Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Делчево
Успение на Пресвета Богородица (или само Св. Богородица) — православна црква во градот Делчево, претставник на Македонската преродба. Претставува главен храм на Делчевското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата и камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Делчевско |
Парохија | Прва делчевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°57′45″N 22°46′22″E / 41.96250° СГШ; 22.77278° ИГД |
Место | Делчево |
Општина | Делчево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е изградена во средината на XIX век. Точни податоци нема, но годината 1858 врежана на надворешниот столб се зема како година на изградба. Во својот труд „Пијанечка Република“, Благој Стоичовски вели дека изградбата завршила во 1856 г.[1][2]
Храмот е трикорабна базилика, без фрескоживопис.[2] Иконите се дело на истакнатите зографи Димитар Андонов Папрадишки, Григориј Пецанов и други автори.[3] Иконата „Успение на Пресвета Богородица“ е дело на мајсторот Димитар Анастасов од Магарево, датирана во 1858 г.[4] Негови се и голем дел од иконостасните икони. Иако облиците се прекумерно стилизирани, тие се претставени со високо уметничко чувство, благодарејќи на умешноста на творецот.[5] Иконостасот направен од дрво. Во 1904 г. северниот ѕид на црквата е срушен во земјотрес. Подоцна црквата е обновена.
Прво училиште во Делчево
уредиВо црковниот двор е зачувана зградата во која е отворено првото училиште во Делчево (тогаш Царево Село).[2]
Слики
уреди-
Внатрешноста со иконостасот
-
Фасада на храмот
-
Информативна табла пред црквата
-
Надвратни претстави на Богородица, св. Петка и св. Недела
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки. Штип: Центар за развој на Источен планински регион. 2011. стр. 25. ISBN 978-608-65253-0-9. Посетено на 30 март 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Успение на Пресвета Богородица“. Убавините на Делчево. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 31 март 2014.
- ↑ „Делчевско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 31 март 2014.
- ↑ Грчкиот натпис гласи: „Δία χειρος Δημητιριου Ζωγραφου εν Μεγαροβο τω Βιτωλιων 1858 Ζεμώτκω 20“.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 277.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Делчево на Ризницата ?