Реј Манај (роден на 24 февруари 1997 година, во Лушње) — албански фудбалер, напаѓач на Сиваспор и на албанската репрезентација.

Реј Манај
Лични податоци
Полно име Реј Алдо Манај[1]
Роден на 24 февруари 1997(1997-02-24)(27 г.)
Роден во Лушње, Албанија
Држава Албанија Албанија
Висина &100000000000001820000001,82 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сиваспор Сиваспор
Број 9
Младинска кариера
Пјаченца Пјаченца
Кремонезе Кремонезе
Сампдорија Сампдорија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2015 Кремонезе Кремонезе 22 (2)
2015-2018 Интер Интер 4 (0)
2016-2017Пескара Пескара 12 (2)
2017Пиза Пиза 17 (2)
2017-2018Гранада Гранада 19 (1)
2018-2020 Албасете Албасете 37 (9)
2020-2022 Барселона Б Барселона Б 27 (13)
2021-2022Специја Специја 30 (5)
2022-2022 Вотфорд Вотфорд 6 (1)
2023- Сиваспор Сиваспор 23 (14)
Репрезентација
2014 Албанија Албанија 19 3 (1)
2015-2019 Албанија Албанија 21 9 (13)
2015- Албанија Албанија 31 (7)
* Ажурирано на: 23 април 2021
** Ажурирано на: 23 април 2021

Технички карактеристики

уреди

Централен напаѓач, кој може да се користи и како втор напаѓач, со добар осет за гол. Поседува одлична брзина која што му помага да избега од противничките дефанзивци, а има и добра физичка подготвеност и отпорност благодарение на физичката форма на неговото телото, што му овозможува да освојува воздушни дуели.[3] Исто така е одличен изведувач на слободни удари и пенали.

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Тој израснал во младинските редови на Пјаченца, но кога црвено-белите банкротирале во 2012 година, тој се преселил во блискиот Кремонезе, а од таму на позајмица во Сампдорија. По завршувањето на сезоната со клубот од Лигурија, меѓудругото, и поради смената во раководството на клубот од Едоардо Гароне во Масимо Фереро, тој не бил откупен, по што се вратил во Кремонезе со кој дебитирал во Лега Про и во професионалниот фудбал.

Интер

уреди

На 15 јули 2015, тој бил позајмен на Интер во замена за заемите на Фабио Егуелфи и Франческо Форте.[4] На 23 август, тој го направил своето деби во Серија А против Аталанта, влегувајќи како замена неколку минути пред крајот на натпреварот.[2][5] На 15 декември, тој го направил своето деби во Купот на Италија против Каљари (3-0).[6] Во сите натпреварувања во сезоната 2015-2016, тој забележал само 6 настапи за првиот тим, додека со „Примавера“ тимот го освоил Купот на Италија, исто така постигнувајќи гол од пенал во реванш натпреварот од финалето против Јувентус добиен со 1-2.[7]

На 24 јуни 2016 година, тој бил откупен од Интер[8] за сумата утврдена претходното лето, односно 500.000 евра.[9]

Заемите во Пескара, Пиза и Гранада

уреди

На 11 јули 2016 година, тој се преселил во Пескара на сува позајмица заедно со Кристијано Бираги, како дел од договорот кој го донел Џанлука Капрари во Интер во 2017 година.[10] На 21 август, тој го направил своето деби за клубот од Абруцо во натпреварот Пескара-Наполи (2-2), заменувајќи го неговиот сонародник Ледијан Мемушај во второто полувреме. На 28 август 2016, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во натпреварот против Сасуоло кој завршил 2-1 за противниците. Голот бил вброен во статистиката и покрај одземената победа на Сасуоло и последователно прогласена во корист на Пескара со службен резултат (0-3) поради присуството на теренот на Антонино Рагуза, играчот на домашната екипа кој не бил вклучен во списокот поднесен до FIGC.[11][12]

По само шест месеци, Манај го завршил своето искуство во Пескара со 12 настапи и 2 гола во Серија А. На 18 јануари 2017 година, тој се вратил во Интер, кој го позајмил на Пиза во Серија Б.[13][14][15] Своето деби го направил ба 22 јануари, во натпреварот на домашен натпревар против Тернана, во кој промашил пенал. На 12 март 2017 година, го постигнал својот прв гол во Серија Б против Виченца, во натпревар кој завршил со пораз за неговата екипа од 2-1. Своето искуство во Пиза го завршил (во текот на кое имал и несогласувања со тренерот Џенаро Гатузо)[16] со 17 настапи и 2 гола, испаѓајќи со клубот на крајот од сезоната во Серија Ц.

