавува во комедијата на Саша Барон Коен, Диктаторот (The Dictator), и со споредна улога во комедијата на Џуд Апатоу, Ова се 40-тите (This Is 40). Таа го позајми гласот на Лоис Лејн во епизодата „Robot Chicken DC Comics Special“, една епизода на комичната телевизиска серија „Robot Chicken“, и се емитуваше еднократно на 9 септември 2012 г. кога се емитуваше „Adult Swim“ на „Картун Нетворк“. Во јануари 2013 г. Фокс се појави во реклама за пивото Брахма, на бразилска телевизија. Во февруари 2013 г. Фокс ги занемари разликите меѓу неа и нејзиниот поранешен директор Мајкл Беј, и беше потврдено дека таа ќе работи повторно со него во Нинџа Желки (Teenage Mutant Ninja Turtles).

Имиџ уреди

Во едно интерјву за „Тајмс“, на темата да се биде пример за другите луѓе, Фокс изјави: „Зависи од тоа што подразбирате под пример за другите“, и продолжи „Ако вашата идеја за пример за другите е некојшто ќе им проповеда на вашите деца дека сексот пред брак е погрешен, и дека пцуењето е лошо, и дека жените треба да прават само некои одредени работи, тогаш јас не сум пример за другите. Но ако сакате вашите девојчиња да бидат силни и интелигентни, да бидат искрени и да се борат за тоа што сметаат дека е правилно, тогаш да, сакам да бидам таков пример“. Во истото интервју, Фокс зборува за тоа да се биде карактеризиран. „Како да ве карактеризираат? Како привлечна? Зар тоа е лошо?“ таа изјави дека не е лошо да ве карактеризираат на таков начин. Таа тоа го смета за ласкање, и смета дека предноста е тоа што може да ги изненади луѓето со нејзината добра изведба на некоја улога, бидејќи тие ќе очекуваат од неа само да биде привлечна. Таа покажа интерес да глуми и помалку сексуализирани ликови од ликот на Микаела Банс од серијата Трансформери. На прашањето како е да се биде популарна тема на медиумите, таа рече дека иако не е на исто ниво со Џенифер Анистон, Бритни Спирс, или Линзи Лохан, сепак и е тешко, и дека имало моменти кога луѓето избегнуваат да бидат во нејзина близина бидејќи не сакаат да бидат центар на медиумското внимание. Таа рече: „Морам да внимавам како се однесувам, за луѓето да ме сфатат сериозно“, и „Можеш да бидеш и секси и интелигентен и пак да те сфатат сериозно, а можеш и да бидеш секси и да излегуваш секоја вечер во клубови и да не те сфатат сериозно“, но дека таа „не е тотално полудена“. Фокс исто така коментира за тоа како преминала од „релативно непозната“ до популарна: „Дефинитивно се чувствувам неподготвена; знам дека никој не вели „Мислам дека сега е моментот да станам славна личност“, - но дефинитивно мислам дека е премногу рано. Односно, бев само во еден филм што луѓето го гледале“.

Фокс се појави на насловните страни на многу магазини. Во 2007 г., се појави во „Максим“; во 2008 г., на листата беа додадени „Космо Грл“, „Пав Принт“, „ Џек“ (Италија), „ЕфЕјџЕм“ (Велика Британија), и „ЏиКју“. Во 2009 г. кон листата се приклучуваат и „ЈуЕсЕј Викенд“, „Ескуајр“, „Емпајр“, „Максим“, „ЏиКју“ (Велика Британија), „Ентертејмент Викли“ и „Ел“. Според интервјуата на магазините, Фокс беше рангирана на 17-то место за Холивудски лица кои ќе бидат „Идни ѕвезди“, на 16-то место во списанието „Максим“ на листата „100-те најжешки жени“ во 2008 г., на 68-мо место во додатокот на списанието „ЕфЕјџЕм“ за "100-те најсекси жени на светот за 2006 г.", на 18-то место на списанието „Максим“ за „100-те најжешки жени за 2007“, на 1-во место во „Мувифон“ за „25-те најжешки глумци под 25 години“ во 2008, и на 2-ро место во списанието „Максим“ на списокот на 100-те најжешки жени за 2009 г., во 2009 г. Читателите на „ЕфЕјџЕм“ во 2008 г. ја изгласаа за „Најсекси жена во светот“. Во 2011 г., беше рангирана на 14-то место за "100-те најжешки жени на сите времиња" од „Менсхелт“. „Пипл“ ја именуваше како една од „Најубавите на секоја возраст“ во 2012 г. Истата година, Фокс откри дека листите за „најубава жена на светот“ е само дел од работата во Холивуд, и изјави: „Знаете, таквите листи, а ги има многу, обично, ги одбираат девојките кои глумеле во најголемите мегахитови во таа година“. Кон крајот на јули 2009 г.,неколку машки мрежни места ја бојкотирале поради нејзиното претерано експонирање во дел од медиумите. Блогот за мажи „Asylum“ на AOL, денот 4 август 2009г, го нарече „Ден без Меган Фокс“ и вети дека на овој ден нема да ја спомнува или да и придава значење ; тие побараа и од другите мрежни места за мажи да го копираат овој нивни став, и неколку (како AskMen.com, Just a Guy Thing, и Banned in Hollywood) се согласија. Ерик Рогел од TheBachelorGuy.com изјави за „Њујорк Дејли Њус“„Видете, ние ја сакаме Меган. Таа привлекува повеќе посетувања на нашите веб- страни отколку која било друга позната личност, и тоа само со една слика каде што се шета по улица во бела маичка. Но време е да посветиме малку внимание и на некоја друга млада глумица“. Други мрежни места, сепак, одбија да ја бојкотираат Фокс, со изјавата на мрежната страница Popeater (сестринското мрежно место на Asylum) : „ Ние објавуваме работи за Меган Фокс што дури и не се новости, само затоа што знаеме дека сакате, без разлика дали ќе признаете или не“ , и со нарекувањето на бојкотот како „ публицитетен трик“ и „лицемерен“ од страна на списанието „Коед“, велејќи дека тие се место за „Бојкотирање на бојкотот на Меган Фокс“. Британскиот весник „Сан“ го прогласи 4 август за „Ден на Меган Фокс“, велејќи дека таа заслужува да има ден посветен на неа. Како одговор на бојкотот, Фокс во интервјуто во септември 2009 г. изјави за списанието „Нилон“ дека „медиумската интензивна кампања“ за Трансформери резултираше со нејзиното претерано експонирање во медиумите. Таа рече: „ Јас бев дел од филм, за којшто студиото сакаше да се осигура дека ќе заработи 700 милиони американски долари, така што ги презаситуваа медиумите со своите ѕвезди. Не сакам луѓето да се заситат од мене, уште пред да направам нешто со што ќе го оправдам тоа“. Во 2010 г., Фокс беше многу малку истакната во медиумите, поради тоа што глумеше во филмови кои беа помалку комерционално успешни како, Џона Хекс и Игра на страста. Неодамнешни извештаи сугерираа дека „ изгледа како со години да не сме слушнале ништо за Меган Фокс“; сепак, нејзината бременот во 2012 г. и улогата во Пријатели кои имаат деца (Friends with Kids) го свртеа вниманието кон неа во 2012 г.

На 11 септември 2009 г. се појави непотпишано писмо од тројца членови на филмската екипа на Трансформери, во кое тие го бранат Мајкл Беј од обвиненијата на Фокс за неговото однесување при снимањето, и споредбата со Адолф Хитлер. Во писмото се наведува дека Фокс не е пријатна за време за снимањето и ја обвинуваат за неграциозно однесување што се разликува од нејзината јавна личност. Беј ја бранеше Фокс и рече дека не го „одобрува“ писмото. Асистентот на продукцијата, Антони Стеинхарт, исто така ја бранеше, изјавувајќи дека никогаш не сведочел настан каде што г-ца Фокс била груба или невнимателна со чувствата на луѓето или со работата.

