Цеко Стефанов – Попиванов (Кочани, 27 септември 1907Скопје, 20 септември 1944) — македонски поет, писател и новинар. Во 1943 година одиграл контроверзна улога во убиството на 13 симпатизери на НОБ и партизани од страна на бугарските окупациски сили.

Цеко Стефанов
македонски поет, прозаист, драмски автор, новинар и публицист
Роден/а27 септември 1907
Кочани, Македонија
Починат/а20 септември 1927
Скопје, Македонија
Занимањепублицист

Животопис

уреди

Рано се приклучува кон работничкото движење. Во 1926 година учествува на Вториот конгрес на СКОЈ во Виена.

Заедно со Чедомир Миндеровиќ во 1932 година ја објавува збирката поезија „Документи“, а во 1933 година ја објавува својата најзрела поетска творба, репортажната поема „Мата Теглач“. Критиката доста поволно ја оценува оваа поема, но набрзо неговиот татко Стефан Попиванов е уапсен од Сталиновата полиција во СССР како агент-провокатор и како реакција на тоа левоориентираните публикации во земјата му ги затвораат вратите на Стефанов. Во 1938-1939 година ја пишува драмата „Земјата“ на македонски народен јазик, во 1940 година, заедно со Радослав Гогиќ, ја објавува репортажата „Поданици на ничијата земја“ (за фашистичкиот прогон на Евреите), а во 1941 година објавува избор од својата поезија под наслов „Оризови полиња“.

Во 1930-тите соработува со повеќе весници и списанија („Луч“, „Вардар“, „Штампа“, „Правда“), уредник е на „Јужни задругар“, а пишува и за бугарски весници. Одржува блиски контакти со Кочо Рацин, Јован Поповиќ, Антун Колендиќ и Бранко Лазаревиќ. Главно пишува на српски јазик, но и на македонски и бугарски.

На 22 септември 1943 се приклучува на Шарскиот партизански одред. Во одредот не останува долго и бега од одредот на 18 октомври. Оди во бугарската полиција и дава податоци за одредот и за заднинската организација врз основа на кои на 21 октомври е извршена акција на бугарските окупациски сили во која загинуваат 13 симпатизери на НОБ и партизани.

По акцијата Стефанов е држан еден месец во затвор по што е испратен во Бакумскиот манастир во Пазарџик. На 10 јуни 1944 година се враќа во Скопје, а на 20 септември, непосредно пред ослободувањето на Скопје, се самоубива.

Син е на Стефан Попиванов и брат на Малина Попиванова. Татко е на сликарот Златко Стефанов.

Во 1996 година Блаже Ристовски ја објавува неговата драма „Земјата“.[1]

Наводи

уреди

Литература

уреди