Гонсало Игуаин

(Пренасочено од Гонзало Игуаин)

Гонсало Херардо Игуаин (шпански изговор: [ɡonˈθalo iɣwaˈin]; роден на 10 декември 1987 година во Брест) — аргентински фудбалер, напаѓач на Интер Мајами и на аргентинската репрезентација со која бил светски вицешампион во Бразил 2014 и вицешампион на Копа Америка во 2015 и 2016.

Гонсало Игуаин
Лични податоци
Полно име Гонсало Херардо Игуаин[1]
Роден на 10 декември 1987(1987-12-10)(36 г.)[1]
Роден во Брест, Франција
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001840000001,84 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Мајами Интер Мајами
Број 9
Младинска кариера
Ривер Плејт Ривер Плејт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2006 Ривер Плејт Ривер Плејт 35 (13)
2006-2013 Реал Мадрид Реал Мадрид 190 (107)
2013-2016 Наполи Наполи 104 (71)
2016- Јувентус Јувентус 95 (45)
2018-2019Милан Милан 15 (6)
2019Челси Челси 14 (5)
2020- Интер Мајами Интер Мајами 0 (0)
Репрезентација
2003 Аргентина Аргентина 23 1 (2)
2009-2018 Аргентина Аргентина 75 (31)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Афирмиран како еден од најплодните напаѓачи во бизнисот,[2][3][4] се смета за еден од играчите со најдобра завршница во светот.[5][6][7] Со 36 гола во сезоната 2015-2016 во италијанското првенство како играч на Наполи тој поставил нов рекорд по бројот на постигнати голови во рамките на една сезона во Серија А, надминувајќи го претходниот рекорд на Гунар Нордал стар 66 години.[8][9]

Во текот на својата кариера, која ја започнал во 2005 година дебитирајќи за првиот тим на Ривер Плејт, а потоа ја продолжил во Европа, играјќи за Реал Мадрид, Наполи, Јувентус и Милан тој освоил три шпански првенства (2006-2007, 2007-2008, 2011-2012), два Суперкупа на Шпанија (2008 и 2012) и еден Куп на Шпанија (2010-2011) со Реал Мадрид како и две италијански првенства (2016-2017 и 2017-2018) со Јувентус три Купа на Италија два со Јувентус и еден со Наполи (2013-2014, 2016-2017 и 2017-2018) и еден Суперкуп на Италија (2014) со Наполи.

Животопис

уреди

Гонсало е син на поранешниот фудбалер Хорхе Игуаин, дефанзивец, кој целата кариера ја има поминато играјќи во Аргентина, освен една сезона во Франција во дресот на Брест; Гонсало Игуаин е роден во истоимениот град токму за време на таа година. Тој има три браќа Николас, Лаутаро и Федерико од кој последниот е исто така професионален фудбалер. Неговата мајка, Ненси Закаријас, е сликарка.[10]

Тој ги поминал првите месеци од своето детство во Франција, а потоа семејството се вратило во Аргентина, бидејќи татко му бил ангажиран од страна на Ривер Плејт.[11] На возраст од 10 месеци бил хоспитализиран на дваесет дена поминати во болница, бидејќи му бил пронајден фулминантен менингитис, откриен токму навреме, и бил принуден неколку години секојдневно да зема лекови додека не се отстранат сите траги на болеста.[11]

Гонсало е познат и по прекарот Ел Пипита, што доаѓа од прекарот на неговиот татко, кој бил наречен Ел Пипа.[12] Од 2007 година стекнал и аргентинско државјанство, па сега има двојно државјанство.[13]

Технички одлики

уреди

Тој е "напаѓач за во шеснаесетникот",[14] физички силен[15][16] и вешт со двете нозе.[14] И покрај тоа што во своја сопственост има добри технички средства, тој е повеќе конкретен отколку елегантен напаѓач.[15] Склон е кон повлекување во средниот ред, со што придонесува во фазата на одбрана,[17] опремен е со делотворен удар[16] и голема визија за играта,[18] што му овозможува исто така да биде клучен во нападот и како асистент за својте соиграчи.[17][18][19] Во два збора може да се опише како динамичен и одлучувачки,[20] но понекогаш до израз доаѓа неговата емотивност што му е главната слабост во играта.[15]

