Отвори го главното мени

Норберто Мурара Нето

Норберто Мурара Нето (роден на 19 јули, 1989, во Араша) e бразилски фудбалер, голман на Валенсија и на бразилската репрезентација.

Нето
Norberto Murara Neto.jpg
Лични податоци
Полно име Норберто Мурара Нето
Роден на 19 јули 1989 (1989-07-19) (30 г.)
Роден во Араша, Бразил
Држава  Бразил
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Валенсија Валенсија
Број 13
Младинска кариера
Атл. Паранаенсе Атл. Паранаенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Атл. Паранаенсе Атл. Паранаенсе 36 (0)
2011–2015 Фјорентина Фјорентина 72 (0)
2015–2017 Јувентус Јувентус 11 (0)
2017– Валенсија Валенсија 53 (0)
Репрезентација
2012 Бразил Бразил 23 2 (0)
2012- Бразил Бразил 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариераУреди

Атлетико ПаранаенсеУреди

Нето е роден во Араша, Минас Жераис и започнал да игра фудбал во екипата на Атлетико Паранаенсе. Дебитирал за првиот тим во Кампеонато Бразилеиро Серија А 2009, започнувајќи како стартер во натпрварот против Гремио Баруери на 16 август на Арена да Баишада.[1] Првично Нето бил резервена опција на првиот голман Галато, но на 29 ноември бил избран од страна на тренерот на Антонио Лопес да го одигра својот втор натпревар, во растојание од три месеци - дуелот на домашен терен со Ботафого. Во јули 2010, Галато го напуштил клубот и заминал во шпанската Малага, а со тоа Нето станал прв избор на голот на Атлетико Паранаенсе, иако уште од мај истата година тој бил редовен стартер. За време на Бразилската Серија А 2010 Нето бил постојано на голот на својот тим и ги одиграл сите натпревари во лигата.

ФјорентинаУреди

На 17 јануари, 2011, на 21-годишна возраст, бил купен од страна на Фјорентина,[2] за 3 милиони евра,[3] потпишувајќи договор на пет години.[4] Во својата прва сезона во клубот не бил во преден план и не одиграл ниту еден натпревар.

Во сезоната 2011-2012 бил втор голман на виола зад стартерот Артур Боруч. На 24 ноември, 2011, го направил своето деби во победата со 2-1 над Емполи во Купот на Италија.[5] На 11 јануари, 2012, го одиграл својот втор натпревар во дресот на Фјорентина, повторно во Купот на Италија, примајќи 3 гола од Рома во поразот со 3-0. На 29 април, го направил своето деби во Серија А во натпреварот Аталанта-Фјорентина (2-0)[6].

За време на сезоната 2012-2013 повторно бил втор голман на екипата, овојпат зад Емилијано Вивиано, кој пристигнал на заем од Палермо. На 18 август 2012, го одиграл првиот натпревар за сезоната, сочувувајќи ја мрежата празна во победата над Новара (2-0) во Купот на Италија. Во Купот на Италија, исто така, ги одиграл следните три натпревари: Фјорентина - Јуве Стабија (2-0), Удинезе - Фјорентина (0-1) и Фјорентина - Рома (0-1) со Фјорентина била елиминирана во четврт-финалето. Својот прв натпревар во лигата го одиграл на 16 декември 2012 година, тосканското дерби против Сиена кое завршило со резултат 4-1. Нето играл уште пет натпревари до крајот на сезоната,[7] примајќи вкупно 9 гола.

Во сезоната 2013-2014, благодарение на заминувањето на Вивиано, станал прв голман на тимот, пред својте колеги Густаво Мунуа и Кристијано Лупатели. Првиот натпревар од сезоната го одиграл на 22 август, во прелиминарната фаза од Лигата на Европа против Грасхопер (2-1). Првиот натпревар во лигата пристигнал на 26 август, победата со 2-1 над Катанија. Откако на почетокот од сезоната перформансите на Нето биле многу непредвидливи, правејќи одлични интервенции но и наивни грешки како онаа во реваншот против Грасхопер во Фиренца што го чинела неговиот тим пораз (0-1), подоцна станува еден од темелите на тимот давајќи сигурност на голот и ја потврдува својата позиција како прв голман. Во периодот од 12 декември 2013 до 23 јануари 2014 година, во 4 натпревари од шампионатот и два во Купот на Италија, ја сочувал својата мрежа нечепната вкупно 676 минути, што претставува рекорд во историјата на клубот.

