Пирс Броснан е ирски глумец и продуцент, најмногу познат по улогата на Џејмс Бонд во четири филмови од 1995 до 2002: Златно око (Golden Eye), Утрешнината никогаш не умира (Tommorow Never Dies), Светот не е доволен (The World Is Not Enough), и Умри Некој Друг Ден (Die Another day Архивирано на 24 април 2013 г.).

Пирс Броснан

Животопис

уреди

Детство

уреди

Броснан е роден како син единец на дрводелец Томас, и Меј Смит во Наван во грофовијата Мит, во провинцијата Ленстер во Ирска. Мајката на Броснан се пресели во Лондон, Англија, поради работа, откако неговиот татко го напушти семејството; во 1964 година, на возраст од единаесет години Броснан и се придружи на неговата мајка. Броснан ја напушти Ирска на 12 август 1964, истиот ден кога почина Јан Флеминг. Мајка му подоцна се разведе од неговиот татко и се омажи за британски ветеран од Втората светска војна, Вилијам Кармикел, кој брзо беше прифатен како фигура на татко од својот млад посинок. Кармикел е тој кој првпат го одведе Броснан да гледа Џејмс Бонд филм (Златен Прст). Броснан се образуваше во Elliot училиштето, модерно средно државно училиште во Putney, западен Лондон. Кога одеше во средно училиште Броснан го доби прекарот „Ирец”. По завршувањето на училиштето, Броснан посакуваше да стане уметник и почна да тренира во комерцијални илустрации на колеџот Central Saint Martins Colledge of Art and Design. Кога Броснан имаше 16 години, еден циркуски агент го забележа како забавува како „голтач на пламен ” и го ангажира. Подоцна Броснан три години тренираше како глумец во Drama Centre, Лондон.

Семејство

уреди
 
Пирс Броснан на филмскиот фестивал во Торонто во 2005

Во 1980 година, Броснан се оженил со австралиската глумица Касандра Харис и ги посвоил нејзинита две деца, Шарлот и Кристофер откако нивниот татко починал во 1986 година. Броснан и Харис имаат син Шон (роден во 1983 година). Харис починала од канцер во 1991 година, во единаесеттата година од бракот. Во 2001 година, Броснан се оженил за американската новинарка Кили Шејн Смит, со која има два сина Дилан Томас (роден 1997 година) и Парис Бекет (роден 2001 година).

На 23 септември 2004година, Броснан станал граѓанин на САД, но го задржал и ирското државјанство. По тој повод, Броснан изјавил: „Ирското во мене е во сè што правам. Тоа е духот на она што сум јас всушност, како човек, како глумец, како татко. Тоа е она од каде што јас доаѓам.” Запрашан од еден обожавател, дали му смета тоа што луѓето ја мешаат неговата национална припадност, Броснан одговорил: „Ме зачудува на некој начин тоа што ме мешаат дека сум Англичанец, кога јас сум роден и одгледан Ирец. . . Инаку не летам под ничие знаме, но не ме загрижува тоа што ми ја мешаат националноста. ” Тој живее главно во Малибу, Калифорнија а има куќи и на Хаваите и во северен Даблин.[1]

Хуманитарна работа

уреди

Броснан го поддржувал Џон Кери во претседателските избори во 2004 и е гласен поддржувач на контролата за оружјае и на истополовите бракови. Броснан уште во својата 9 година стана свесен за јадреното разоружување кога светот го осудуваше американското тестирање на нуклеарка во 1962 во Невада и тоа беше главна расправа во меѓународните списанија. Од 1997 до 2000, Броснан и неговата сопруга Смит работеа со Советот за заштита на природните богатства ([http://www.nrdc.org NRDC) и Интернационалната фондација за помош на животните (IFAW) да спечат една фабрика за сол да биде изградена во Laguna San Ignacio. Брачниот пар исто така успешно го победил Cabrillo Port Liquefied Natural Gas (LNG) капацитет кој беше оредложено да се гради на бреговите на Малибу.

