Мустафа II
Мустафа II (6 февруари 1664 во Одрин - 28 декември 1703 во Цариград) бил дваесетивториот султан на Отоманското Царство. Бил роден во Одрин (1664-1703) како син на Мехмед IV и неговата сопруга Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло[1] која имала грчко потекло[2][3][4][5][6]. Го наследил својот чичко Ахмед II во 1695 година. Во 1697 година претрпел голем пораз од страна на принцот Евгениј Савојски.
Мустафа II | |
---|---|
Отомански султан | |
Калиф | |
Владеење | 6 февруари 1695 – 8 декември 1703 |
Период | Застој на Отоманското Царство |
Полно име | Мустафа II |
Претходник | Ахмед II |
Наследник | Ахмед III |
Семејство | Отоманска династија |
Династија | Отоманска династија |
Биографија
уредиЗа разлика од неговите двајца претходници, пред пристапувањето на престолот не бил затворен во никаква ќелија на Топкапи-сарај, и живеел во Одрин, каде уживал релативна слобода. Во раните години на неговото владеење се обидувал да го скрши неуспехот на турската војна против “Светата лига”. Во 1696 лично ја предводел армијата на Балканот, и поради бројната супериорност во однос на Австријците имал некои успеси. Следната година, 1697 , турската армија под команда на големиот везир Мехмед Паша Елмас била поразена од империјалните сили на Евгениј Савојски во Битката кај Сента. Во 1696, руската војска го зазела Азов.
Во 1699 бил потпишан Карловицкиот мировен договор со кој на Венеција и припаднале Пелопонез (Мореја) и Далмација, Австрија ги добила Унгарија и Трансилванија, Полска – Подолија. Со договорот од Цариград во 1700, на Русија и бил отстапен Азов.
По војната, Мустафа живеел претежно во Одрин, каде што се занимавал со лов. Во август 1703 година, против него во Цариград, започнало востание, а на бунтовниците се приклучил дел од јаничарите. Бунтовниците организирале поход на Одрин. Во борбата на бунтовниците со владините трупи, вториве прешле на бунтовничката страна, а потоа Мустафа абдицирал во корист на неговиот брат Ахмед III. По четири месеци поранешниот султан умрел (можно е да бил отруен).
Наводи
уреди- ↑ Baker, Anthony E (1993). The Bosphorus. Redhouse Press. стр. 146. ISBN 9754130620.
The Valide Sultan was born Evmania Voria, daughter of a Greek priest in a village near Rethymnon on Crete. She was captured by the Turks when they took Rethymnon in 1645.
- ↑ Freely, John (2001). The lost Messiah. Viking. стр. 132. ISBN 0670886750.
He set up his harem there, his favourite being Rabia Giilniis Ummetiillah, a Greek girl from Rethymnon on Crete
- ↑ Palmer, Alan (2009). The decline and fall of the Ottoman Empire. Barnes & Noble. стр. 27. ISBN 156619847X.
Unusually, the twenty-nine year old Ahmed III was a brother, rather than a half- brother, of his predecessor; their Cretan mother, Rabia
- ↑ Bromley, J. S. (1957). The New Cambridge Modern History. University of California: University Press. стр. 554. ISBN 0521221285.
the mother of Mustafa II and Ahmed III was a Cretan
- ↑ Sardo, Eugenio Lo (1999). Tra greci e turchi: fonti diplomatiche italiane sul Settecento ottomano. Consiglio nazionale delle ricerche. стр. 82. ISBN 88-8080-014-0.
Their mother, a Cretan, lady named Rabia Gulnus, continued to wield influence as the Walide Sultan - mother of the reigning sultan
- ↑ Library Information and Research Service (2005). The Middle East. Library Information and Research Service. стр. 91.
She was the daughter of a Cretan (Greek) family and she was the mother of Mustafa II (1664-1703), and Ahmed III (1673-1736).