Кингсли Коман
Кингсли Коман (роден на 13 јуни 1996 година) — француски професионален фудбалер, напаѓач на Бајерн Минхен.
Кингсли Коман | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 13 јуни 1996 | ||
Роден во | Париз, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м[1] | 1,78||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бајерн Минхен | ||
Број | 29 | ||
Младинска кариера | |||
Сенар Моиси | |||
Париз Сен Жермен | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2013-2014 | Париз Сен Жермен | 3 | (0) |
2014-2015 | Јувентус | 15 | (0) |
2015- | Бајерн Минхен | 124 | (22) |
Репрезентација ‡ | |||
2011-2012 | Франција 16 | 9 | (0) |
2012-2013 | Франција 17 | 8 | (3) |
2013-2014 | Франција 18 | 6 | (1) |
2013-2015 | Франција 19 | 3 | (2) |
2014-2015 | Франција 21 | 6 | (2) |
2015- | Франција 21 | 26 | (5) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиПариз Сен Жермен
уредиКоман е роден во Париз, но има поткло од Гваделуп. На возраст од 9 години тој се приклучил на тренинг центарот на Париз Сен Жермен, доведен од неговиот татко кој и самиот е обожавател на клубот.[2]
Со само 16 години, 8 месеци и 4 дена, тој станал најмладиот играч во историјата на клубот кој дебитирал во Лига 1, влегувајќи на местото на Марко Верати во 87-мата минута во поразот со 3-2 од Сошо на 17 февруари 2013. Младиот Коман веќе импресионирал со неговиот дриблинг и способност да ја задржи топката.
На 4 август во Суперкупот на Франција против Бордо, Коман влегол во игра во 72-рата минута и му помогнал на клубот да направи пресврт и да победи со 2-1 со головите на Онгенда (81. минута) и Алекс (93). Тој, исто така влегол во игра и во првенствениот натпревар против Бордо следниот месец, кога го заменил Лукас. Неговите добри игри во натпреварите од Младинската лига на УЕФА (Next Generations), му донеле интерес од голем број странски клубови како Јувентус, Рома, Њукасл, Арсенал и Челзи.[3]. Во последното коло од првенството 2013-14, Коман запишал уште еден настап за првиот тим на ПСЖ, влегувајќи во игра на местото на Лавеци во 63-тата минута од натпреварот против Монпелје. Во финишот од натпреварот имал шанса да го постигне својот прв погодок за клубот откако напаравил еден одличен продор по левата страна, го елиминирал противничкиот играч Хилтон и шутирал кон голот, но голманот Жефри Журден го одбил ударот по што Адријан Рабио го постигнал четвртиот гол за ПСЖ и го поставил конечниот резултат (ПСЖ-Монпелје 4-0).
Јувентус
уредиПо завршувањето на сезоната 2013-14, Коман не успеал да се договори со Париз Сен Жермен околу новиот договор. Според l'Equipe, Кингсли одлучил да го напушти главниот град на Франција и да му се приклучи на италијанскиот клуб Јувентус.[4] На 2 јули 2014 го комплетирал својот трансфер во Јуве потпишувајќи 5 годишен договор со клубот од Торино. Тој бил повикан за летната турнеја на клубот низ Азија и Австралија и му бил доделен дресот со број 11., кој за последен пат бил носен од страна на Паоло де Чеље.
Своето деби за новиот клуб го направил на 30 август 2014, во првото коло од Серија А во победата со 1-0 против Кјево во Верона.[5]
Репрезентација
уредиКоман ја претставувал својата земја во категориите под 16, под 17, под 18 и под 19 години.
На 2 јуни 2014 година, на возраст од само 17 години, Коман го направил своето прво појавување во Француската репрезентација под 21 година, започнувајќи како стартер во победата со 6-0 во пријателски натпревар против против Сингапур. Патем, тој исто така го постигнал и четвртиот гол за Франција во 44-тата минута.[6]
Титули
уредиКлупски
уредиПариз Сен Жермен
уреди- Лига 1 (2) : 2012-13, 2013-14
- Суперкуп на Франција (1) : 2013
- Лига куп на Франција (1) : 2013-14
Јувентус
уреди- Серија А (1) : 2014-15
- Куп на Италија (1) : 2014-15
- Суперкуп на Италија (1) : 2015
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеprofilеPSG
. - ↑ http://www.leparisien.fr/espace-premium/essonne-91/coman-la-dynamite-31-12-2012-2444183.php
- ↑ Ça se bouscule pour arracher Kingsley Coman au PSG !, Sur Footmercato.net 04/06/2014.
- ↑ Kingsley Coman close to agreeing move to Juventus
- ↑ „Juventus, Coman: "Giocare qui è facile". Allegri: "Ha giocato da veterano"“. gazzetta.it. 30 август 2014.
- ↑ „Game - France - Singapour - FFF“. FFF (француски). 2 June 2014. Посетено на 13 June 2014.