Албрехт IV (војвода на Австрија)

Леополд IV (германски: Albrecht, II. von Habsburg, IV. von Österreich, das Weltwunder, Albrecht der Geduldige, роден околу 20 септември 1377 во Виена - починал на 25 август 1404 во Клостернојбур) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија (1395—1404).

Албрехт IV
Албрехт IV
Војвода на Австрија
Владеење1395 - 1404
ПретходникАлбрехт III
НаследникАлбрехт V
Роден(а)19 септември 1377(1377-09-19)
Виена
Починал(а)14 септември 1404(1404-09-14) (возр. 26)
Клостернојбург
Благородно семејствоХабсбуршка династија
Сопружник(ци)Јохана Софија Баварската
ТаткоАлбрехт III
МајкаБеатриса фон Цолерн

Рани години

уреди

Албрехт IV бил единствениот син на војводата Албрехт III и Беатриса фон Цолерн.

Како млад тој ја посетил Светата земја и се вратил назад во пролетта 1396 година. За донесените богатства, тој го добил името „Чудото на светот“ ( "das Weltwunder")[1].

Управување

уреди

По смртта на неговиот татко на 29 август 1395 година тој го презел управувањето и веднаш се судрил со нетговиот постар братучед војводата Вилхелм (1370 - 1406), син на неговиот чичко Леополд III (1351 - 1386), кој го посакал целото управување на Австрија. На 22 ноември 1395 година преку Договорот од Холенбург, Австрија била рамноправно распределена за управување. Заедно со поделбата на сферите, исто така било договорено и приходите да се распределуваат подеднакво за сите.

Во 1400 година Албрехт IV заминал на поклонение во Светата земја и во Ерусалим станал витез на „Редот на Светиот гроб“.

Албрехт, исто како и неговиот татко, бил на страната на унгарскиот крал Сигизмунд Луксембуршки. Во еден воен поход против Бохемија, Албрехт IV бил убиен на 26 години во август 1404 година при опсадата на Знојмо во Долна Австрија.

Бидејќи неговиот син, Албрехт V биле малолетен, регентството го презеле неговите братучеди Вилхелм, потоа Леополд (1371 - 1411), и по него и Ернест (1377 - 1424).

Семејство

уреди

Албрехт IV се оженил на 24 април 1390 година во Виена за принцезата Јохана Софија Баварската (1377 - 1410), ќерка на Војводата Албрехт I и неговата прва сопруга, принцезата Маргарета. Тие имале две деца:

Наводи

уреди
  1. Albrecht IV (англиски). Austria-Forum. Посетено на 29 март 2016.

Надворешни врски

уреди
Албрехт IV (војвода на Австрија)
Роден(а): 19 септември 1377 Починал(а): 14 септември 1404
Владејачки титули
Претходник
Албрехт III
Војвода на Австрија
1395–1404
Наследник
Албрехт V