ОУ „Ванчо Прке“ - Делчево
Основно училиште „Ванчо Прке“ (официјално: Основно општинско училиште „Ванчо Прке“ - Делчево; скратено: ООУ „Ванчо Прке“) — централно основно училиште во градот Делчево, Општина Делчево.[1]
Ванчо Прке
| |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Делчево |
Наречено по: | Ванчо Прке |
Нас. место: | Делчево |
Адреса: | бул. „Никола Јонков Вапцаров“, бб |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1971 |
Директор: | Горан Велков |
Број на ученици: | 547 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | vancoprke.edu.mk |
Е-пошта | ouvancoprkedelcevo@yahoo.com |
Телефон | 033/511-399 |
Факс | 033/511-399 |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Ванчо Прке.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во централниот дел на градот. Во непосредна близина на училиштето се наоѓа Домот на културата, Градскиот парк и детската градинка „Весели Цветови“.
Историја
уредиОбјектот на училиштето бил изграден во 1971 година, а настава почнала да се изведува во 1973 година. Зградата е од тврда градба на два ката и подрум и одговара на намената за која е изградена.
Училиштето располага со 31 училница, од кои 15 за одделенска настава и 16 за предметна настава. Сите училници се обезбедени со компјутери и нагледни средства.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Ванчо Прке“ - Ѕвегор, подрачно петгодишно училиште; и
- ПУ „Ванчо Прке“ - Габрово, подрачно петгодишно училиште.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.