Меги Смит

британска глумица

Маргарет Натали Смит (англиски: Margaret Natalie Smith; 28 декември 1934 - 27 септември 2024[2]), позната како Меги Смит (Maggie Smith) — англиска глумица.

Меги Смит
Смит во 2007 година
Роден(а)Маргарет Натали Смит
28 декември 1934(1934-12-28)
Илфорд, Есекс, Англија[1]
Починал(а)27 септември 2024(2024-09-27) (возр. 89)
Лондон, Англија
ЖивеалиштеЛондон, Англија
НационалностБританско
ЗанимањеГлумица
Активен период1952–2024
СопружникРоберт Стивенс
 (в. 1967; раз. 1974)

Беверли Крос
 (в. 1975; починал 1998)
ДецаКрис Ларкин
Тоби Стивенс

Таа има долга, разновидна театарска, филмска и телевизиска кариера која трае повеќе од шеесет години. Смит глумела во повеќе од 50 филмови и е една од британските најпознати глумици. Истакнат уметник во британската култура шест децении, таа била прогласена за Дама од Кралицата Елизабета II во 1990 година за заслуги во сценски уметности,[3] и го добила орденот на честа од Кралицата во 2014 година за заслуги кон глумата.[4]

Смит ја започнала својата кариера во театарот во Оксфорд во 1952 година и својот прв настап на Бродвеј го имала во мјузиклот Нови ликови од '56. За нејзината работа во лондонските театри, таа ја освоила наградата Ивнинг Стандард рекордни пет пати. Таа била номинирана за престижната театарска Награда Тони за нејзините изведби во Приватни животи (1975) и Ноќ и ден (1979), а наградата ја добила во 1990 година за улогата во претставата Летис и селен.

На филмското платно, Смит прво привлекла пофалби со улогата во криминалниот филм Никаде да се оди (1958), за која ја добила својата прва номинација за наградата БАФТА.[5] Таа освоила два Оскари, освојувајќи Оскар за најдобра глумица за Најдобри години на госпоѓица Џин Броди (1969) и Оскар за најдобра споредна глумица за Калифорниски апартман (1978). Таа е само една од шестте глумици кои освоиле Оскар во двете категории.[6] Таа освоила рекордни четири БАФТА награди за најдобра глумица, една БАФТА награда за најдобра споредна глумица и три Златни глобуси. Покрај двата освоени Оскари, таа била номинирана за Оскар уште шест пати.

Смит ја глумела Професорката Минерва Мекгонагал во филмскиот серијал Хари Потер (2001–11). Други значајни филмски улоги таа играла во филмовите Љубов и болка и целото проклето нешто (1973), Смрт на Нил (1978), Борба на титаните (1981), Зло под сонцето (1982), Приватна функција (1984), Осамената страст на Џудит Херн (1988), Кука (1991), Сестри во акција (1992), Чај со Мусолини (1999), Најдобриот егзотичен Мариголд хотел (2012) и Госпоѓата во комбето (2015). Таа освоила Еми награда во 2003 година за Мојата куќа во Умбриа, со што станала една од малкутте глумици кои ја освоиле тројната круна во глумењето.[7][8] За улогата на Вајолет Краули во серијата Даунтонска опатија (2010–15), таа освоила три Еми награди, прва негрупна награда од страна на здружението на филмски глумци и трет Златен глобус. Почесно таа е добитник на БАФТА специјална награда (1993), БАФТА награда за животно дело (1996), и Специјална Оливје награда (2011).

Животопис

уреди

Меги Смит е родена на 28 декември 1934 година. Од 1967 до 1974 година, таа била омажена за Роберт Стивенс, а од 1975 до 1998 година била во брак со драматургот Беверли Крос. Во едно интервју, таа изјавила: „Сè се чини бесцелно кога немаш со кого да го споделиш. Сите велат дека со текот на времето станува полесно, но мислам дека тоа не е точно“.[9]

 
Отпечатоци на дланките на Смит на плоштадот Лестер.

Кариера

уреди

Меги Смит ја играла улогата на Вајолет Кроли во серијата „Замокот Даунтон“ за која добила „Златен глобус“ и две награди „Еми“. Исто така, таа играла и во серијата „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“.[9]

Наводи

уреди
  1. „Person Details for Margaret N. Smith, "England and Wales Birth Registration Index, 1837-2008". FamilySearch.org.
  2. „Orders and decorations conferred by the crown“. Debrett's. Архивирано од изворникот на 2015-01-29. Посетено на 4 January 2015.
  3. Spears, W. (30 December 1989). „Queen Honors Naipaul, Maggie Smith“. Philly.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 1 January 2014.
  4. „No. 60895“. The London Gazette (invalid |supp= (help)). 14 June 2014. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  5. „Film in 1959“. Bafta.org. Посетено на 1 January 2014.
  6. „Academy Awards Best Actress“. Filmsite.org. Посетено на 7 August 2013.
  7. „What do Al Pacino and Maggie Smith have in common?“. Los Angeles Times. 9 July 2010. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 7 August 2013.
  8. Croggon, Alison (10 June 2009). „Jewel in the triple crown“. News.com.au. Архивирано од изворникот на 2015-08-14. Посетено на 1 January 2014.
  9. 9,0 9,1 Наташа Спирова, „Џоан Колинс пишува книги, Меги Смит жнее награди“, Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 10-11.

Надворешни врски

уреди