Диего Марадона изјавил дека Игуаин по некои одлики е многу сличен на неговите сонародници Ернан Креспо и Габриел Батистута,[21] дефинирајќи го како вешт напаѓач со многу брзи движења.[22]

Кариера

уреди

Почетоци и Ривер Плејт

уреди

По враќањето од Франција со неговото семејство, Игуаин својте првите фудбалски чекори ги направил во екипата Атлетико Палермо, клубот од областа со истото име на Буенос Аирес, од каде што дошол во Ривер Плејт на возраст од 10 години.

Откако минал низ младинските категории во клубот, на возраст од 17 години тренерот Леонардо Астрада го повикал Игуаин да го направи своето деби со првиот тим, на 29 мај 2005, во поразот со 1-2 на домашен терен од Химназија Ла Плата на Монументал.[23] Во овој дел од сезоната собрал уште три други настапи.

Малку бил користен од страна на следниот тренер на Ривер Плејт, Реиналдо Мерло, меѓутоа конечно нашол простор за игри во континуитет со доаѓањето на Даниел Пасарела на клупата на Ривер.[11] Игуаин го постигнал својот прв професионален гол на 12 февруари 2006 година, во првенствената победа со 3-1 над Банфилд, а потоа постигнал два гола против Коринтијанс во Копа Либертадорес, решавачки за конечните 3-2 во корист на Ривер Плејт.

На 8 октомври 2006, Игуаин постигнал два гола во победата со 3-1 над Бока Хуниорс во Суперкласико дербито,[24] пошто Пасарела изјавил дека Игуаин има "голема иднина" и дека му е "судено да биде мега ѕвезда".[25] Во својата последна сезона (Торнео Апертура 2006) во Ривер тој постигнал 8 гола во 17 лигашки натпревари.

Реал Мадрид

уреди

2006-2009

уреди
 
Игуаин во дресот на Реал Мадрид во сезоната 2009-2010.

Одлични игри во дресот на Ривер Плејт на Игуаин му носат трансфер во Европа на 14 декември 2006, само неколку дена по неговиот 19-ти роденден, Реал Мадрид по препорака на тренерот Фабио Капело целосно го откупил неговиот договор за 13 милиони евра, откако од Ривер ја одбиле претходната понуда од 10 милиони евра; Игуаин потпишал шест и пол годишен договор кој требало да стапи на сила од јануари следната година.[26][27]

Своето деби за Реал Мадрид го направил на 11 јануари 2007 година, во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на Шпанија против Реал Бетис, кој завршил со резултат 0-0, а Игуаин го одиграл целиот натпревар.[28] Својот прв гол за кралевите го постигнал на 24 февруари, во градското дерби против Атлетико Мадрид, во ремито 1-1 на Висенте Калдерон.[29] Три дена потоа дебитирал во врвното европско натпреварување, Лигата на шампионите, започнувајќи како стартер во натпреварот против Бајерн Минхен, во првиот круг од нокаут фазата во кој Реал Мадрид победил со 3-2.[30] До крајот на сезоната постигнал само уште еден гол, но тој се покажал одлучувачки за победата над Еспањол со 4-3 на домашен терен во лигата, но исто така одлучувачки и за освојувањето на Реал Мадрид на шампионската титула во шпанското првенство.[31]

Во следната сезона, со новиот тренер на Реал Мадрид Бернд Шустер, Игуаин се обидувал да најде континуитет во својте перформанси, затворен од Раул и Руд ван Нистелрој на позициите во нападот, германскиот тренер често го користел на погрешна позиција,[11] велејќи: "не знам каде да го ставам", што доведува до сомнежи околу вистински квалитети и способности на играчот.[32] На 4 мај 2008 освојува уште едно првенство забележувајќи 8 гола во 25 натпревари.[33]

