Стефан Душан

(Пренасочено од Цар Душан)

Стефан Душансрпски цар кој поради незадоволство од владеењето на татко му, во 1331 година го симнал од престолот и станал нов владетел на Српската држава. Успеал да ја освои цела Македонија, делови од Епир, Тесалија и Централна Грција, и со тоа Србија станала најголемата феудална држава на Балканот во тоа време. Во 1346 година поради почитта што ја имал кон Охридска архиепископија се прогласил за цар на „Србите и Ромеите“ во Скопје и го издал познатиот Душанов законик. Царот Душан ја подигнал Српската црква на степен на патријаршија. По смртта на Душан во 1355 година, го наследува син му Урош, а српската држава почнува да слабее.

Стефан Душан
Крал на Србија
На престол8 септември 1331 – 16 април 1346
ПретходникСтефан Дечански
Цар на Србите и Ромеите
На престол16 април 1346 – 20 декември 1355
НаследникСтефан Урош V
Почивалиште
СопружникЕлена Бугарска
Полно име
Стефан Урош IV Немањиќ
ДинастијаДинастија Немањиќ
ТаткоСтефан Дечански
МајкаТеодора Смилец

Прогласувањето на Душан за крал

уреди

Стефан Душан е роден околу 1308 г. и бил првороден син на Стефан Дечански (кој бил син на Стефан Милутин и Ана Тертер - Бугарска) и Теодора Смилец Теодора (која била ќерка на бугарскиот цар Смилец. Детството го поминал во прогонство во Цариград, каде што живеел со неговиот ослепен татко Стефан Дечански. Од страната на неговиот татко, тој е внук на Ана Бугарска - ќерка на бугарскиот крал Георги I Тертер и сопруга на Стефан Милутин.

На тринаесетгодишна возраст станал совладетел на неговиот татко Стефан Дечански. На дваесетидвегодишна возраст бил избран за српски крал. Пред да почне со освојувањата, Стефан Душан морал да ја среди ситуацијата во државата. „А, ако некој сака да чуе за оној што владее со Рашка, за синот на слепиот, ќе знае дека иако е помал по тело и помлад, сепак, со својата навистина нечуена отровна злоба и дрска волја, своите стари ги превишува и надминува“[1]. Тој најпрвин го отстранил од власт неговиот татко Стефан Дечански кој се наоѓал во Петрич, а потоа бил заробен и испратен во Звеќанин каде што брзо потоа бил задавен. Така, Стефан Душан се прогласил за крал на 8 септември 1331 година, во Скопје.

 
Душановото царство

Средување на внатрешната состојба

уреди

Во пролетта 1332 г. избувнал бунт на феудалците во Зета под водство на Богоја и Димитриј Сум кој претходно му помогнал на Душан да ја освои власта. На страна на востаниците застанал барскиот епископ Гиј Адам кој го повикувал францускиот крал да ја нападне Србија и да им помогне на Латините и католичките Албанци. Востанието се проширило и во Албанија и на крајот било задушено. Истата година тој склопил сојуз со Бугарија и се оженил со бугарската принцеза Елена сестра на Јован Александар. За момент се откажал од српското право врз Хум и оваа прашање го оставил за подоцна. Во 1333 година издал повелба во која на Дубровчаните им ги отстапил Стон и Пелешец како и приморјето и островот Посредница на устието на Неретва кој им бил многу важен на Дубровчаните. Тие најпрвин му исплатиле 8000 перпери, а потоа се обврзале да му плаќаат данок на Душан 500 перпери годишен данок. Со помош на Дубровчаните ги средил односите со Босна. Откако ги средил внатешните прилики и односите со Бугарија Душан решил да започне војна против Византија за освојување на нови територии. Неговите освојувања претставуваат продолжение на оние што ги водел кралот Милутин. „Споменот за него како мудар и моќен владетел останал да живее долго после него“[2]. Биле освојени Македонија, Албанија, Епир и Тесалија, кои биле заземени благодарени на граѓанските војни кои се воделе во Византија. Душан ги искористил непријателствата меѓу Унгарците и Венецијанците за превласт на јадранското крајбрежје. Бил во добри односи со Венецијанците и им помагал во борбата против Анжујците.