На 30 август 2017 година, бил постигнат договор за преселба на Манај на годишна позајмица во Гранада, клуб од Андалузија кој се натпреварувал во шпанската Сегунда Дивисион, кој имал право и да го купи на крајот од сезоната.[17][18] Во текот на сезоната одиграл 19 првенствени натпревари, постигнувајќи еден гол.

Албасете и Барселона

уреди

На 30 јуни 2018 година, тој се преселил на позајмица во Албасете со обврска да биде откупен на крајот од сезоната, но Интер го задржал правото на враќање на играчот во текот на наредните неколку години. Манај потпишал петгодишен договор со Албасете кој истекувал на 30 јуни 2023 година.[19][20] Тој уживал во добар почеток на сезоната, постигнувајќи гол од пенал во својот деби натпревар во кој влегол како замена за да и донесе бод на својата екипа во натпреварот против Депортиво Ла Коруња.[21] Тој ја завршил сезоната со 30 настапи и 7 гола во првенството и националниот куп, а на 9 јули 2019 бил откупен од шпанскиот клуб за 2,5 милиони евра.[22][23]

Во првиот дел од новата сезона постигнал 3 гола на 10 натпревари. На 21 јануари 2020 година, Манај бил купен од Барселона за 700.000 евра плус 2 милиони евра во бонуси, и бил приклучен на Барселона Б во третата шпанска дивизија. Договорот бил потпишан на три ипол години, а своето деби за Барселона Б го направил пет дена подоцна во победата со 2-0 на домашен терен над Ехеа.

На 15 февруари 2020 година, тој го добил својот прв повик во првиот тим на Барселона од тренерот Кике Сетиен за натпреварот против Хетафе во рамките на 24-тото коло од Примера Дивисион, но сепак без да излезе на теренот. Откако за вториот тим на Барселона во година и половина забележал 31 настап и 16 голови, на 14 август 2021 година клубот објавил дека Манај ќе биде вклучен во првиот тим.[24]

Специја

уреди

По неколку години во Шпанија, на 31 август 2021 година, Манај се вратил во Италија каде и се приклучил на Специја на заем од 500.000 евра со право на откуп за 3,5 милиони евра.[25][26][27] На 19 септември, тој го направил своето деби со Специја во победата со 2-1 на гоствањето кај Венеција, заменувајќи го Јакопо Сала. На 5 декември, тој го постигнал својот прв гол со екипата од Ла Специја, во ремито 2-2 на домашен терен против Сасуоло 2-2.[28][29] Во првиот дел од сезоната, Манај најчесто бил користен од тренерот Тијаго Мота како замена од клупата за некој од напаѓачите Јанис Антист, М'Бала Нзола и Давид Стрелец. Откако во декември се изборил за место во стартната постава, Манај почнал да постигнува повеќе голови. Својот втор гол за сезоната го постигнал од пенал во ремито 2-2 на гостувањето кај Салернитана на 7 февруари 2022, а кон крајот на истиот месец постигнал гол и во поразот со 2-1 на гостувањето кај Болоња, што бил негов трет со што ја надминал својата најдобра сезона во Серија А онаа 2016-2017 во која постигнал два гола за Пескара. На 12 март, Манај го постигнал вториот гол за Специја во победата со 2-0 над Каљари. Својот петти и последен гол за сезоната го постигнал повторно од пенал во поразот со 2-1 на гостувањето кај Торино. Сезоната ја завршил со 30 настапи и 5 гола во Серија А, помагајќи и на Специја да избори опстанок во лигата, завршувајќи како втор стрелец на екипата зад Даниеле Верде (кој постигнал 8).