Со доаѓањето на клупата на Хуанде Рамос конечно успеал да најде простор за игри во континуитет и веднаш му се зголемила ефикасноста во бројот на постигнати голови.[32] На 24 август 2008 година, го освоил Суперкупот на Шпанија против Валенсија и бил стрелец на четвртиот гол за Реал во реваншот во победата со 4-2 на Сантјаго Бернабеу.[34] Во текот на сезоната 2008-2009, Игуаин ја искористил својата шанса благодарение на сериозната повреда на ван Нистелрој и успеал да ја зацврсти својата позиција на стартер во почетните единаесет на Реал Мадрид.[32] На 26 октомври, ја постигнал својата прва допиета (два гола) во сезоната, придонесувајќи значајно за тешката првенствена победа над Атлетик Билбао на домашен терен со 3-2.[35] На 8 ноември, за првпат во кариерата постигнал четири гола на еден натпревар во победата со 4-3 против Малага на домашен терен.[36] Својата најдобра лична сезона по доаѓањето во Европа ја завршил со 22 гола и 9 асистенции во 35 натпревари,[11] афирмирајќи се како најдобар стрелец на својот тим за сезоната.[29]

2009-2011

уреди
 
Игуаин за време на Мадридското дерби против Атлетико Мадрид во сезоната 2010-2011.

За време на првенството 2009-2010 дошол чилеанецот Мануел Пелегрини како нов тренер на Реал Мадрид, со кој аргентинскиот напаѓач бил во добри односи.[32] На 14 март 2010 постигнал хет-трик во победата на гости против Реал Ваљадолид со 1-4.[37] На крајот на сезоната се потврдува како најдобар стрелец на Реал Мадрид за втора сезона по ред, со 27 гола, еден повеќе од новиот тимски колега Кристијано Роналдо, и седум помалку од најдобриот стрелец во лигата неговиот сонародник Лионел Меси, кој постигнал 34 гола.[29] Во текот на целата сезона тој вкупно постигнал 29 гола во 40 натпревари во лигата и куповите, но неговиот тим останал уште една сезона без ниту еден трофеј.

На 7 јуни 2010 година го обновил договорот со Реал Мадрид до 2016 година,[38] иако со доаѓањето на португалскиот тренер, Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид, тој бил помалку користен во континуитет.[32]

На 3 ноември 2010, влегол во историјата на шпанскиот клуб постигнувајќи го 700-тиот гол за Реал Мадрид во натпреварите од Лигата на шампионите против Милан, со што тие станале првиот тим кој успеал да ја достигне оваа бројка на постигнати голови.[39] На 11 јануари 2011 бил подложен на операција за отстранување на дискус хернија, поради која бил надвор од акција за три месеци.[40][41] Се вратил на терените на 2 април, играјќи во завршниот полчас од натпреварот против Спортинг Хихон во поразот на домашен терен со 0-1.[42] На 20 април, иако не учествувал во финалето имал причини за славје, освојувајќи го својот прв наслов во Купот на Шпанија, по победата на Реал над Барселона во финалето со 1-0 по продолженија.[43][44] Само три дена подоцна, Игуаин постигнал хет-трик против Валенсија во победата на гости со 3-6 на Месталја, а во истиот натпревар тој исто така и асистирал за други два гола кој ги постигнале Карим Бензема и Кака. Сезоната ја завршил со вкупно 13 гола во 25 натпревари во лигата и купот.

2011-2013

уреди
 
Игуаин во сезоната 2011-2012.

На 31 март 2012 година го постигнал својот 100-ти гол за Реал Мадрид, во победата со 5-1 на гости против Осасуна. На 21 април, со Реал Мадрид ја освоил титулата во Примера Дивисион за сезоната 2011-2012 - прва по три годишна пауза - после натпреварот во кој ја победиле Барселона со 2-1 на Камп ноу; трета лична титула "Првак на Шпанија" за Гонсало.[45] Игуаин ја завршил сезоната со 22 постигнати гола во првенството, и го преземал местото во тимот како главен напаѓач за разлика од претходната сезона во која бил многу помалку користен од страна на Мурињо.[32] Во текот на оваа сезона со Карим Бензема (кој постигнал 21 гол) и Кристијано Роналдо (46 гола) станале најплодното напаѓачко трио во историјата на Реал Мадрид и на Шпанската лига.[46]