Фокс многу често ја споредуваат со Анџелина Џоли, и медиумите ја нарекуваат „идната Анџелина Џоли“. Овие две глумици ги споредуваат бидејќи и двете имаат „колекција на тетоважи“ по нивното тело, и статус на „секс-симбол“. Фокс коментираше дека споредувањето е знак на недостаток на креативност во дел од медиумите, и дека споредбата со Анџелина Џоли се должи само на темната коса, тетоважите и улогите во акциони филмови. Постоеја неколку непотврдени озборувања дека Фокс ќе ја замени Џоли во наредното издание на филмот Лара Крофт. Фокс во врска со споредбата изјави: „Јас сум црнокоса со тетоважи, пцујам и имам зборувано за секс. Се шегувам со тоа, а луѓето го сметаат за безобразно, па постојано го споредуваат тоа со неа“. Таа додаде: „Сигурна сум дека таа не знае која сум. Но ако бев на нејзино место, би рекла : По ѓаволите, кое е тоа глупаво детиште од Трансформерс што ќе биде идната јас? Не сакам да ја запознаам. Би се засрамила“.

Фокс има 8 познати тетоважи, вклучувајќи ги името на нејзиниот сопруг „Брајан“ на долниот дел од колкот, слика од лицето на Мерлин Монро на нејзината десна подлактица, која што ја отстранува, и полумесечина која што се преклопува со петокрака ѕвезда, над нејзиниот десен глужд. Ова е единствената позната тетоважа во боја на Фокс.

Личен живот уреди

Врски и семејство уреди

Фокс е со глумецот Брајан Остин Грин уште од 2004 г., најпрво се запознаа на снимањето на Хоуп и Фејт кога таа имаше 18 а тој 30 години. Во 2006 г. се свршија, но потоа во февруари 2009 г. ја прекинаа свршувачката. Фокс беше цел на група на криминалци мотивирани од мода, познати како „The Bling Ring“, кои ја ограбија куќата на Грин бидејќи таа живееше со него. Фокс и Грин повторно ја објавија нивната свршувачка во јуни 2010 г., и на 24 јуни 2010 г. имаа приватна свадбена церемонија во „Four Seasons Resort“ на Големиот остров на Хаваите. Фокс и Грин имаат син по име Ноа Шанон Грин, кој се роди на 27 септември 2012 г. Фокс исто така е и маќеа на синот на Грин, Касиус (роден на 30 март 2002 г.), од претходната врска на Грин со глумицата Ванеса Марсел Џовиназо.

Интереси и други информации уреди

Фокс е обожавател на стрипови, анимирани филмови и видео игри, нејзин омилен глумец е Мајкл Тарнер, чијашто комична книга „Фатом“, Фокс ја опишува како нејзина долгогодишна опсесија. Таа има две кучиња, од кои едното е померанско куче, крстено по басистот на Секс Пистолс, Сид Вишес. Во 2007 г. таа изјави: „Имам косумирано дроги, и од искуство знам дека не ги сакам“; сепак, таа ја поддржува легализацијата на марихуана, отворено признава дека ја пуши, и вели дека не ја смета за дрога, и дека би застанала прва во редот за да купи пакетче џоинт.

Фокс има изразено недоверба и одбивност кон сите „момчиња/ мажи“ општо, изјавувајќи дека : „Момчињата на 20 г. се губење на време. Тие немаат што да понудат како тема на разговор; не се зрели“. Исто така се чувствува и за жените од филмската индустрија: „Особено не им верувам на девојките во оваа индустрија, бидејќи неверојатно многу сакаат да се натпреваруваат една со друга, а јас не сум заинтересирана за тоа“.