Првата етапа од освојувањата кон Византија

уреди

Додека Стефан Душан се подготвувал за војна против Византија во Србија избегал византискиот војсководач Сиргијан кој бил син на еден кумански кнез и некоја Гркинка и бил обвинет за завера. Тој му ги понудил своите услуги на српскиот крал. Во пролета 1334 г. Стефан Душан започнал офанзива на југ, кон Македонија. Византијците имале погранични тврдини спрема Србија. Тоа биле: Сер, Мелник, Струмица, Прилеп, Охрид, Кроја, Белград, и Валона. Целта на овие тврдини биле да ги штитат областите кое биле претежно населени со Словени, Власи и Албанци. Српската граница спрема Византија започнувала јужно од Леш и обваќала градовите Пирот, Дебар, и Полог, како и Кичево, Велес, Просек, Штип и завршувала јужно од Велбужд (Ќустендил). Биле освоени Прилеп, Охрид и Струмица, а Сиргијан ги освоил Костур и некои утрвдувања во негова близина. Во опасност од српски освојувања се нашол и градот Солун во чија околина се појавиле српски војски. Византискиот цар Андроник III Палеолог дошол со војска пред градот. Еден дел од жителите на Солун биле спремни да ги отворат портите на градот. Намесникот на Лерин Сфранц Палеолог со знаење на царот преминува на страна на Србите. Тој на брегот на реката Галико успеал да го убие Сиргијан. „Сиргијан којшто умирал, го донеле во српскиот табор, каде што Стефан Душан како пријател го оплакувал и свечено го погребал“[3]. Со тоа Византијците успеале да ги подобрат своите позиции во борбата против Србите. Смрта на Сиргијан ги пореметила српските планови. Стефан Душан се откажал од идејата за заземање на Солун. На 26 август 1334 г. се одржала средба меѓу Стефан Душан и Андроник III каде што бил постигнат мировен договор. Со овој договор Србите од освоените територии ги задржале само Струмица и Прилеп. Како надомест за изгубениот Просек, Србите го добиле новоизградениот град Гинекокастрон којшто се наоѓал во Солунското Поле. „Гинекастрон со јака кула, која била толку утврдена, што градот би го одбранила и женска посада“[4]. На Србите им се заканила опасност од Унгарците. Нивниот крал Карло Роберт (1308-1342) сакал да ја нападне Србија.

Војната со Унгарија

уреди

По склучувањето мир со Византија, Стефан Душан ги насочил своите сили кон одбрана на српската граница со Унгарија. Унгарскиот крал Карло Роберт ја искористил зафатеноста на Србија во војната со Византија и во летото 1335 година навлегол во северните делови на Србија, кои претходно биле под владение на {Стефан Драгутин}. Стефан Душан тргнал со војска кон манастирот Жича потпомогнат од Византискиот цар Андроник III. Благодарение на ова била отстранета унгарската опасност. „Карло се повлекол преку Сава, божем поради помошта на византиските чети кои за тоа српскиот крал богато ги наградил“[5]. Унгарската војска морала да се повлече преку Сава. Во овие судири учествувал и босанскиот бан на унгарска страна но неговите војсководци Руѓер и Милтен преминале на страна на Србите. Србите ја освоиле Мачва која што Унгарците ја освоиле во 1319 година. Војната со Унгарија продолжила и во наредните две години. Дејствијата претежно се одвивале на српско-унгарската граница. Но сепак таа војна била од второстепено значење бидејќи Душан имал намера да ги продолжи освојувањата на југ кон Византија. На 12 април 1336 г. преку Дубровник во Србија дошле пратеници на австрискиот кнез Отон кои ги испратил германскиот витез Палман кој бил водач на наемниците во српската служба.Станувало збор за женидба на српскиот крал со принцезата Елисавета која била ќерка на покојниот германски крал Фридрих убавиот. Принцезата била згрозена од планот за нејзина мажачка со Душан и се разболела и умрела на 23 октомври 1336 г. Ова довело до заладување на односите меѓу Душан и царицата Елена, но таа во меѓувреме му го родила синот Урош 1337 г.

