Софија Лорен (20 септември 1934, Рим, Италија) е италијанска глумица.

Софија Лорен

Животопис

уреди

Софија Лорен е родена на 20 септември 1934 година, во Рим. Нејзиниот татко бил инженер, а нејзината мајка учителка по пијано. Израснала во сиромашни услови, во градот Поцуоли, близу до Неапол за време на Втората светска војна. На 15 години, таа заминала во Рим за да бара филмска улога, а со платата како модел за илустрирање романтични приказни го издржувала нејзиното семејство. Пред да го роди своето прво дете, Софија имала два спонтани абортуса, но подоцна, по сите компликации успеала да роди две деца во бракот со Карло Понти, кои се викале Карло Понти и Едуардо Понти. Со Карло Понти останала во брак до неговата смет во 2007 година. Во една прилика, на прашањето, дали повторно би се омажила, таа одговорила: „Не, никогаш повеќе. Би било невозможно да сакам друг човек“.[1]

Во 1982 година, Софија Лорен одлежала 18 дена во затворот во Италија, заради неплатени даноци.

Кариера

уреди

По малата филмска улога во филмот „Quo Vadis“, Софија во 1957 година го запознала продуцентот Карло Понти за кого се омажила на својот 23 роденден. Подоцна, таа морала да се разведе од него за да го спаси од обвинувањата за бигамија, со оглед на тоа што тој веќе бил оженет, но сепак останале љубовници.

Кога во 1962 година освоила Оскар за италијанската воена драма „Чочара“, таа станала прва глумица во историјата која го добила „Оскарот“ надвор од англиското говорно подрачје, за улогата на Грофицата од Хонгконг. Во 1967 година, таа глумела во последниот филм кој го режирал Чарли Чаплин.

Последниот филм во кој глумела Лорен (тогаш, на возраст од 80 години) бил „Девет“ од 2009 година.[1]

Освен „Оскар“, Софија Лорен освоила и пет награди „Златен глобус“, четири пати за најпопуларна женска ѕвезда, а еднаш за животно дело во областа на филмот.

Во 1995 година, списанието „Емпајер“ ја нарекол најпривлечна ѕвезда во филмската историја.

Филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова, „Џоан Колинс пишува книги, Меги Смит жнее награди“, Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 10-11.