Јувентус Примавера

ФК Јувентус Примавера — вториот тим на фудбалскиот клуб Јувентус. Таа е дел од младинскиот сектор на клубот, кој е составен од различни тимови поделени по возрасни групи како: Примавера (15-20 години), Берети (под 19 години), Алиеви (15-17 години), Џованисими (под 15), Есордиенти (10-12) и Пулчини (8-10 години). Сите младински категории моментално тренираат на главниот терен за тренинг, во Јувентус центарот, кој се наоѓа во Пиедмонт во селото Виново (14 км на југозапад од Торино). Јувентус Примавера е главната екипа на младинскиот погон на Јувентус и тука играат најталентираните играчи во младинскиот сектор кој се на возраст од 15 до 20 години. Секоја сезона во Примавера тимот шанса за проверка добиваат многу млади играчи од Италија и од странство кој доаѓаат на проби во Јувентус и оттаму ја бараат шансата за настап во првиот тим.

Јувентус Примавера
Целосно имеJuventus Football Club
ПрекариСтарата дама , Бјанконери (Црно-бели)Зебрите
Основанноември 1, 1897; пред 126 години (1897-11-01) (as Sport Club Juventus)
СтадионЈувентус центар, Виново
Торино, Италија
СопственикФамилијата Ањели
(through Exor S.p.A)
ПретседателИталијаАндреа Ањели
Head CoachИталијаФабио Гросо
ЛигаПримавера ТИМ Чемпионшип
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои

Примавера тимот се натпреварува во Примавера првенството, со Примавера категориите на останатите екипи во Италија. Исто така играат и во Купот на Италија Примавера, Турнирот Вијареџо и во зависност од постигнатите резултати можат да играат и во Суперкупот Примавера како и во Младинската Лига на шампиони. Инаку Примавера тимот на Јувентус е најуспешен кога се во прашање настапите на Турнирот Вијареџо освојувајќи најмногу досега 9 титули колку што има и Милан.

Моментален тим уреди

Бр. Позиција Играч
  ГМ Емил Аудеро
  ГМ Леонардо Витали
  ГМ Матија Дел Фаверо
  ГМ Патрик Консол
  ОД Филипо Ромања
  ОД Џулио Пароди
  ОД Карлос Бланко
  ОД Јоан Северин
  ОД Алесандро Волјачо
  ОД Лука Кочоло
  ОД Клаудио Ѕапа
  ОД Пјетро Беруато
  ОД Пол Лирола
  ОД Алесандро Елеутери
Бр. Позиција Играч
  СР Стефано Пелини
  СР Матија Витале
  СР Симоне Мураторе
  СР Оумар Туре
  СР Габриеле Бове
  СР Роман Мачек
  СР Григорис Кастанос
  СР Франческо Касата
  СР Фабио Морсели
  НП Гвидо Вадала
  НП Лука Клеменца
  НП Кинг Удох
  НП Николо Поцебон
  НП Андреа Фавили

Стручни кадри уреди

  • Тренер: Фабио Гросо
  • Тренер на голманите: Алесандро Ниста
  • Фитнес тренер: Марио Ротондале
  • Придружен тренер: Лучано Черути
  • Доктор: Д-р Паоло Гола
  • Масежер: Џанлука Роси

Титули уреди

Надворешни врски уреди