На почетокот на следната сезона, Игуаин бил стрелец во реванш натпреварот од Суперкупот на Шпанија против Барселона, во кој на домашен терен кралевите победиле со 2-1, и благодарение на правилото гол во гости го освоиле трофејот.[47]

Во својата последна сезона во Реал Мадрид, Игуаин најчесто бил алтернатива на Карим Бензема за местото во нападот, меѓутоа и покрај тоа што бил стартер само во 19 натпревари успеал да постигне 16 гола во првенството. По шест и пол сезони поминати во Мадрид, шест освоени трофеи, 264 натпревари и 121 постигнат гол, Игуаин изразил желба да го напушти клубот во летото 2013.

Наполи

уреди

На 27 јули 2013, Игуаин се преселил во Наполи,[48] во трансфер вреден 37 милиони евра плус 3 милиони во бонуси.[49][50] На презентацијата во клубот одбрал да го носи дресот со број 9.[51]

Своето деби за Наполи го направил во натпреварот од италијанското првенство на домашен терен против Болоња на 25 август.[52] Својот прв погодок за Наполи во Серија А го постигнал следната недела во победата на гости со 4-2 над Кјево.[53] На 3 мај 2014 година го освоил својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија, откако во финалето одиграно на Стадионот Олимпико во Рим ја совладале Фјорентина со 3-1.

Јувентус

уреди
 
Игуаин во Јувентус во 2017

На 26 јули 2016 Игуаин бил купен од страна на Јувентус,[54] за сума од 90 милиони евра што била клупски рекорд,[55] потпишувајќи петгодишен договор со клубот од Торино.[54] Неговиот трансфер станал најскапиот во историјата на Серија А и трет најскап во фудбалската историја.[56] На својата презентација во клубот избрал да го носи дресот со број 9., кој останал слободен по заминувањето на Алваро Мората дваесеттина дена претходно.[57]

Своето деби го имал на 20 август 2016 во натпреварот од првото коло од првенство на домашен терен против Фјорентина, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Марио Манџукиќ во 66-тата минута, за само 9 минути подоцна да биде херојот и да го постигне победничкиот гол во триумфот со 2-1.[58] На 10 септември, во својот прв натпревар како старт за Јувентус Игуаин постигнал два гола во првите 10 минути во победата со 3-1 над Сасуоло.[59] На 27-ми истиот месец го постигнал првиот гол за бјанконери во Лигата на шампионите, реализирајќи го вториот гол во убедливата победа со 0-4 на гостувањето кај Динамо Загреб.[60] На 29 октомври го постигнал победничкиот гол во победата со 2-1 над неговиот поранешен клуб, Наполи,[61] не славејќи го голот во знак на почит кон неаполската екипа.[62] По еден период на суша во кој не успеал да се впише во списокот на стрелците,[63] на 11 декември тој го пронашол патот до мрежата во натпреварот против Торино постигнувајќи ги израмнувачкиот и голот за водство на Јувентус во градското дерби кое на крајот бјанконерите го добиле со 1-3 на гости.[64] На 28 февруари 2017 година го постигнал својот прв гол за сезоната во Купот на Италија, во првиот полуфинален натпревар, постигнувајќи го вториот гол во победата со 3-1 над Наполи на Алијанц стадионот.[65] На 17 мај, тој бил во почетната постава на клубот која го победила Лацио во финалето на Купот на Италија во Рим со 2-0, освојувајќи го својот прв трофеј во дресот на Јувентус, а трет по ред за екипата која ја водел Масимилијано Алегри;[66] четири дена подоцна, со успехот од 3-0 над Кротоне,[67] на едно коло пред крајот на првенството дошла и шестата титула по ред "Шампион на Италија" на Јувентус која му овозможила на Игуаин да ја освои првата национална двојна круна во кариерата (истовремено трета по ред за Јувентус), а пред сè му овозможила на клубот за да го совлада рекордот наречен Златните пет години на Јувентус стар 82 години.[68] Сепак, успешната сезона на клубот не била комплетирана и со европскиот пехар бидејќи и покрај добрите игри во Лигата на шампионите и пласманот во финалето, Јувентус бил поразен од бранителот на титулата Реал Мадрид со 1-4 во Кардиф:[69] за Игуаин пак, тоа бил четвртиот загубен финален натпревар на меѓународно ниво, сметајќи ги и клубовите и репрезентацијата.[70]