 
Цар Стефан Душан со семејството

Втората етапа од освојувањата кон Византија

уреди

Византискиот цар Андроник III Палеолог успеал да ја обнови византиската власт во копнена Грција, односно Тесалија каде што умрел обласниот господар севастократорот Стефан Гавриопол којшто бил потомок на лозата на Ангелите. Во 1336 г. успеал да ја воспостави својата власт над Тесалија. Дошло до измена на етничкиот состав на населението. Започнало спуштање на Власите во рамничарските предели и селење на Албанците на југ. Андроник сакал сојуз со Србите заради војната ви Епир. Станувало збор за територија под власт на Анжујците каде што живееле Албанци кои се колебале помеѓу Србите Франките и Византијците. Неколкумина Албански балгородници му ветувале на напулскиот крал Роберт дека ќе се одмедтнат од српскиот крал доколку неговата војска дојде во Албанија. Ова било поврзано со настаните во Белград и Валона каде што албанските сточари опустошувале византиски градови и тврдини. Меѓутоа уште истата 1337 година драчкиот капетан Гијем де Сенсеверино бил заробен од страна на кнезот Танусиј Топиј којшто бил господар на областа меѓу реките Мата и Шкумби. Поради ова царот Андроник презел поход прротив Албанците при што им одзел поголем дел од стадата и на жителите на тие градови им ја надокнадил штетата. На седумдневниот состанок во Радовиш биле потврдени добрите односи меѓу Србија и Византија. Пријателските односи меѓу Србија и Византија траеле до смрта на царот Андроник во јуни 1341 г. На византискиот престол застанал малолетниот син на Андроник Јован V Палеолог (1341-1391). Во византиските владеачки кругови дошло до несогласување околу тоа кој треба да биде регент на малолетниот цар. Како резултат на тоа дошло до нова граѓанска војна во Византија. Ова му одело во прилог на кралот Стефан Душан. За регент на малолетниот цар била избрана неговата мајка Ана Савојска, која била поддржувана од Алексиј Апокавт кој бил по потекло од мала Азија. Со тоа не се сложил Јован Кантакузин кој бил истакнат византиски феудалец и најверен соработник на царот Андроник. Против него билоа создадена опозиција на чело со Алексиј Апокавк и цариградскиот патијарх Јован Калекас.

 
Лозата на Неманиќите, Фреска во манастирот Високи Дечани.

Тогаш Стефан Душан со своја војска дошол пред Солун,но тамошниот византиски адмирал Јован Гавалс го убедил да не прави ништо. Бугарскиот цар Јован Александар нападнал на Сливен којшто се наоѓал на јужната граница и побарал да му се предаде неговиот противник Страцимир Шишман, и застанал на страна на царот Јован Палеолог, со чија сестра бил оженет неговиот син Михаил Асен. Под притисок на опозицијата Јован Кантакузин морал да се повлече во Тракија и во октомври 1341 г. се прогласил за цар во тврдината Димотика на реката Марица. Така започнала новата граѓанска војна во Византија (1341-1347). Во војските и на едната и на другата страна имало турски платеници. Јован Кантакузин останал само со 2000 приврзаници и побарал помош од Србија. Во јули 1342 г. тој се состанал со кралот Душан во Приштина каде што бил склучен сојуз за заедничка борба против византиската власт. Било договорено секој да ги задржи териториите што ќе ги освои. „Царот, по неговиот совет, тргнувајќи малку погоре, лесно ја премина реката и се состана со Оливер. Тој му пристапи на царот како на господар и му искажа секаква почит. Го одвел дома и три дена со целата војска пријателски го гоштевал“[6]. Кантакузин се обидел да го заземе Солун, но без успех. Сојузот со Јован Кантакузин му овозможил на Душан да ги продолжи освојувањата. Го опседнал Воден којшто бил важна точка на патот од Солун до Охрид. По склучување на договорот во Приштина тие двајца заедно го нападнале Сер. Ова операција ја предводеле Оливер и Вратко. Населението на Сер не сакало да се предаде. Во српскиот табор се појавила болест од која умреле 1500 војници. Тоа било причина Канатакузин да го напуштат голем број негови луѓе. Му останале верни околу 500 војници. Во меѓувреме Стефан Душан ги зазел Воден, Струмица и Мелник. Кантакузин ја зазел Тесалија. Во овој период во Епир пристигнала царицата Ана. Таа му ги нудела на Душан сите византиски градови западно од Крстопол и Филипополис а за возврат да и ја даде главата на Кантакузин. Но Душан не го прифатил предлогот. Во пролетта 1343 год војските на Душан и Кантакузин се појавиле повторно пред Сер. Апокавк со своја флота од 70 бродови дошол на брегот на Струма сакајќи со посредство на Хреља да преговара со Душан. Но до оваа средба не дошло. Наскоро починал и Хреља. Населението На Сер и понатаму одбивало да се предаде. Пратеникот на Кантакузин кој ги повикувал да се предадат бил убиен. Царицата Ана побарала помош од Венецијанците за борба со Турците. Во меѓувреме Кантакузин го зазел Бер. Стефан Душан го повикал Кантакузин да дојде во неговиот двор за да се договорат за војна со Унгарците, но тој не сакал да дојде на српскиот двор. Душан се договорил со царицата Ана, при што неговиот син Урош бил свршен со сестрата на Јован Палеолог.

