Делчевски манастир

манастир во Делчево

Делчевски манастир (Св. Богородица Балаклија) — македонски православен манастирски комплекс во подножјето на планината Голак во непосредна близина на градот Делчево.[1][2] Единствен по специфичниот амбиент.

Делчевски Манастир
Поглед кон комплексот
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основанпрастаро светилиште, но XX век возобновен
Посветен наИсточен Петок и Живоносен Извор
ЕпархијаБрегалничка
Цркви„Св. Богородица Балаклија“ и
„Покров на Пресвета Богородица“
Личности
Основач (и)Љубчо Георгиевски како ктитор
Место
Местонад градот Делчево, на падините на планината Голак, Македонија Македонија
Координати41°57′56.1″N 22°45′32.5″E / 41.965583° СГШ; 22.759028° ИГД / 41.965583; 22.759028
Видливи остатоци2 цркви, конак, летниковци
Отворен за јавностада
Други информации(Втора делчевска парохија)

Опис

уреди

Околината на самиот манастир, со своите специфични камени форми придонеле уште од дамнина тука да постои светилиште. Сегашниот изглед манастирскиот комплекс го добил некаде на почетокот на 20 век кога бил изграден манастирот но со слаб квалитет. Подоцна на крајот на векот, повротно била покрената иницијатива за возобнување на целиот мананстирки комлекс. Како иницијатор и ктитор се јавил поранешниот македонски премиер и жител на Делчево, Љубчо Георгиевски. Манастирот е доста омилено излетничко место за делчевчани и е доста посетен. Низ целиот комплекс се наоѓаат дрвени летниковци. Манастирот бил и мета на грабеж, кога за првпат бил ограбен на крајот на февруари. Биле украдени 3 икони и пари.[3]

Објекти

уреди
Црква „Св. Богородица Балаклија“

Главната манастирска црква е посветена на Пресвета Богородица, односно за животоносниот извор. Црквата била во 1915 година, од слаб материјал. На 6 јуни 1999 година повторно бил осветен и поставен камен темелник од страна на тогашниот Митрополит Брегалнички Стефан и црквата од темел е изградена повторно од цврст материјал. Осветена била на 19 септември 1999 година исто така од тогапшниот Митрополит Брегалнички Стефан. Иконите и фрескоживописот се од зографот Драган Ристевски од Охрид.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“

Втората и помалата црква е посветена на Покровот на Пресвета Богородица. Изградена е во 1920 година и целосно возобновена во 1990 година. Не е осветенаи нема фрескоживопис и икони.

Конаци

Спроти главната манастирска црква се наоѓаат конаци со прекрасна камена фасада. Конаците имаат пространа тераса која пружа прекрасен поглед на градот.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Postolovski, Goran (2013) Historical Aspect of Bregalnitza Dioceses. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
  3. Украдени три икони од манастирот на Св. Богородица Балаклија во Делчево. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2016-03-01.