Броснан исто така собира пари кои подоцна се наменети за хуманитарни цели и преку своите уметнички слики. Тој претходно се обучувал за уметник, но се премести во театар; за време на фаталната болест на неговата прва сопруга тој се повлече од глумата за да биде со неа и повторно почна да се занимава со сликање од терапевтски причини, создавајќи пејзажи во јаки бои како и семејни портрети. Профитот од продажбата на неговите слики е доверен на „добротворни организации за заштиата на околината, здравјето на децата и жените. ” По смртта на Харис тој беше поборник за свесноста за опасностите од канцерот, во 2006, тој беше претставник на „Lee National Denim Day“ фондацијата за рак на дојката. Во мај 2007 Броснан и Смит донираа 100 000 долари за да се премести игралиште на Хаваи од Kauai, каде тие имаат свој дом. Тој беше почестен во Берлин со наградата „Златна камера“ и за уметничките дострели и за залагањата за заштита на околината.

Кариера

уреди

Почетна кариера

уреди

По дипломирањето на Drama Centar во 1975, Броснан доби работа како помошен сценски менаџер во York Theatre Royal, кога го имаше и своето прво појавување на сцена во „Чекај додека да падне мрак”. По шест месеци тој беше одбран од драмскиот автор Тенеси Вилијамс да ја игра улогата на МекКејб во британската премиера на “The Red Devil Battery Sign”. Неговата изведба предизвика возбуда во Лондон и Броснан сѐ уште ја чува телеграмата од Вилијамс во која е изјавено само: „Фала му на Бога за тебе, драго мое момче”. Тој ја продолжи својата кариера со кратки појавувања во филмови како „Долгиот добар петок” (1980) и „Кршење на огледалото” (1980) како и раните телевизиски изведби во „Професионалци” (The Professionals), „Потезот на Марфи” (Murphy’s stroke) и „Играј за денес” (Play for Today). Тој стана телевизиска ѕвезда во САД со главната улога во популарниот минисеријал “Manions of America “ глумејќи со Кејт Малгриј, Дејвид Соул и Линда Парл. По ова следеше улогата од 1982 во маестралниот театарски документарец Robert Gould Shaw во кој е хронализиран животот на Вирџинија Лејди ненси Астор – првата жена која влезе во британскиот парламент. Улогата на лишениот од љубов, Шоул му ја донесе на Броснан номинацијата за најдобра споредна улога на наградите Златен Глобус.

Во 1982, Броснан јурна во популарност во САД со улогата на исклучително привлечниот насловен лик во NBC романтичниот серијал Remington Steele, глумејќи со Стефани Зимбалист која ја имаше улогата на формирачот на агенцијата Лара Холт.[1] Washington Post забележа дека годината дека “Пирс Броснан би можел да биде младиот Џејмс Бонд”. Во 1986, му беше понудена улогата на Џејмс Бонд, пред серијалот Remington Steele да биде завршен, но не можеше да го раскине договорот со продуцентот. Тој продолжи со појавување во неколку значајни филмски остварувања како „Четвртиот протокол” (1987), „Измамници” (1988) и „Косачот” (1992). Во 1993 тој беше ангажиран во пробен филм за NBC кој се вика „Трчејќи диво”, играјќи ја улогата на репортер на Auto World магазинот чиишто стории ги отсликуваат неговите сопствени диви авантури. Џенифер Лав Хјуит ја играше улогата на негова ќерка, сепак серијата не беше одбрана и никогаш не се емитуваше. Следната година тој имаше споредна улога во комедијата “Mrs Doubtfire”. Тој се појави и во неколку телевизиски филмови како Ноќна стража (1995), хонгконшки шпионски трилер, глумејќи покрај глумецкарта Александра Пол.

Џејмс Бонд

уреди

Првиот контакт на Броснан со Џејмс Бонд филмовите беше кога тој ја посети својата сопруга Касандра Харис на снимањето на „Само за твоите очи”. Според извештај од 1986 година, Albert “Cubby” Broccoli, продуцент на сите Бонд филмови до тогаш, рекол „Ако тој (Броснан) знае да глуми. . . Тој е мој човек”, за да го замени тогашниот Бонд-Роџер Мур. Во тоа време се известуваше, и од Enterteinment Tonight и од National Enquirer, дека Броснан е способен да наследи и други улоги од оние на Мур, како „Светец”, „Simon Templar”.