Прогласувањето на Душан за цар во Скопје

уреди
 
Крунисувањето на цар Душан

Во меѓувреме српската војска започнала со освојувањата на Албанија. Во 1342-1343 година биле освоени: Кроја, Белград, Авлона, и Канина, а Драч останал под власт на Анжујците. Во Македонија биле освоени Лерин, Костур, и Воден а кон српската држава бил приклучен и Мелник како и териториите што ги држал Хреља. Во октомври 1345 г. се предал и Сер. Потоа биле заземени Драма и Филиполис, а исто така и крајбрежјето на Хрисопољ (Кавала). По ова Стефан Душан се решил да го освои целото Византиско царство. „ Веднаш по заземањето на Сер се потпишал на една грчка повелба за блискиот манастир св. Јован Крстител на Микенската Гора како крал на Србија и Романија“[7]. Истата година, српскиот државен собор го прогласил Стефан за цар. Српската титула гласила цар на Србите и Грците, а во латинските и грчките преводи цар на Србија и Романија. На 16 април 1346 г. во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и бугарскиот патријах Симеон. „Кралицата Елена била крунисана за царица, а синот Урош за крал“[8]. Во уводот кон својот Законик Стефан Душан изјавува дека е: „благоверни цар всем Срблем и Грком и странам Блгарским“.[9] Во една грамота издадена во Мелник во 1350 г. Душан се титулирал: „цар Стефан на Срби, Грци и Бугари“.[10] Во друга грамота дадена 1347 г. на Хилендарскиот манастир, Душан се потпишува: „Стефан во Христа Бога благоверни цар и самодржец на Србите, Грците и Бугарите“.[11] Според законикот на цар Душан што тој го издал во Скопје во 1349 Стефан Душан, кој, за жал, во оригинал не е зачуван, цар Душан се прогласил за македонски цар. Иако овој законик не бил зачуван во оригинал, зачувани се десетина преписи и од таму добиваме информации за оваа историска личност.

Душановиот законик започнува со зборовите „Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан, Цар Душан владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји“. Вака гласат загрепскиот (Хрватска), раваничкиот (Србија), софискиот (Бугарија) препис на Душановиот законик. Душановиот законик со Стефан Душан како македонски цар ќе се најде и во книгата на Љ. Стојановиќ: (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi. Knj. III, Beograd 1905, p. 41 (nbr.4949).) Дури и познатата Едит Дурхам во своето дело "Висока Албанија", прво издание, отпечатено во далечната 1909 година зборува за Македонците, каде што го цитира Душановиот законик "Законик на Цар Душан Македонски, автократ на Србија, Бугарија, Унгарија, Влашка,..” (Edith Durham, "High Albania" First published in 1909, page 294. In London Edward Arnold Publishers to the India Office 1909).

Како што можеме да видиме, Цар Душан се прогласил за македонски цар, но не затоа што бил Македонец, туку за некој да се прогласи за цар, император, во средновековието морало да ја земе круната на некое царство кое веќе претходно постоело. Тоа царство било Самуиловото! Знаејќи уште и дека Косара, ќерката на Самоил се омажила за дукљанскиот кнез Јован Владимир, изборот на Душан за карактерот на неговата титулата цар, бил јасен, затоа тој и станува македонски цар Стефан, Цар Душан владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји, со што царот Душан станува наследник на царската круна на царот Самуил. Според средновековните закони, царската круна можела да се добие само од патријарх. Кога царот Душан завладеал со целата територија на Македонија во неговата држава се нашле две автокефални архиепископии Охридската и Пеќската. Заради тоа било потребно Пеќската архиепископија да биде прогласена за патријаршија. Во ова бил помогнат и од Охридскиот архиепископ и од Трновскиот патријарх. Дошле и двата свети синоди како и трновскиот патријарх, и двајцата го прогласиле Јоаникиј II за патријарх, за потоа тројцата црковни великодостојници да го крунисаат Душан за цар. Учеството на Македонскиот поглавар - Охридскиот архиепископ се сметало како замена на цариградскиот патријарх, кој откажал да учествува на крунисувањето. Сите промени во српската држава и црква станувале со учество и благослов на Македонскиот архиепископ. Понатаму, кралот Волкашин (таткото на Крали Марко) и неговиот брат Углеша во Синодиконот на бугарскиот цар Борил (Boril's Synodicon) од 14 век, се претставени како македонски кралеви, благодарение на македонскиот карактер на царската круна на Цар Душан. Во “Historia Turcica“ стои дека Цар Душан е цар на Македонците и Рашаните т.е. оригинално “Macedonum Rasianorum Caesar“ (Historia Turcica (1502), Municipal Library in Nuremebrg, 31.2). Феликс Петанчиќ (1455-1517) се смета за еден од најдобрите турколози на сите времиња.