Милан

уреди

На 2 август 2018 година, Игуаин бил бил позајмен на ФК Милан[71]. Според официјалната изјава на Јувентус, Милан платил 18 милиони евра на Јувентус за сезоната 2018-19, а доколку Милан сака целосно да го купи Игуаин следната сезона треба да плати 36 милиони евра[72].

Челси

уреди

На 23 јануари 2019, Челси го довел Игуаин на заем до крајот на сезоната 2018–2019, обединувајќи го со тренерот Маурицио Сари, кој го тренирал во Наполи.[73] Пет дена подоцна, го направил своето деби во победата со 3–0 на Стемфорд Бриџ над Шефилд Венздеј во четвртото коло од ФА Купот.[74] На 30 јануари, дебитирал во Премиер лигата во поразот со 4-0 од Борнмут.[75]

Репрезентативна кариера

уреди

На почетокот Игуаин го одолговлекуваше донесувањето олука дали да игра за аргентинскиот или за францускиот тим, тврдејќи дека во тоа време бил неодлучен за која држава претпочита да игра за на крај да се одлучи за Аргентина.3[18][19][20] Игуаин беше повикан од Аргентинскиот Олимписки Тим на пријателски натпревар против Гватемала во февруари 2008 година и постигна 2 гола во убедливото деби кога Аргентиба победи со 5-0, иако натпреварот не беше официјално од ФИФА како инернацнонален натпревар од А група. Игуаин беше избран за Аргентина од тренерот Диего Марадона во квалификациите за последното Светско Првенство против Перу и Уругвај. Тој го постигна првиот гол од првиот натпревар во 49 минута за победа од 2-1 над Перу на 10 октомври 2009 година. На 3 март 2010 година, тој го постигна вториот гол за Аргентина во победата над Германија со 1-0 на Алианц арената во Минхен веднаш по нападот во второто полувреме, искористувајќи ја грешката на германскиот голман Рене Адлер при што шутна и погоди од далечина од 20 метри.3[22] По квалификациите во Аргентина, Игуаин беше вклучен во тимот за Светското Првенство 2010 година. Тој постигна хет трик во победата на Аргентина над Јужна Кореја од 4-1 во финалето на Светското Првенство по Гилермо Стабиле во 1930 година и и Габриел Батистута во 1994 година и 1998 година3[23][24] и првиот играч кој постигнал хет трик во Светските Првенства од 2002 година. Неговиот гол во поразот од 3-1 над Мексико му донесе вкупно 4 и тој стана еден од топ стрелците на Аргентина на натпреварот.

Кратко по разочарувачката кампања за Светското првенство, на 7 септември 2010 година, Игуаин постигна 2 гола во пријателскиот натпревар против ново- крунисаниот Светски шампион Шпанија постигнувајќи резултат од 2-1 за натпреварот да заврши 4-1. Игуаин е еден од тројцата играчи родени надвор од Аргентина кои играа за Аргентина во Светското Првенство заедно со Педро Арико Суарез313[25] Константино Урбиета Соса.

