Лука Мароне (Босконеро, 28 март 1990) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Карпи, на заем од Јувентус.

Италија Лука Мароне
Лични податоци
Роден на 28 март 1990(1990-03-28)(34 г.)
Роден во Босконеро, Италија
Висина 1.86 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 39
Младинска кариера
1996–2009 Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009– Јувентус Јувентус 13 (1)
2010–2011Сиена Сиена (позајмица) 18 (1)
2013–2014Сасуоло Сасуоло 15 (0)
2014- Јувентус Јувентус 0 (0)
2015-Карпи Карпи 4 (1)
Репрезентација
2006–2007 Италија под 17 5 (0)
2007 Италија под 19 1 (0)
2009– Италија под 21 32 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 9 јануари 2013
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2012

Кариера уреди

На возраст од шест години се запишал во младинската академија на Јувентус. Постепено ги минувал сите младински категории, за во претсезоната 2009-2010 тогашниот тренер на Јувентус, Чиро Ферара да го повика во првиот тим. Тоа лето одиграл неколку пријателски средби за сениорскиот тим.[1] Во првото коло од Серија А влегол како замена за Тијаго во 70. минута од натпреварот, и со тоа воедно го направил своето официјално деби за Јувентус. Таа сезона забележал уште неколку настапи во Серија А, а следното лето бил прекомандуван во нов тим.

Во јули, за време на преодниот рок 2010, бил привремено отстапен на екипата на ФК Сиена. Таму тренер бил Антонио Конте, под чие водство тимот го освоил второто место во Серија Б и со тоа автоматски изборил пласман во Серија А наредната сезона. Мароне добивал солидна минутажа и бил постојан член на почетните 11.[2][3]

По истекот на позајмицата се вратил во Јувентус, а во клубот од Торино истовремено дошол и тренерот Конте. Според првичните планови, Мароне требало да замине на уште една позајмица, но Конте го спречил преминот бидејќи го сметал овој фудбалер за важен дел од првиот тим. Иако е во првиот тим, неговата ролја во екипата е незабележителна. Од 2009 па наваму, настапил на 13 средби за „старата дама“.[4] Во сезоната 2012-13, Мароне одиграл неколку натпревари за Јувентус на позицијата централен одбранбен играч во формација со тројца одбранбени.

Во летото 2013, Сасуоло откупил половина од договорот на Мароне од Јувентус, и ги обезбедил неговите услуги за сезоната 2013-14.

Има забележано и неколку настапи за јуниорските репрезентации на Италија. За составот на Италија под 21 година има одиграно 25 натпревари и притоа постигнал еден гол (натпреварот против Унгарија, март 2010).[5] Тренери во младинските национални селекции му биле Пјерлуиџи Касираги и подоцна Чиро Ферара.

Клупска статистика уреди

Клуб Лига Сезона Лига Куп Европа Друго Вкупно
Јувентус Серија А 2009–10 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0
Сиена (позајмица) Серија Б 2010–11 18 1 1 0 - - 19 1
Јувентус Серија А 2011-12 3 1 3 0 - - 6 1
2012-13 5 0 2 0 0 0 0 0 7 0
Јувентус (вкупно) 10 1 5 0 0 0 0 0 15 1
Кариера (вкупно) 28 2 6 0 0 0 0 0 34 2

Титули уреди

  Сиена
  Јувентус

Наводи уреди

  1. „Bianconeri al raduno, si parte!“. juventus.com (италијански). 1 јули 2010. Посетено на 3 јули 2010.
  2. „Juve da record, Udinese in Champions“ (италијански). uefa.com. 13 мај 2012.
  3. „Champions of Italy: Luca Marrone“. juventus.com. 28 мај 2012.
  4. „Marrone, the dream continues“. juventus.com. Text "28 август 2012" ignored (help)
  5. „Italy keep Wales in their sights“. uefa.com. 3 март 2010.

Надворешни врски уреди