Делчево

град во Македонија
(Пренасочено од Царево Село)

Делчево (до 1950 г. Царево Село[1]) — град во источниот дел на Македонија сместен во областа Пијанец, во близина на границата со Бугарија.

Делчево
Град
Поглед на градот Делчево
Поглед на градот Делчево
Знаме на ДелчевоГрб на Делчево
Делчево is located in Македонија
Делчево
Делчево
Местоположба на Делчево во Македонија
Координати: 41°58′N 22°46′E / 41.967° СГШ; 22.767° ИГД / 41.967; 22.767
ДржаваМакедонија
РегионИсточен Регион
ОпштинаОпштина Делчево
Управа
 • ГрадоначалникГоран Трајковски (СДСМ)
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2021)
 • Вкупно9,644
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 033
Рег. таб.DE
Мреж. местоdelcevo.gov.mk

Историја

уреди

Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево, како грчка варијанта на словенското Царево. За првпат како населба Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350 година. Со неа тој му подарил повеќе места и ниви од Пијанец на манастирот од Лесново.

Османлиски период

уреди

Во турско време Делчево се нарекувало и Султанија, по аналогија на изворното име.

До XVII век населбата лежела на десната страна на реката Брегалница на денешниот топоним Селиште, поточно под ридот Острец близу до патот што води за Бугарија. Од првите векови на турското владеење за положбата на Делчево нема многу податоци. Во средината на XVII век во неговата околина претстојувал султанот Мехмед IV. Во времето на неговата посета на Пијанец врз населението е извршено масовно исламизирање. Поради зулумот и притисокот многу македонски населби опустеле, а меѓу нив и тогашното Царево Село. Се претпоставува дека во времето на тој султан населбата е преместена на денешното место на левата страна на реката Брегалница. Како доказ се наведува и градската џамија „Султан Мехмед Фатих II“ изградена во XV век.

Но, на размислување упатува тоа што турскиот патописец Евлија Челебија тука поминал само неколку години подоцна во 1670 година и во својот Патопис запишал:

“Од Виница се поткачивме на кочанската планинска рудина, движејќи се низ клисурата и по четири часа стасавме во Царево Село. Ова е муслиманско село расположено во полите на една планина и е украсено со околу 100 куќи и една ѓевгирана со минаре чудесна џамија.“

Треба да се спомене и народното предание кое вели дека населбата под ридот Острец се запустила кога владеела болеста чума и преживеаното население се населило на местото каде што денес е Делчево.

 
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, изградена во средината на XIX век

Како најстар дел на градот се смета турската колонија што се создала околу џамијата. Според Јаранов, сè до XIX век Делчево било село, турска колонија, населена со чистокрвни Турци и голем дел исламизирано македонско население, наречено Помаци кое не го знаело турскиот јазик. Само неколку семејства биле православни македонски.

Кон средината на XIX век почнала да се развива чаршијата и да расте населбата, а воедно и да се зголемува македонското население. Откако се исполнил просторот во Средно Маало, започнало ширењето преку Гочо Поток т.е. горно маало или денешен I реон. Во 1863 година во Делчево имало 75, а во 1873 година 109 македонски куќи.

Во 1856 година била завршена изградбата на црквата околу која главно било населено македонско население кое бегало од турските зулуми во околните села. Поголемо иселување на македонското нселение од овој крај имало во 1878 година по Руско-турската војна. По завршувањето на војната, познатиот македонски војвода Илија Марков (Дедо Иљо Малешевски) ја создал малку познатата Пијанечка Република, а по нејзиното уништување, македонското христијанско население плашејќи се за својата безбедност масовно бегало барајќи засолниште на територијата на штотуку создадената Бугарија. Околу 150 македонски домаќинства од селата и градот се иселиле во Ќустендилско. Еден помал дел од тие бегалци подоцна се вратиле. На местото на иселените Македонци се населиле турски бегалци од Бугарија, па дури и од Босна и Херцеговина. Придојденото турско население, наречено „Маџирци” се населило во Маџирско Маало, денешниот III реон на градот.

 
Царево Село (денешно Делчево) на почетокот на XX век
 
Царево Село (Делчево) во 1920-те години

На левата страна покрај реката Брегалница, на тесниот рамен простор каде што биле мегданите и ановите, започнала градбат на трговските и занаетчиските дуќани покрај двете тесни улици. Со тоа конечно се формирала чаршијата и Делчево прераснало во градска населба.

Балканските и светските војни

уреди
 
Споменик на паднатите борци од НОВ во Делчево

За време на Балканските војни голем број на турското население го напуштило градот, така што во 1914 година бројот на жители изнесувал 1.701. По овие војни дошла нова македонска населеничка струја од околните села, а најмногу од пасивните села Бигла, Селник и Драмче кои ги купувале турските имоти.

Во 1931 год. бројот на населението се зголемило на 3.746 жители. По оваа година доброволно продолжило иселувањето на турското население во Турција, особено во 1953 година. Во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна на реката Брегалница.

Вкупно 20 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]По ослободувањето, на 23 април 1950 година Президиумот на Народното собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево, во чест на Гоце Делчев.[1]

Во шеесеттите години гратчето се прошири на десната страна на река Брегалница, а во седумдесеттите и на ридот Милково Брдо. Со порастот на вработените во работни организации во Делчево, растеше и бројот на населението во него. Денес Делчево е модерна градска населба со широки асфалтирани улици и булевари, канализациона мрежа и со паркови и зеленило.

