Трка околу Фландрија 2023
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 107. Трка околу Фландрија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2023 1.UWT | ||
Датум | 2 април 2023 | ||
Растојание | 273,4 км | ||
Држава | Белгија | ||
Поаѓалиште | Брухе | ||
Одредиште | Ауденарде | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 175 | ||
Возачи на крај | 96 | ||
Просечна брзина | 44,082 км/ч | ||
Искачени метри | 3227 m | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати) | ||
Второпласиран | Матје ван дер Пул (Алпесин-Декојнинк) | ||
Третопласиран | Мадс Педерсен (Трек-Сегафредо) | ||
◀2022 | 2024 ▶ | ||
Документација |
Трка околу Фландрија 2023 — 107. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Фландрија, која се одржала на 2 април како 14. настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката започнала во Брухе и завршила во Ауденарде, Белгија, протегајќи се на 273,4 километри.[2] Таа била втор монумент во велосипедската сезона 2023.
Трката била освоена од Тадеј Погачар од ОАЕ Тим Емирати, станувајќи само трет возач во историјата кој ги освоил Тур де Франс и Трката околу Фландрија. Откако нападнал на второто качување на Ауде Кваремонт и Копенберг за да ја намали групата, Погачар нападнал на последното искачување на Ауде Кваремонт на околу 18 километри до целта за да ги отфрли неговите соперници, со што возел сам до целта за победа на неговиот трет различен велосипедски монумент и четврти вкупно.[3][4] Второто место му припадналото на минатогодишниот победник, Матје ван дер Пул од Алпесин-Декојнинк, 16 секунди зад Словенецот. Ван дер Пул, заедно со Ваут ван Ерт, биле единствените возачи кои можеле да го следат Погачар по првичните негови напади. Ван дер Пул се издвоил од Ван Ерт откако забрзал на Крајсберг пред да се случи клучниот напад на Словенецот. Третото место го освоил Мадс Педерсен од Трек-Сегафредо откако ја претекнал групата составена од седум возачи за да го заземе местото на подиумот. Педерсен бил дел од група која се одвоила по Моленберг на околу 100 километри до крајот, одржувајќи водство од три минути пред главните фаворити. Педерсен ја нападнал групата на околу 30 километри до крајот, пред да биде фатен и поминат од Погачар и Ван дер Пул на второто искачување на Ауде Кваремонт.[5][6]
Филип Мачејук од Тим Бахреин Викториус бил дисквалификуван во првата половина на трката откако предизвивал „огромен инцидент“ кога се вратил на патот.[7] Многу од главната група паднале во падот,[3] при што Петер Саган и Тим Веленс ја напуштиле трката.[7] Мачејук подоцна се извил за неговата постапка, наведувајќи „Ова не требаше да се случи и беше голема грешка во мојата проценка“.[7]
Екипи
уредиБидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[9]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Список на учесници
уредиНаводи
уреди- ↑ „UCI World Tour Races“. procyclingstats.com. Посетено на 19 December 2022.
- ↑ Ostanek, Daniel (2023-03-23). „Tour of Flanders 2023 route“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2023-04-03.
- ↑ 3,0 3,1 Marshall-Bell, Chris (2023-04-02). „Tadej Pogačar eyes Monument collection after superb Tour of Flanders win“. cyclingweekly.com (англиски). Посетено на 2023-04-03.
- ↑ „Slovenian Pogacar wins Tour of Flanders classic“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2023-04-03.
- ↑ Marshall-Bell, Chris (2 April 2023). „Tadej Pogačar attacks on the Kwaremont to win a dramatic Tour of Flanders“. CyclingWeekly. Посетено на 2 April 2023.
- ↑ Ryan, Barry; Farrand, Stephen (2 April 2023). „Tour of Flanders: Tadej Pogačar wins alone after stunning Kwaremont attack“. CyclingNews. Посетено на 2 April 2023.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Marshall-Bell, Chris (2023-04-02). „Bahrain-Victorious rider apologises for causing huge Tour of Flanders crash: 'This should not happen'“. cyclingweekly.com (англиски). Посетено на 2023-04-03.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „107th Ronde van Vlaanderen - Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 27 March 2023.
- ↑ „Трка околу Фландрија 2023“. ProCycling.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Трка околу Фландрија 2023“. ProCycling.