Трофеи

уреди

Клупски

уреди

  Реал Мадрид

уреди

  Наполи

уреди

  Јувентус

уреди

Репрезентативни

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Gonzalo Higuaín“. it.eurosport.com. Посетено на 1 август 2016.
  2. Alessandro De Calò, Carlo Laudisa (4 декември 2015). „Higuain vero nove: dietro Lewandowski e Suarez, ma i numeri lo incoronano“. gazzetta.it. Посетено на 17 јануари 2016.
  3. „Napoli, consolati con Higuain: 14 gol in 15 gare. Meglio (in media) di Messi e CR7“. gazzetta.it. 6 декември 2015. Посетено на 17 јануари 2016.
  4. „Napoli, Higuain: il più forte centravanti del mondo“. corrieredellosport.it. 21 декември 2015. Посетено на 17 јануари 2016.
  5. „Napoli, Sarri: "Higuain è il più forte in circolazione". De Laurentiis: "Gruppo che vince e diverte". repubblica.it. 17 јануари 2016. Посетено на 17 јануари 2016.
  6. „Coppa Italia Napoli, Benitez: «Higuain fra i più forti al mondo»“. corrieredellosport.it. 4 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-22. Посетено на 22 февруари 2015. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  7. Antonio Giordano (22 декември 2015). „Napoli, Sarri: «Higuain il centravanti più forte del mondo»“. corrieredellosport.it. Посетено на 17 јануари 2016.
  8. „Higuain, record di gol: sono 36, superato Nordahl“. gazzetta.it. 14 мај 2016.
  9. Гледано во сите првенства на Италија од највисокото ниво, рекордот е израмнет со оној на Џино Росети, авторот на ист број голови во првенството 1928-1929.Mark Doyle (14 мај 2016). „From lazy to lethal: How Sarri turned Higuain into Serie A's most prolific striker ever“. goal.com (англиски).
  10. „10 Curiosidades de: Gonzalo Higuaín“. futbolsapiens.com (шпански). 26 март 2013. Посетено на 27 јули 2016.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Juan Pablo Varsky (2 ноември 2009). „Higuaín los convence a todos“. canchallena.lanacion.com.ar (шпански). Архивирано од изворникот на 2015-07-30. Посетено на 25 јули 2013.
  12. Rita Caridi (16 април 2015). „Calciatori e soprannomi: ecco perché Higuain è chiamato El Pipita“. calcioweb.eu. Посетено на 27 јули 2016.
  13. „Higuain to choose Argentina over France - Report“. ESPN FC. 24 January 2007. Посетено на 18 October 2015.
  14. 14,0 14,1 „Higuain, che spettacolo: numeri da fenomeno sulla ruota di Napoli“. sport.sky.it. 6 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-04-13. Посетено на 27 јули 2016.
  15. 15,0 15,1 15,2 Blair Newman (29 јануари 2016). „Why Gonzalo Higuaín now stands as an equal with any No9 in world football“. theguardian.com (англиски). Посетено на 3 мај 2016.
  16. 16,0 16,1 Пино Таормина (10 февруари 2016). „Фабио Канаваро: «Наполи, бидете внимателни: победува оној кој најдобро се брани»“. sport.ilmattino.it. Архивирано од изворникот на 2016-06-02. Посетено на 4 мај 2016.
  17. 17,0 17,1 Angelo Rossi (10 февруари 2014). „Napoli calcio. Fenomeno Higuain, Batistuta lo incorona: «Più forte di Cavani»“. sport.ilmattino.it. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 3 мај 2016.
  18. 18,0 18,1 Rino Cesarano (6 март 2015). „Napoli, Higuain sembra Maradona: segna e fa segnare“. corrieredellosport.it. Архивирано од изворникот на 2015-03-08. Посетено на 3 мај 2016.
  19. „Serie A, Napoli: 21 reti e 10 assist. Higuain è il trascinatore“. corrieredellosport.it. 19 март 2014. Архивирано од изворникот на 2015-02-22. Посетено на 3 мај 2016.
  20. „Higuain fa cantare Napoli, Capello ricorda: "Lo portai io al Real...". goal.com. 2 март 2014. Посетено на 4 јануари 2015.