Вотфорд

уреди

На 12 јули 2022 година, Манај потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Вотфорд, член на Чемпионшип лигата, кој го довел од Барселона за необјавена сума.[30] Во својот четврти настап за Вотфорд, Манај го постигнал својот прв гол за стршлените во ремито 1-1 против Бирмингем Сити во кое се појавил во игра влегувајќи од клупата. Тој претрпел повреда на тетивата на почетокот на септември 2022 година и бил успешно опериран од хирургот Ласе Лемпаинен во Турку, Финска.[31] Неговиот договор со Вотфорд последователно бил раскинат со заедничка согласност по јануарскиот преоден рок, со што ја завршил својата авантура во Вотфорд по само 6 натпревари и еден гол за клубот.[32]

Сиваспор

уреди

На 22 август 2023 година, како слободен играч Манај потпишал тригодишен договор со турскиот клуб Сиваспор.[33]

Репрезентативна кариера

уреди

Манај ја претставувал својата земја во младинските репрезентации на Албанија под 19 и под 21 година. За втората дебитирал со погодок во победата со 2-0 над Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство 2019.

На 9 ноември 2015 година, тој го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Џани Де Бјази за пријателските натпревари против Косово и Грузија. Тој го имал своето деби 4 дена подоцна, постигнувајќи гол само 12 секунди по влегувањето на теренот воспоставувајќи рекорд за најбрз постигнат гол од страна на некој албански репрезентативец како и за најмлад играч кој постигнал гол за репрезентацијата.[34] Де Бјази изјавил дека постојат шанси Манај да биде повикан да игра за Албанија на Европското првенство 2016,[35] но сепак, не се нашол на списокот од 27 играчи повикани за првенството.[36][37]

Потоа, Манај бил стандарден во репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство 2020 и Светското првенство 2022, како и во УЕФА Лигата на нации 2020-2021 каде во рамките на Ц лигата на шест натпревари постигнал два гола и тоа во последните два натпревари од групата против Казахстан и Белорусија, помагајќи и на Албанија да избори промоција во Б лигата.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Албанија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
13-11-2015 Приштина Косово   2 – 2   Албанија Пријателска 1   54'   68'
16-11-2015 Тирана Албанија   2 – 2   Грузија Пријателска -   64'
12-11-2016 Елбасан Албанија   0 – 3   Израел Квал. за СП 2018 -   82'
29-5-2018 Цирих Албанија   0 – 3   Косово Пријателска -   44'
2-6-2018 Евијан ле Бен Албанија   1 – 4   Украина Пријателска -   58'
10-9-2018 Глазгов Шкотска   2 – 0   Албанија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   66'
10-10-2018 Елбасан Албанија   0 – 0   Јордан Пријателска -   90'
17-11-2018 Скадар Албанија   0 – 4   Шкотска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   12'   62'
10-9-2019 Елбасан Албанија   4 – 2   Исланд Квал. за Евро 2020 -
11-10-2019 Истанбул Турција   1 – 0   Албанија Квал. за Евро 2020 -
14-10-2019 Кишињев Молдавија   0 – 4   Албанија Квал. за Евро 2020 1
14-11-2019 Елбасан Албанија   2 – 2   Андора Квал. за Евро 2020 1
17-11-2019 Тирана Албанија   0 – 2   Франција Квал. за Евро 2020 -
4-9-2020 Минск Белорусија   0 – 2   Албанија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   90'
7-9-2020 Тирана Албанија   0 – 1   Литванија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
11-10-2020 Алмати Казахстан   0 – 0   Албанија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   82'
14-10-2020 Вилниус Литванија   0 – 0   Албанија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   78'
11-11-2020 Елбасан Албанија   2 – 1   Косово Пријателска -   46'
15-11-2020 Тирана Албанија   3 – 1   Казахстан УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1   86'
18-11-2020 Тирана Албанија   3 – 2   Белорусија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1   71'   90+5'[38]
25-3-2021 Андора ла Веља Андора   0 – 1   Албанија Квал. за СП 2022 -   62'   63'[38]
28-3-2021 Тирана Албанија   0 – 2   Англија Квал. за СП 2022 -   59'
31-3-2021 Серавале Сан Марино   0 – 2   Албанија Квал. за СП 2022 1   87'
5-6-2021 Кардиф Велс   0 – 0   Албанија Пријателска -   37'   77'
8-6-2021 Прага Чешка   3 – 1   Албанија Пријателска -   81'
2-9-2021 Варшава Полска   4 – 1   Албанија Квал. за СП 2022 -   65'   67'
8-9-2021 Елбасан Албанија   5 – 0   Сан Марино Квал. за СП 2022 1
9-10-2021 Будимпешта Унгарија   0 – 1   Албанија Квал. за СП 2022 -   66'
12-10-2021 Тирана Албанија   0 – 1   Полска Квал. за СП 2022 -
26-3-2022 Корнеља де Љобрегат Шпанија   2 – 1   Албанија Пријателска -   84'
29-3-2022 Тирана Албанија   0 – 0   Грузија Пријателска -   65'
Вкупно Настапи 31 Голови 7