Во неговата последна сезона во клубот продолжил да игра како прв голман се до февруари, кога, најмногу заради одбивањето за продолжување на договорот кој му истекувал во јуни истата година, бил преселен на клупата а можност да брани добил вториот голман, Чиприан Татарушану. Сепак, откако романскиот голман се повредил, Нето се вратил меѓу стативите. Сезоната ја завршил со вкупно 38 настапи во сите турнири, на кој примил 46 гола.

Вкупно за четири и пол години во Фјорентина одиграл 101 натпревар и примил 113 голови.

ЈувентусУреди

На 3 јули 2015, потпишал четири-годишен договор со Јувентус за два милиони евра по сезона.[8] Избрал да го носи дресот со број 25.

Репрезентативна кариераУреди

Нето прв пат бил повикан во бразилската репрезентацијата од страна на селекторот Мано Менесес во септември 2010.[9]

Во 2012, Нето бил повикан во бразилската олимписка репрезентација за настап на Летните олимписки игри, кој се одржале во Лондон. Тој настапил во нивните први два натпревари од групната фаза, победите над Египет и Белорусија, пред да биде заменет од страна на Габриел во остатокот од турнирот. Бразил го освоил сребрениот медал, откако биле поразени од Мексико во финалето.

Хронологија на репрезентативните настапиУреди

Клупска статистикаУреди

Статистиката е ажурирана на 16 август 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009   Атлетико Паранаенсе А1/ПР+А ?+2 ?+ -3 КБ 0 0 - - - - - - 2+ -3+
2010 А1/ПР+А ?+34 ?+ -36 КБ 6 -5 - - - - - - 40+ -41+
Вкупно Атлетико Паранаенсе 36+ -39+ 6 -5 - - - - 42+ -44+
јан.-јун. 2011   Фјорентина А 0 -0 КИ 0 -0 - - - - - - 0 -0
2011-2012 А 2 -2 КИ 2 -4 - - - - - - 4 -6
2012-2013 А 6 -9 КИ 4 -1 - - - - - - 10 -10
2013-2014 А 35 -38 КИ 5 -6 ЛЕ 9 -7 - - - 49 -51
2014-2015 А 29 -35 КИ 2 -4 ЛЕ 7 -7 - - - 38 -46
Вкупно Фјорентина 72 -84 13 -15 16 -14 - - 101 -113
2015-2016   Јувентус А 3 -3 КИ 5 -3 ЛШ - - СИ - - 8 -6
2016-2017 А 8 -2 КИ 5 -7 ЛШ 1 -0 СИ - - 14 -9
Вкупно Јувентус 11 -5 10 -10 1 -0 - - 22 -15
Вкупно во кариерата 151 -160 29 -28 23 -21 - - 203 -209

ТитулиУреди

КлупскиУреди

  ЈувентусУреди

РепрезентативниУреди

НаводиУреди

  1. Futpédia (уред.). „Todos os jogos, Atlético-PR: Neto (Norberto Murara Neto)“ (Portuguese). конс. 6-1-2011. 
  2. Comunicato stampa violachannel.tv
  3. UFFICIALE: Neto è un giocatore della Fiorentina tuttomercatoweb.com
  4. Neto: "Qui per crescere e lasciare un segno futuro in viola" violachannel.tv
  5. Stagione 2011-12 legaseriea.it
  6. Stagione 2011-12 - 35ª Giornata legaseriea.it
  7. Fiorentina, Neto titolare spinge Viviano a Bologna Corrieredellosport.it
  8. Ufficiale: Neto è della Juventus Livecalciomercato.com
  9. Neto comemora convocação e já pensa em futuro com a Seleção“ (посет. 6 јануари 2011 г). (на pt)

Надворешни врскиУреди