  21. „World Cup 2010: Diego Maradona Compares Gonzalo Higuain To Argentina Legends Gabriel Batistuta & Hernan Crespo“. goal.com (англиски). 26 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2016-10-10. Посетено на 3 мај 2016.
  22. „Addio Francia! Maradona convoca Higuain e lo sottrae a Domenech: "Ci serviva uno così". goal.com. 9 октомври 2009. Посетено на 28 февруари 2015.
  23. „El recuerdo del debut del Pipita“. lapaginamillonaria.com (шпански). 29 мај 2012. Посетено на 25 јули 2013.
  24. Raúl Piña (9 октомври 2006). „El "Pipita" Higuaín se come a Boca“. elmundo.es (шпански). Посетено на 27 јули 2016.
  25. „Passarella predicts River's 18-year-old Higuain has "enormous future"HIGUAIN is becoming one of the most dangerous strikers in the world“. International Herald Tribune. 9 October 2006.
  26. Antonino Morici (14 декември 2006). „Higuain è del Real Madrid“. gazzetta.it. Посетено на 27 јули 2016.[мртва врска]
  27. „El Real Madrid ficha a Higuaín“. deportes.elpais.com (шпански). 14 декември 2006. Посетено на 27 јули 2016.
  28. „Higuaín cumplirá ante el Getafe su partido 100 en Liga con el Real Madrid“. adn.es (шпански). 23 март 2010. Архивирано од изворникот на 2010-03-29. Посетено на 27 јули 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  29. 29,0 29,1 29,2 Sergio Gómez (24 февруари 2012). „Higuaín: cinco años de su primer gol con el Madrid“. futbol.as.com (шпански). Посетено на 27 јули 2016.
  30. „Bayern a galla con Van Bommel“. it.uefa.com. 21 февруари 2007. Посетено на 27 јули 2016.
  31. Jorge Otero (12 мај 2007). „El Madrid culmina una espectacular remontada y se dispara hacia el título“. 20minutos.es (шпански). Посетено на 27 јули 2016.
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 32,4 32,5 „La storia di Gonzalo Higuain, il bomber che fa sognare Napoli“. tuttomercatoweb.com. 14 ноември 2013. Посетено на 27 февруари 2015.
  33. „Real Madrid, Campéon de Liga 2007-2008“. espaciodeportes.com (шпански). 5 мај 2008.
  34. „Clamoroso a Madrid, il Real vince in 9“. it.eurosport.com. 24 август 2008. Посетено на 27 јули 2016.
  35. „8a giornata: Real Madrid 3-2 Athletic“. athleticclubita.blogspot.it (шпански). 28 октомври 2008. Посетено на 12 мај 2015.
  36. „Higuaín: "Es la primera vez que marco cuatro goles". futbol.as.com (шпански). 8 ноември 2008.
  37. „Real Madrid's Gonzalo Higuaín hits hat-trick to overwhelm Valladolid“. theguardian.com (англиски). 14 март 2010.
  38. „Comunicado oficial: Gonzalo Higuaín, renovado hasta 2016“. realmadrid.com. 7 јуни 2010.
  39. „Higuaín marcó el gol 700 del Real Madrid en Copa de Europa“. realmadrid.com. 3 ноември 2010.
  40. María Sánchez-Monge (10 јануари 2011). „Higuaín tenía motivos para huir del bisturí“. elmundo.es (шпански).
  41. „Higuaín fue operado con éxito de la hernia discal“. clarin.com (шпански). 11 јануари 2011. Посетено на 27 јули 2016.
  42. Real Madrid vs. Sporting Gijón 0-1 us.soccerway.com
  43. „Il Real Madrid vince la Coppa del Re“. ilpost.it. 21 април 2014. Посетено на 10 јули 2014.
  44. Jacopo Gerna (20 април 2011). „Mourinho è il Re di Madrid. Decide Ronaldo, Barça battuto“. gazzetta.it. Посетено на 27 јули 2016.
  45. „Liga: Cristiano Ronaldo mette a tacere il Camp Nou“. euronews.com. 21 април 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 22 април 2012.
  46. „El tridente formado por Cristiano Ronaldo, Benzema e Higuaín ha marcado 118 goles esta temporada“. realmadrid.com (шпански). 23 мај 2012.
  47. Adriano Seu (29 август 2012). „Supershow: il Real piega il Barça. Mou si prende il primo trofeo“. gazzetta.it. Посетено на 30 август 2012.