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 22 август 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015   Кремонезе ЛП 23 2 КИ+КИ-ЛП 3+1 0 - - - - - - 27 2
2015-2016   Интер А 4 0 КИ 2 0 - - - - - - 6 0
2016-јан. 2017   Пескара А 12 2[39] КИ 1 0 - - - - - - 13 2
јан.-јун. 2017   Пиза Б 17 2 КИ 0 0 - - - - - - 17 2
2017-2018   Гранада СД 19 1 КШ 1 0 - - - - - - 20 1
2018-2019   Албасете СД 27+2[40] 6 КШ 1 1 - - - - - - 30 7
2019-јан. 2020 СД 10 3 КШ 1 0 - - - - - - 11 3
Вкупно Албасете 37+2 9 2 1 - - - - 41 10
јан.-јун. 2020   Барселона Б СДБ 6+3[40] 1+1[40] - - - - - - - - - 9 2
2020-2021 СДБ 15+7[40] 8+6[40] - - - - - - - - - 22 14
Вкупно Барселона Б 21+10 9+7 - - - - - - 31 16
2021-2022   Специја А 30 5 КИ 0 0 - - - - - - 30 5
2022-2023   Вотфорд ФЛЧ 6 1 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 7 1
2023-2024   Сиваспор СЛ 23 14 КТ 3 4 - - - - - - 26 18
Вкупно во кариерата 202 51 14 5 - - - - 217 56