Местоположба

уреди
 
Културен дом „АСНОМ“.

На 164 км источно од Скопје, во подножјето на планината Голак, распослан на двата брега на реката Брегалница лежи градот Делчево. Тоа е најголемо населено место во областа Пијанец, која се протега на површина од 585 км 2 , сместена помеѓу Осоговските планини (на север) и Малешевските ( на југ). Градот лежи на надморска височина од 590м до 640 м. И покрај тоа што се наоѓа во најисточнот дел од државата Делчево има релативно добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Тоа е крстосница за источна Македонија. Преку Пехчево (27 км) и Берово (34 км) е поврзано со Струмица на југ, а преку Македонска Каменица (24 км) и Кочани (51 км) е поврзано со Штип на северозапад. На запад на 39 км, се наоѓа Виница, а на исток е граничниот премин "Арнаутски гроб" (11 км), преку кој се стигнува до главниот град на Пиринска Македонија - Горна Џумаја (34 км)

Клима

уреди
 
Манастирот „Св. Богородица-Балаклија“ во Делчево

Климата во Делчево е континентална источноевропска со изменет плувиометриски режим. Просечната годишна температура во Делчево изнесува 11°С, со апсолутен минимум од -26°С и апсолутен максимум од 39°С, додека на повисоките предели просечната годишна температура паѓа до 3,5°С. Најтопол месец е август, а најстуден е месец јануари. Пролетта е секогаш постудена од есента.

Облачноста не е голема, така што во годината доминираат сончеви и ведри денови. Просечните годишни количини на врнежи во Делчево изнесуваат 548 мм, а на планините над 1.600 м.н.в. и до 1.000 мм. Врнежите, иако се релативно ниски, нивниот распоред во вегетациониот период (април-септември) е поволен и изнесува над 50% од вкупните годишни врнежи.

Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.

Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Царево Село (Делчево) живееле 1.520 жители, од кои 575 Македонци муслимани, 520 Македонци христијани и 425 Турци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 1.700 Македонци, 550 Турци и 200 други жители.[4]

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Царевоселскиот срез имало 20.159 жители, од кои 3.173 во Царево Село (Делчево), а 16.986 во селата (Пијанец, Осоговија). Од етнички аспект, населението го сочинувале 15.669 (77,7%) Македонци, 4.036 (20 %) Турци, но дел од нив и Македонци муслимани, 300 (1,48 %) Роми и 154 останати.[5]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 11.500 жители и спаѓал во групата на средни градови.[6] Етнички гледано, населението е составено од:[7]

Етнички групи[7]
Македонци
  
93,57 %
Роми
  
4,90 %
Турци
  
0,84 %
други
  
0,37 %
Срби
  
0,22 %
Албанци
  
0,06 %
Власи
  
0,03 %

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, градот има 11.500 жители. Следува табела на народносната структура на населението[8]

Народ Вкупно
Македонци 10.761
Албанци 0
Турци 97
Роми 564
Власи 3
Срби 25
Бошњаци 0
други 43
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[7]:

Јазици[7]
македонски
  
94,36 %
ромски
  
3,50 %
турски
  
1,63 %
српски
  
0,23 %
други
  
0,22 %
албански
  
0,06 %
влашки
  
0,01 %
Јазик Говорници Удел (%)
македонски 10.851 94,36
албански 7 0,06
турски 188 1,63
ромски 402 3,50
влашки 1 0,01
српски 26 0,23
бошњачки 2 0,02
други 25 0,22
Вероисповед

Во Делчево се застапени следните религиски групи[7]:

Религија[7]
православие
  
92,12 %
ислам
  
5,74 %
други
  
2,08 %
католицизам
  
0,03 %
протестантство
  
0,03 %
Вероисповед Број Удел (%)
православни 10.594 92,12
муслимани 660 5,74
католици 3 0,03
протестанти 4 0,03
други 239 2,08

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Делчево:[заб 1]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19483.173—    
19533.033−4.4%
19613.147+3.8%
19715.104+62.2%
19818.065+58.0%
ГодинаНас.±%
199110.664+32.2%
199410.554−1.0%
200211.500+9.0%
20219.644−16.1%
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 3.173
1953 1.596 2 1.127 178 0 90 40 3.033
1961 2.645 0 318 56 128 3.147
1971 4.464 11 353 172 51 53 5.104
1981 7.349 7 170 450 0 32 57 8.065
1991 9.832 8 161 551 0 29 83 10.664
1994 9.845 9 121 521 0 29 29 10.554
2002 10.761 7 97 564 3 25 0 43 11.500
2021 8.526 8 99 389 4 7 2 67 542 9.644

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Културни и општествени објекти

уреди
Цркви[9]
 
Гимназијата во Делчево
Училишта

Личности

уреди

Личности родени во Делчево:

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Службен весник на НР Македонија“, 13/50
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 228.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  6. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 март 2016.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  10. Осветена црквата-крстилница „Св. Наум Охридски" во Делчево. Архивирано од изворникот на 2013-08-07. Посетено на 2014-11-23.
Забелешки
  1. Податоците за населените места Косово Дабје, Полето и Чифлик, согласно важечката територијална организација за време на Пописот од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Делчево.

Литература

уреди
  • Драган Арсовски, Димитар Христовски „Делчево“, 1985.

Надворешни врски

уреди
Одредници од Делчево
Македонска Каменица с. Вратиславци
 
с. Ветрен
Виница
  С  
З   И
  Ј  
Ѕвегор
Голак Берово
 
с. Вирче