Владимир Димов
Владимир Димов (роден на 17 септември 1956 во Скопје) — македонски лекар и политичар. Во периодот од 15 ноември 2004 до 27 август 2006 година бил Министер за здравство на Република Македонија.
Владимир Димов | |
---|---|
Министер за здравство | |
На должноста 15 ноември 2004 – 27 август 2006 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Реџеп Селмани |
Наследник | Имер Селмани |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 септември 1956 Скопје, СФР Југославија |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Животопис
уредиВладимир Димов дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1982 година, каде докторирал во 1997 година. Специјализирал општа хирургија на Клиниката за хируршки болести при Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од 1984 до 1988 година и супспецијализација по дигестивна хирургија во 1991 година.
Во периодот од 1991 до 1992 година престојувал на стручни едукации и тренинзи на медицинскиот факултет во Белград, на Универзитетот во Илиноис во САД, и во Тренинг центарот за лапараскопска хирургија во Хамбург, СР Германија. Добил и диплома за Визитинг научен соработник на Универзитетот во Чикаго. Зборува англиски и германски јазик.
Во 2002 година станал заменик директор на Клиничкиот центар во Скопје и директор на Хируршките и ортопетски дејности во Клиничкиот центар.
Претходно, во периодот од 1997 до 1999 година бил директор на Клиниката за дигестивна хирургија, а од 1989 до 1997 шеф на повеќе оддели на истата Клиника. Од 1983 до 1988 година бил помплад асистент и асистент по предметот Општа хирургија.
Во 2003 година Димов бил избран за вонреден професор по предметот хирургија. Член е на Македонското лекарско друштво, на Здружението на хирурзите, на Секцијата на дигестивни хирурзи и на Лекарската комора на Македонија. Тој е почесен член на Асоцијацијата на бугарски хирурзи, на Здружението на хирурзи на Србија и Црна Гора, а член е и на Одборот на ЕУРОСУРГЕРС, на Одборот ЕАЦСС со седиште во Брисел. Димов е автор на повеќе стручни и научни трудови од полето на дигестивната хирургија.
Во периодот од 15 ноември 2004 до 27 август 2006 година, Владимир Димов бил Министер за здравство на Република Македонија.
Кривично гонење
уредиПо крајот на мандатот, Димов бил осомничен за повеќе набавки преку Фондот за здравство и за затајување данок во висина од 790 илајди денари. На Димов во 2007 година му бил замрзнат имотот[1]. Исто така, против него било подигнато обвинение од страна на Основниот суд во Струмица, бидејќи дал одобрение за 17 нови вработувања во Здравствениот дом Струмица, спротивно на законот и без одобрение од Министерството за финансии[2]. Според обвинението, Димов го оштетил буџетот на здравствената установа за 2,5 милиони денари. Во текот на овој период, Димов најпрвин бил на специјализација во Истанбул, Турција, а подоцна, кога добил бугарско државјанство, се преселил да живее во Софија, Бугарија.
Во јули 2009 година Димов бил уапсен на Варшавскиот аеродром во Полска, од страна на Интерпол[3], но набргу бил пуштен од притворот, повикувајќи се на своето бугарско државјанство, а како гарант зад него застанал бугарскиот конзул во Варшава[4].
Наводи
уреди- ↑ makfax.com.mk
- ↑ dnevnik.mk[мртва врска]
- ↑ „Владо Димов, поранешен министер за здравство, уапсен во Полска“. Архивирано од изворникот на 2018-11-15. Посетено на 2017-05-23.
- ↑ www.utrinski.mk[мртва врска]
Поврзано
уредиПретходник Реџеп Селмани |
Министер за здравство на Република Македонија 15 ноември 2004 – 27 август 2006 |
Наследник Имер Селмани |