<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

28 декември — 362-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (363-и во престапна година). Остануваат 3 денови до крајот на годината.

Настани:

1895  Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
1908  Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
1943  Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот баталјон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеал поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и Демир Капија.
1944  Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1944  Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1995  Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „Скипер“, сопственост на Универзитетот во Јута, САД.
1997  Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурнското предградие Епинг.

Родени:

1713  Никола Луј де Лакај — француски астроном.
1856  Вудро Вилсон — претседател на САД.
1885  Владимир Татлин — руски и советски сликар и архитект.
1887  Валтер Рутмангермански експериментален режисер.
1888  Фридрих Мурнаугермански режисер.
1903  Џон фон Нојман — унгарско-американски математичар и физичар.
1934  Меги Смит — англиска глумица.
1950  Алекс Чилтон — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
1954  Дензел Вашингтон — американски глумец.
1961  Бошко Ѓуровски — македонски фудбалер.
1962  Мишел Петручијани — француски џез-музичар.
1972  Патрик Рафтер — австралиски тенисер.
1978  Џон Леџенд — американски пејач.
1981  Сиена Милер — британско-американска глумица.
1982  Милан Барош — чешки фудбалер.
1990  Маркос Алонсо Мендоса — шпански фудбалер.

Починале:

1694  Марија II — кралица на Англија.
1703  Мустафа IIотомански султан.
1925  Сергеј Александрович Есенин — руски поет.
1937  Морис Равел — француски композитор.
1945  Теодор Драјзер — американски писател.
1984  Сем Пекинпо — американски филмски режисер.
2001  Џемаил Максут — македонски театарски и филмски глумец.
2001  Атанас Петровски — македонски филмски режисер и продуцент.
2004  Сузан Зонтаг — американска писателка.
2005  Стево Жигон — југословенски и српски глумец.
2010  Атина Бојаџи — македонска маратонка во пливање.
2015  Леми Килмистер — англиски рок-музичар, член на групата „Моторхед“.
2015  Џон Бредбери — англиски рок-музичар, тапанар на ска-групата „Спешлс“ (The Specials).
2016  Деби Рејнолдс — американска глумица и пејачка.