Хет-трикови

уреди

Наводи

уреди
  1. Alfred Lleshi (21 December 2015). „Flet babai i Manajt: Rey, qysh fëmijë ëndërronte për Interin“ (албански). Telesport.al. Архивирано од изворникот на 20 September 2016. Посетено на 21 December 2015.
  2. 2,0 2,1 Almanacco Illustrato del Calcio 2016. Panini. стр. 222. Занемарен непознатиот параметар |age= (help); Занемарен непознатиот параметар |city= (help)
  3. „L'Inter scopre il talento di Manaj“. Посетено на 11 април 2016.
  4. „L'Inter pensa al futuro: ufficiale l'arrivo dalla Cremonese di Manaj“. Goal.com. 21 јули 2015.
  5. „Inter-Atalanta, il tabellino“. Gazzetta.it. 23 август 2015.
  6. „Coppa Italia, Inter-Cagliari 3-0: Mancini ai quarti“. Посетено на 11 април 2016.
  7. „Coppa Italia Primavera, Inter-Juve 2-1: nerazzurri campioni con Manaj e Zonta“. Посетено на 13 април 2016.
  8. „Tesserati Belingheri, Gemiti e Salviato“. Посетено на 24 јуни 2016.
  9. „Manaj è all'Inter in prestito ma il riscatto è una formalità : la cifra…“. Посетено на 21 ottobre 2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  10. „BIRAGHI E MANAJ AL PESCARA“. inter.it. Посетено на 11 јуни 2016.
  11. „LEGA NAZIONALE PROFESSIONISTI SERIE A - COMUNICATO UFFICIALE N. 24 DEL 30 agosto 2016“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-19. Посетено на 2 септември 2016. Занемарен непознатиот параметар |urlarchive= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); line feed character во |title= во положба 39 (help)
  12. https://web.archive.org/web/20160904100904/http://www.legaseriea.it/it/sala-stampa/notizie/info/sassuolo-pescara-restano-valide-le-statistiche-del-match. Архивирано од изворникот на 4 септември 2016. Посетено на 2 септември 2016. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  13. „Manaj al Pisa“. Посетено на 2021-03-07.
  14. „MERCATO - ZUPARIC e MANAJ salutano il Delfino“. 2017-01-18. Посетено на 2021-03-07.
  15. „Ufficiale l'ingaggio di Rey Manaj“. 2017-01-18. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на 2021-03-07.
  16. „Pisa, l'ex Manaj escluso da Gattuso: «Bisogna attersi alle regole in settimana»“. 27 март 2017. Посетено на 16 октомври 2021.
  17. „Mercato: Manaj al Granada“. Посетено на 2021-03-07.
  18. „Comunicado | Manaj se incorpora al Granada CF“ (шпански). Посетено на 2021-03-07.
  19. „архивска копија“. 30 јуни 2018. Архивирано од изворникот на 2018-06-30. Посетено на 30 јуни 2018. Занемарен непознатиот параметар |urlarchive= (help); Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  20. „Rei Manaj, nuevo jugador del Albacete Balompié“ (шпански). Посетено на 2021-03-07.
  21. „Manaj debuton me gol në Spanjë (VIDEO)“ [Manaj debutes with goal in Spain (Video)] (албански). Insporti.com. 18 August 2018. Архивирано од изворникот на 2018-09-29. Посетено на 29 September 2018.
  22. (шпански) https://www.albacetebalompie.es/noticia/reimanaj2024. Посетено на 2021-03-07. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  23. „UFFICIALE: Inter, l'Albacete ha riscattato Rey Manaj dal prestito“. Посетено на 2019-07-09.
  24. „Memphis, Eric Garcia y Rey Manaj, inscritos en la Liga de Fútbol Profesional“ (шпански). Посетено на 2021-08-31.
  25. „Acuerdo con el Spezia Calcio para la cesión de Rey Manaj“ (шпански). Посетено на 2021-09-01.
  26. „Ufficiale | Rey Manaj è un nuovo calciatore dello Spezia“. Посетено на 2021-08-31.
  27. „TMW - Manaj allo Spezia, accordo totale: prestito oneroso con diritto di riscatto, le cifre“. Посетено на 2021-08-31.
  28. „Serie A - Spezia-Sassuolo 2-2, pagelle: scossa Raspadori, Manaj si sblocca“. 5 декември 2021. Посетено на 2021-12-05.
  29. „Manaj ritorna al goal in Serie A: l'ultimo lo ha realizzato nel 2016“. Посетено на 2021-12-06.
  30. „Official: Manaj Joins Watford“. WatfordFC.com. 12 July 2022. Посетено на 12 July 2022.
  31. Lasse Lempainen leikkasi torstaina AC Milanin ja Watfordin tähtipelaajat – Näin heidät kuntoutetaan takaisin pelikentille, Helsingin Sanomat, 10 September 2022
  32. Manaj, Rey. „Rey Manaj's contract has been terminated by mutual consent“. Twitter. Watford FC. Посетено на 8 February 2023.
  33. „Rey Manaj EMS Yapı Sivasspor'umuzda“ (турски). Sivasspor. August 22, 2023. Посетено на August 22, 2023.
  34. „Manaj, gol da record all'esordio con l'Albania: entra e segna dopo 12 secondi“. 13 ноември 2015.
  35. „De Biasi: Manaj në Evropian, sepse ai e do këtë vend“. Fax.al (албански). 14 October 2014. Посетено на 14 November 2015.[мртва врска]
  36. Fatjon Pandovski (21 May 2016). „De Biasi leaves out Albanian top scorer Salihi“. UEFA.com. Посетено на 19 July 2015.
  37. Fatjon Pandovski (22 May 2016). „No place for Hamdi Salihi in Albania's preliminary Euro 2016 squad“. Hindustan Times. Посетено на 19 July 2015.
  38. 38,0 38,1 Добил жолт картон додека бил на клупата.
  39. 12 (1) ако не се смета голот во натпреварот подоцна добиен со службен резултат.
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 40,4 Плејоф.

Надворешни врски

уреди