Дурбан
Дурбан — град во провинцијата КваЗулу-Натал во Јужноафриканската Република. Овој град е познат и по неговото зулу име - eThekwini (што значи "кај пристаништето", од зулу зборот itheku). До 2000 година, неколку градови, вклучувајќи го и Дурбан, биле дел од Етеквини метрополитенската општина.
Дурбан е окарактеризиран како "игралиштето на Јужна Африка". Често е нарекуван и "Мајами Бич" на Јужна Африка, како резултат на големите и бројни хотели кои се протегаат долж дурбанската плажа, како и поради неговата суптропска клима, која е нешто поладна од гореспоменатиот флоридски град.
Дурбан е дом на околу 3,5 милиони жители од најразлични култури, вклучувајќи и голема индиска заедница, правејќи го притоа вториот најголем град во ЈАР.
Додека Јоханесбург ја прегрна својата нова афроцентричка природа, а Кејптаун се задржа на својата евроцентричка култура, Дурбан се разви како полиглотски етноцентричен град на источните, западните и африканските култури, притоа секоја давајќи му единствена одлика.
Дурбан е во основа "празничен град", со многу плажи, но во исто време тој е и африканското најзафатено пристаниште и има развиен индустриски центар. Неговото пристаниште е едно од светските најголеми природни длабочински пристаништа.
Долгата низа од хотели кои се поредени долж плажата е позната како дурбанската Златна Милја.
Метрополитенска општина
уредиДурбан е седиште на провинцијата Етеквини, која е исто така и една од единаесетте области на КваЗулу-Натал провинцијата во ЈАР. Таа е и една од шесте метрополитенски општини на ЈАР.
Соседи
уредиОпштината Етеквини (во која и се наоѓа Дурбан) е опколена со следните области:
- Илембе на север (DC29)
- Угу на југ (DC21)
- Умгунгундлову на исток (DC22)
Историја
уредиПлемето Зулу ја нарекувало лагуната околу која е сместен Дурбан "Thekwini" (лагуна) и поставувало стапици за риби во трските. На 25 декември, 1497 година, португалскиот истражувач Васко де Гама се укотвил на територијата на денешниот Дурбан и го именувал природното пристаниште "Rio De Natal" (Божиќна Река). Тоа било нарекувано и "Parva de Pescaria" (Рибниците) поради стапиците за риби.