Последните освојувања на Стефан Душан

уреди

Византијците биле зафатени со граѓанската војна и не биле во состојба да протестираат поради узурпацијата на византиската царска титула од страна на стефан Душан. „Поминале неколку години, додека патријархот Калист да го анатемиса новиот цар и неканонскиот нов патријарх“[12]. Еден месец по крунисувањето за цар се крунисал и Јован Кантакузин во Адријанопол. Тој влегол во Цариград на 3 февруари 1347 Јован Кантакузин стигнал во Цариград. Постигнал договор со царот Јован Палеолог со кој Јован Палеолог се оженил со ќерката на Јован Кантакузин.

Ситуацијата на север
уреди

Новата ситуација му создала прилики на Душан да се позанимава со состојбите на север. Новиот унгарски крал Лудвиг I ги запоседнал Бачва, Белград и Голубец. Против Лудвиг бил и босанскиот бан Стефан II кој во јули 1343 г. преговар со Далматинските градови кои биле под заштита на Венеција за одбрана на Босна, Хрватска и Далмација. Лудвиг во 1345 г. ги зазел Книн и Задар. Царот Стефан Душан им нудел на Венецијанците воена помош за борба против Задар, но тие ја одбиле оваа понуда. Во летото 1346 година бил склопен мир меѓу Стефан Душан и Лудвиг. Внукот од брат на далматинскиот бан Младен III Шубиќ се оженил со Елена сестрата на царот Душан. Во август 1348 г. бил склопен мир меѓу Унгарците и Венеција. Босанскиот бан откако слушнал за мирот меѓу Србите и Унгарците се исплашил дека ќе остане сам и го опседнал Задар и барал посредување од Венеција. Царот Душан им одговорил на Венецијанците дека може да има мир ако тие му го отстапат Захумје.