Во септември 2008 г. Фокс во едно интервју за списанието „ЏиКју“, алудираше дека е бисексуалец. Таа рече дека кога имала 18 години, се заљубила и се обидела да воспостави врска со стриптизета. Таа го користеше ова искуство за да го докаже нејзиното верување дека : „Секој човек е роден со способноста да биде привлечен од двата пола“ и додатно покажа интерес кон Оливија Вајлд. Во мај 2009 г., таа ја потврди нејзината бисексуалност, изјавувајќи: „Не се сомневам во мојата бисексуалност. Но исто така сум лицемерна: Никогаш не би излегувала со девојка која е бисексуалец, бидејќи тоа значи дека таа исто така спие и со мажи, а мажите се нечисти, така што никогаш не сакам да спијам со девојка што има претходно спиено со маж“. Во јунското издание на „Ел“ во 2009 г., таа откри дека донекаде ја уништила случката со нејзината врска со стриптезетата, велејќи дека на некои машки писатели им дала „возбудлива верзија“ од нејзиното минато. „Тие се машки; лесно е да си играш со нив. Им кажувам приказни и тие ми јадат од раката. Се што им кажувам не е точно. Всушност, поголемиот дел се глупости“. Фокс рече: „Никогаш не реков дека таа ми беше девојка! Само реков дека ја сакав, и навистина ја сакав. Вистинската приказна е поотрезнувачка. Не е секси, забавна, приказна за фантазирање.Но тоа не е приказна што се кажува за „ЏиКју““.

Фокс има откриено дека не се социјализира многу, „Нема да верувате, но јас никогаш не излегувам навечер по дискотеки. Не сакам пијани, испотени луѓе чијашто единствена цел им е да имаат секс. Останувам дома и играм табла на мојот компјутер. Понекогаш одам во Color Me Mine каде што се занимавам со грнчарство“. Потоа додаде: „Можам со денови, па дури и недели да не зборувам со друго човечко суштество“. Таа рече: „Всушност никогаш не сум се социјализирала, секогаш бев анти-социјална и претпочитав да останувам дома. Никогаш, па дури и во моите касни тинејџерски години и моите рани дваесетти години, не излегував во клубови, не одев на забави и слични работи“. Таа исто така откри дека била само со двајца мажи целиот нејзин живот – „Мојата љубов од детството и Брајан. Никогаш не би можела да имам секс со некојшто не го сакам. Ми се лоши од самата идеја. Никогаш не ни бев блиску до врска за една вечер“.

На 20 години таа добива страв од летање и откри дека за да го надмине стравот, слуша песни од Бритни Спирс додека лета. Таа исто така има брахидактилија („ кратки прсти на рацете и нозете“), и отворено зборуваше за нејзиното опсесивно-компулсивно нарушување (OCD), несигурност и самодеструктивност, признавајќи дека има многу мала самодоверба:

Не сакам да елаборирам. Никогаш не сум била некоја што се сече себеси поради депресија. Девојките минуваат низ различни фази додека растат, кога се мизерни и прават различни работи, било тоа да е нарушување во исхраната или само-повредување/сечење. Јас сум многу несигурна во врска со се. Свесна сум како изгледам, но има работи на мене што ги сакам и работи што не ми се допаѓаат. Косата ми е добра. Бојата на очите очигледно ми е добра. Многу сум ниска. Но во целост, не сум премногу возбудена околу целата таа работа. Мислам дека не сум достојна за ништо... Имам некое ненормално чувство дека цело време ме исмејуваат. Самата себеси се мразам. Тоа што се мразам себеси не ме спречува да бидам среќна. Но сепак, се борам за да бидам среќна. Многу сум чувствителна. Но исто така можам да бидам и агресивна, пакосна, надмоќна и себична. Емоционално сум непредвидлива и расеана. Јас сум контролор“.

Фокс за списанието „Ескуајр“ во јануари 2013 г. изјави дека нејзината Христијанска вера е многу важна за неа, и дека се осврнува кон неа за да не тргне по патот на Мерлин Монро, Линзи Лохан и Бритни Спирс. Таа исто така кажа дека сè уште наоѓа мир во изговарање на неразбирливи зборови (глосолалија). „Морам да бидам сигурна дека јас го контролирам моето тело“, вели таа. „Сигурно си мислите, зошто тогаш сакам да одам во црква и да практикувам глосолалија? Мора да сфатите, таму се чувствувам сигурно. Воспитувана сум да верувам во тоа дека сме сигурни во рацете на Господ. Но не се чувствувам сигурна со себе“.

Наводи уреди