Тој ги потврди шпекулациите во артиклот на Orange Coast магазинот но рече „Тоа сѐ уште чека на нечие биро во Холивуд”. Филмот конечно беше снимен во 1997 со Вал Килмер во насловната улога. Во 1986, по пензионирањето на Роџер Мур од улогата на Бонд, Тимоти Далтон беше понуден, откако тој ја одби улогата во 1967, 1968, 1980; неговиот ангажман во филмската адаптација на Brenda Starr го оневозможи Далтон да ја прифати улогата. Броснан чијашто теливизиска серија Remington Steele штотуку беше завршила, доби понуда за улогата но публицитетот ја обнови Remington Steele и Броснан мораше да ја одбие улогата на Џејмс Бонд заради договорот со шоуто. До тогаш, Далтон стана пристапен и ја прифати улогата во “The Living Daylights” (1987), што доживеа успех на топ листите, неговото второ појавување како 007, „Дозвола за убиство”, беше разочарувачко на Американскиот box-office, и нерасчистените работи околу сопственоста на филмското овластување резултираа со откажување на предложениот трет филм на Далтон во 1991 (предвидуван наслов: Имотот на дамата). „Златно око” беше оригинално напишан за Далтон во улогата на Бонд, но тој не ја прифати улогата што му ја остави вратата отворена на Броснан во 1994. На 7 јуни 1994, Броснан и официјално беше најавен како петтиот глумец кој ќе ја има улогата на Џејмс Бонд. Назначувањето на Броснан како Бонд го потполни кругот на глумецот кој изјави во повеќе интервјуа дека „Златен прст” (Goldenfinger) и дека изведбата на Шон Конери во улогата на Бонд го инспирирала да влезе во шоубизнисот.

Броснан потпиша договор за три филма со можност и за четврти и првпат се појави како агентот 007 во „Златно око” од 1995 што доби пофалби од филмската критика. Џејмс Берадинели го опиша Броснан како „дефинитивен напредок во споредба со неговиот претходник со чувство за духовитост кое го придружува неговиот природен шарм“, но додаде дека „една четвртина од „Златно око” е моментот на поставување убиство”. „Златно око” заработи повеже од 26 милиони долари за време на неговата отворена недела во САД и заработи околу 350 милиони долари за време на неговото издавање ширум светот. Беше на четвртото место на најголемите филмски остварувања во 1995. Броснан повторно се појави во 1997 со „Утре никогаш не умира” (Tommorow Never Dies) и во 1999 со „Светот не е доволен” (The World is not Enough), коишто исто така доживејаа голем успех. Во 2002 Броснан се појави по четврти пат како Бонд во „Умри друг ден ”.

- „Би сакал да снимам уште еден Бонд филм, секако. Конери направи шест. Шест би бил добар број, а потоа никогаш да не се вратам назад ”. –Изјави Броснан за време на промоцијата на „Умри друг ден ”. По некое време, откако беше издаден „Умри друг ден” медиумите почнаа да се прашуваат дали Броснан ќе ја преземе улогата на Бонд за петти и последен пат, во подоцна именуваниот филм „Казино Ројал ”.

Во текот на 2004, се шпекулираше дека преговорите помеѓу Броснан и продуцентот пропаднаа и се остава простор за нов и помлад глумец. Иако често се шпекулираше дека Броснан сѐ уште се труди околу тоа да ја преземе улогата на 007, тој го одрече тоа повеќепати, и во февруари 2005, тој објави на своето морежно место дека тој завршил со таа улога. И покрај тоа, продолжија гласините дека тој е во преговори со режисерот баш пред Даниел Крег да биде избран и најавен на 14 октомври 2005. Во едно интервју со The Globe Броснан беше прашан за неговото мислење за Даниел Крег како новиот Џејмс Бонд. Тој одговори: „Едвај го чекам, како што сите ние едвај го чекаме новиот филм. Даниел Крег е одличен глумец и ќе направи одлична работа. ” Тој ја потврди оваа поддршка во уште едно интервју изјавувајќи дека „Крег е на пат да стане значаен Бонд. ” Покрај ангажманите во Џејмс Бонд филмовите, Броснан зеде учество и во Џејмс Бонд видеоигрите.

Кариерата по Џејмс Бонд

уреди

Во 1996 година, Броснан станал сосопственик на продукциската куќа „Ајриш дримтајм“.[2] Свесен за опасноста да биде деклариран како Џејмс Бонд, тој побарал од продукцијата „ЕОН“ да биде во можност да работи на други проекти помеѓу филмовите за Бонд. Барањето било прифатено и Броснан се појавил во неколку други филмови, вклучувајќи неколку кои тој сам ги режирал. Тој имал широк ранг на улоги, од улогата на научник во филмот на Тим Бартон „Марс напаѓа!“ (Mars Attacks!), до вулканологист во „Дантеовиот врв“ (Dante’s Peak) и насловната улога во “Grey Own”.