Сплетките со Византија и неговата смрт

уреди

Во 1348 умрел од чума византискиот намесник на Тесалија и Епир. Тоа го искористил Душан и влегол со војска во Епир и ги запоседнал Јанина, Арта и останати градови сè до териториите под власт на Анжујците. Албанците кои биле непријателски настроени спрема Византијците служеле во редовите на српската војска. Српскиот војсководец Прељуб ја зазел цела Тесалија. Кон крајот на 1348 г. тој стигнал до околината на градот Птелеа на западниот брег на заливот Воло. Венецијанците се понудиле за посредници со цел да се постигне мир меѓу Византија и Србија. Но царот Душан не сакал мир со Византија туку сакал да ги придобие Венецијанците за сојузници во војната со Византија. Тој им нудел на Венецијанците да им го отстапи епирското деспотсво или Ѓеновскиот град Перу. Венецијанците одбивале да стапат во сојуз со Србите против Византија. Тие веќе биле во војна со Ѓенова заради трговија на Црно Море и сакале да постигнат мир со Србите и Босанците. Царот Душан во 1350 г. тргнал со војска против Босна. Стигнал до Неретва и го освоил градот Нов и тргнал према Цетина. Византијците започнале нова офанзива. Србите се повлекле. Босанците повторно запоседнале градови во Захумје. Босанскиот кнез Вук Вукославиќ го зазел градот Нов. Набрзо потоа умрел банот Стефан и на негово место дошол Твртко I. Византијците презеле нов поход во Македонија. Обласните господари формално ја признавале византиската власт, но и понатаму останувале независни. Тие му се заканувале на Кантакузин дека ќе им ги отворат градските капии на Србите, а на царот Душан му порачувале да не војува против нив бидејќи тие се одметнале од византискиот цар. Меѓу нив дошло до раскол. Алексиј Метохит го викнал на помош Кантакузин а Андрија Палеолог Србите. Јован Кантакузин со одред од византиски и турски војници упаднал во српските области. Најпрвин бил нападнат градот Бер. Српските војници кои го бранеле градот биле принудени да се предадат. Кантакузин тргнал со војска во Воден. Српските војници кои го бранеле градот му се предале. Му се предале и помали градови како Остров и Нотија. Кантакузин оттаму тргнал преку Сервија за Тесалија. Тука имало 3 тврдини кои Прељуб со свои 500 војници успеал да ги одбрани и со тоа успеал да ја сочува Тесалија. Кантакузин се вратил во Солун. Царот Душан со своја војска дошол пред Солун. Започнале преговори меѓу Србите и Византијците. Душан како услов за мир барал да се врати границата од пред војната. Кантакузин барал на Византија да им се вратат Тесалија и Епир, а за возврат да им ги остави на Србите внатрешноста на Македонија со градовите Сер, Мелник, Струмица и Костир. Душан се сложил со тоа. Меѓутоа во таборот на Србите дошле претставници на Византиските власти кои барале сојуз за борбата против Кантакузин. Душан прифатил и го раскинал мирот со Кантакузин. Царот Душан ги зазел Воден и Бер. Царот Душан склучил сојуз со Османлискиот султан Орхан нудејќи му ја својата ќерка на еден од Орхановите синови. Царот Душан го наговарал царот Јован Палеолог да започне војна против Кантакузин. Јован Палеолог сакал да се разведе од царицатата Елена и да се ожени со сестрата на српската царица. Кога за ова дознал Кантакузин ја испратил царицата Ана во Солун за да ги спречи овие планови. Дошло до нова граѓанска војна во 1352 г. На Балканот за засилила опасност од Турците Османлии предводени од синот на Орхан Сулејман. Византискиот цар ги повикал на помош Бугарите и Србите. Неколку илјади српски и бугарски војници се појавиле кај Димотика. Во Битката кај Димотика Турците ги поразиле сојузничките српски, византиски и бугарски војски. Дошло до смената на византискиот престол. За нов цар бил избран Матија. По поразот на Србите кај Димотика Царот Душан размислувал за војна против Турците. Папата му дал поддршка на Душан да војува против Турците. Но наместо тоа избило војна меѓу Србија и Унгарија. Кралот Лудвиг бил во Белград каде што бил царот Душан во јуни 1354 г. Во редовите на унгарската војска се појвила некоја зараза и тие морале да се повлечат. Во пролетта 1355 царот Душан одржал државен собор во Крушишта на југ од Костур. Соборот бил прекинат бидејќи папата го потикнувал унгарскиот крал Лудвиг да за почне нова војна со Србите. Во мај 1355 г. бил постигнат мир меѓу Србија и Унгарија. Во септември 1355 г. Млетќаните и нуделе на кнегињата Елена да ги купат Клис и Скрадина. За овие територии бил заинтересиран и унгарскиот крал Лудвиг потпомаган од Босанците. Царот Душан поставил воена посада во овие два града. Тој не го дочекал крајот на овие настани бидејќи умрел на 20 декември 1355 г. Бил погребан во Манастирот Свети Архангели кај Призрен.

 
Гробот на цар Душан во манастирот св. Арахангели во Призрен

Предци

уреди

Стефан Душан како тема во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Сп. Ј. Белчовски, Гијом Адам упатство за патување во Светата земја, 1932 год
  2. Lo imperator Stefano el qual to salvio sengor et posente упатство на дубровничките пратеници на босанскиот крал од 10 јуни 1403 г.
  3. Сфранц како награда бил унапреден
  4. План известија арх. Инст. IV (1989) 31
  5. Данило 227 и д. Kantakezionos II, сар. 25. О односима измеѓу Србије и Унгарске 1331-1355
  6. Византиски извори за историју народа Југославије, Том VI, Beograd 1986, 384-402
  7. Окт. 6854 (1354) Sathas Bibi graeca I 234-239
  8. Увод у законик цара Стефана изд. Новаковиќа стр. 4
  9. Стојан Новаковић, Законик Стефана Душана цара србског. У Београду 1898, стр. 3.
  10. Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 708.
  11. Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 417.
  12. Биографие срп. Архепископ. и патријарха Данило 381
  13. „Женидба Душанова“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 13-29.

Литература

уреди
  • Јиричек К., „Политичка историја Срба“
  • „Историја народа Југославије“ том 1, (1953)., Школска књига Загреб.
  • Острогорски Г.(1992)., „Историја на Византија“, Скопје.
  • Петровски Б. (2010)., „Историја на балканските земји во XIV-XV век“, Скопје

Надворешни врски

уреди