  48. „Наполи го официјализираше трансферот на Гонсало Игуаин“. sscnapoli.it. 27 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2016-09-29. Посетено на 11 септември 2016.
  49. Gianluca Di Marzio (23 јули 2013). „Higuain-Napoli, i dettagli economici dell'operazione“. gianlucadimarzio.com. Архивирано од изворникот на 2016-07-26. Посетено на 2016-10-22.
  50. Alessio D'Urso, Gaetano Imparato (25 јули 2013). „Napoli, Higuain fa le visite: è bagno di folla. C'è anche Reina: "Felice di ritrovare Benitez". gazzetta.it.
  51. „Assegnati i numeri di maglia: il 9 ad Higuain, per Callejon il 7 e per Albiol il 33“. ilmattino.it. 30 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-30. Посетено на 2016-10-22.
  52. Gennaro Bozza (25 август 2013). „Napoli-Bologna 3-0: apre Callejon, poi la doppietta di super Hamsik“. gazzetta.it.
  53. Alessio D'Urso (31 август 2013). „Chievo-Napoli 2-4, Hamsik-Higuain da urlo. Non basta un super Paloschi“. gazzetta.it.
  54. 54,0 54,1 „Гонсало Игуаин е бјанконеро!“. juventus.com. 26 јули 2016.
  55. „Гонсало Игуаин, трет најскап трансфер во фудбалската историја“. taratur.com. 26 јули 2016.[мртва врска]
  56. „L'acquisto di Higuain batte i record di ingaggio degli ex campioni del Parma“. parma.repubblica.it. 26 јули 2016. Посетено на 27 јули 2016.
  57. „Higuain dal balcone della sede Juve espone la sua nuova maglia numero 9“. lastampa.it. 27 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-15. Посетено на 27 јули 2016.
  58. „Higuain: 'Happy with Juve goal'. Football Italia. 20 August 2016. Посетено на 21 August 2016.
  59. Valerio Clari (10 септември 2016). „Juve-Sassuolo 3-1: Higuain doppietta, segna anche Pjanic, Allegri fa festa“. gazzetta.it.
  60. Matteo Dalla Vite (27 септември 2016). „Champions, Dinamo-Juve 0-4: gol di Pjanic, Higuain, Dybala e Dani Alves“.
  61. Jacopo Gerna (29 октомври 2016). „Juventus-Napoli 2-1: Higuain decide ma non esulta. Bonucci e Callejon in gol“.
  62. „Juventus-Napoli, Higuain segna il gol decisivo ma non esulta“. 29 октомври 2016.
  63. „Juventus, Higuain in crisi: solo 7 gol e in 6 partite non ha mai tirato in porta!“. 30 ноември 2016.
  64. Valerio Clari (11 декември 2016). „Torino-Juventus 1-3: Belotti, doppietta di Higuain e Pjanic“.
  65. Valerio Clari (28 февруари 2017). „Coppa Italia, Juventus-Napoli 3-1: gol di Callejon, Dybala (2) e Higuain“.
  66. Marco Fallisi (17 мај 2017). „Coppa Italia, Juve-Lazio 2-0: gol di Dani Alves e Bonucci, storico tris bianconero“.
  67. Jacopo Gerna (21 мај 2017). „Juventus-Crotone 3-0, bianconeri nella leggenda: gol di Mandzukic, Dybala e Alex Sandro“.
  68. Fabio Balaudo (22 мај 2017). „Dal 2012 al 2017: la Juve e la legge(nda) del 6“.
  69. Fabio Balaudo (3 јуни 2017). „Real, poker e leggenda: la Juve si inchina“.
  70. Valerio Clari (4 јуни 2017). „Higuain, continua la maledizioni delle finali“.
  71. „Official: Milan sign Higuain, Caldara“. Football Italia. 2 August 2018.
  72. „comunicato 02082018 accordi con milan ita.pdf“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-02.
  73. „Gonzalo Higuaín completes loan transfer to Chelsea“. Chelsea F.C. official website. 23 January 2019. Посетено на 23 January 2019.
  74. „Chelsea 3 Sheffield Wednesday 0: Bayern target Hudson-Odoi nets on Higuain debut“. Goal.com. 28 January 2019.
  75. „REPORT: BOURNEMOUTH 4 CHELSEA 0“. chelseafc.com. 30 January 2019.
  76. „Chile 0–0 Argentina (Chile win 4–1 on penalties)“. BBC Sport. 5 July 2010. Посетено на 5 July 2015.

Надворешни врски

уреди