Во јуни 2003 година, англиската кралица Елизабета II го наградила Броснан со орден за „особен придонес за британската филмска индустрија”. Во 2002 година, Броснан бил награден со почесно признание од Институтот за технологија во Даблин, а две години подоцна и од Универзитетскиот колеџ Корк.

Првата улога на Броснан по улогата на Џејмс Бонд беше онаа на Даниел Раферти (Daniel Rafferty) во „Закони на привлечноста” од 2004 година. Истата година, Броснан играл во „По зајдисонцето”, со Селма Хаек и Вуди Харелсон. Следниот филм на Броснан бил „Матадорот” (The Matador) од 2005 година. Ослободувајќи се од имиџот на софистицираниот таен агент, Броснан го глумел Џулиан Нобел, измачуван и убиен, кој сретнува трговец-патник во мексикански бар. Филмот бил подобро прифатен отколку „По зајдисонцето”, и добил повеќе позитивни оценки.

Првиот филм на Броснан во 2007 беше “Seraphim Falls ”, во кој играше покрај сонародникот-Ирецот Лиам Нисон. Следните проекти на Броснан ги вклучуваат „Пеперуга на тркалото” и „Оженет живот”. Почна снимањето на “The Thomas Crown Affair 2 “ како продолжение на филмот од 1999 “The Thomas Crown Affair “. Продолжението, режирано од Пол Верховен, ќе ја користи новелата на Ерик Амблер „Светлината на денот” и адаптацијата оа 1964 “Topkapi ” како основа. Во декември 2005, беше објавено дека Броснан стана ѕвезда во “The November Man”, адаптација на новелата на Бил Греингер “There are no spies”, но проектот беше одкажан во 2007. Броснан финансиски ќе го подржи Caitlin, филм за Caitlin Mac Namara, сопругата на поетот Dylan Thomas. Исто така во 2008, Броснан ќе и се придружи на Мерил Стрип во филмската адаптација за ABBA мјузикал “Mamma Mia!”. Тој ѓе ја има улогата на Сем Кармикел, еден од тројцата луѓе за кои се претпоставува дека се татко на Amanda Seyfried. Стрип ќе ја игра улогата на нејзината мајка. Џуди Креимер, режисерот на филмот, рече : „Сметаме дека ќе постои хемија помеѓу Мерил и Пирс во романтична комедија ”.

Во 2009, Броснан ќе глуми во “The Big Biazarro”, режиран од Вонди Хартис Хол. Глумецот и режисер Дени ДеВито изјави дека Броснан ќе се придружи на Дакота Фанинг и Морган Фримен во неговата адаптација на новелата од 1990, „Вистинска исповед на Шарлот Доил ”.

Филмографија

уреди
  • Долгиот добар петок (1980)
  • Номади (1986)
  • Тафин (1987)
  • Четвртиот протокол (1987)
  • Измамници (1988)
  • Благородата куќа (1988)
  • Околу светот за 8 дена (1989)
  • Господин Џонсон (1990)
  • Косачот (1992)
  • Гола жица (1992)
  • Госпоѓата Доптифаер (1993)
  • Воз на смртта (1993)
  • Љубовна афера (1994)
  • Ноќен чувар (1995)
  • Златно око (1995)
  • Марс напаѓа! (1996)
  • Огледалото има две лица (1996)
  • Робинсон Крусо (1997)
  • Утре никогаш не умира (1997)
  • Достигнувањето на Данте (1997)
  • Потрага по Камелот (1998)
  • Сивиот був (1999)
  • Светот не е доволен (1999)
  • Томасовата прекриена афера (1999)
  • Кројачот на Панама (2001)
  • Умри друг ден (2002)
  • Евелин (2002)
  • По зајдисонцето (2004)
  • Закони на привлечноста (2004)
  • Матадорот (2005)
  • Серафим паѓа (2007)
  • Живот во брак (2007)
  • Томасовата прекриена афера 2 (2008)
  • Мама Миа! (2008)
  • Кејтлин (2008)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова-Серафимова, „Пачино Ужива со 40 години помлада девојка, Бриџис му се посвети на будизмот“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 10-11.
  2. Наташа Спирова-Серафимова, „Пачино Ужива со 40 години помлада девојка, Бриџис му се посвети на будизмот“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 10-11.