Отвори го главното мени

Жирардув

град во Мазовското Војводство, Полска

Жирардув (полски: Żyrardów) — град во Мазовското Војводство, средна Полска, седиште на Жирардувскиот Округ. Сместен е на 45 км западно од Варшава и има население од 40.243 жители (2017)[1]. Во минатото бил важен центар на текстилната индустрија во тој дел на Европа.

Жирардув
Żyrardów
Плоштадот на Жирардув зиме
Плоштадот на Жирардув зиме
Знаме на Жирардув
Знаме
Грб на Жирардув
Грб
Земја Полска
ВојводствоМазовско
ОкругЖирардувски
ОпштинаЖирардув
Основан1830
Градски права1916
Управа
 • ГрадоначалникВојќех Јашињски
Површина
 • Вкупна14,4 км2 (56 ми2)
Население (2006)
 • Вкупно40.243
 • Густина2.823/км2 (7,310/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.96-300
Повик. бр.+48 046
Рег. таб.WZY
Мреж. местоzyrardow.pl
Градската управа на Жирардув
Црквата „Пресв. Богородица Утешна“ во неоготски стил.

ИсторијаУреди

Градот настанал во како работничка населба 1833 г. кога браќата Лубјењски отвориле ткајачки погони во месноста Руда Гузовска. Меѓу раководителите бил францускиот инженер и пронаоѓач Филип де Жирар (1775 - 1845) од Лурмарен. Во текот на XIX век местото се развило во значаен текстилен центар. Подоцна Руда Гузовска е преименувана во Жирардув во негова чест.

На 13 септември 1939 г. градот е зазаден од Германците Во 1941 г. еврејското население е преселено во Варшавското гето.

Крај влезот градот стои табла на која се вели дека Жирардув е единствениот град во Европа создаден исклучиво поради фабрика. Во 2012 г. градот е прогласен за историски споменик на Полска и ставен во надлежност на Националниот институт за културно наследство.

Забележително е тоа што Жирардув се смета за единствениот целосно зачуван индустриски град од XIX век.

ОбразованиеУреди

  • Јавен училиштен комплекс бр. 7 „Хенрик Шенкевич“
  • Средно училиште „Стефан Жеромски“
  • Школа за велосипедизам
  • Виша школа за месен развој

СпортУреди

  • ФК „Жирардовјанка Жирардув“ (осн. 1923) — фудбалски клуб од IV лига

Познати личностиУреди

Збратимени градовиУреди

Жирардув е збратимен со следниве градови:

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Податоци за Жирардув на 31 декември 2017 г. — Полска во бројки (полски)

Надворешни врскиУреди

Координати: 52°3′0″N 20°26′0″E / 52.05000° СГШ; 20.43333° ИГД / 52.05000; 20.43333{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница