Клубот е основан во 1992 година, како надградба на КБ и Б 1903. ФК Копенхаген е еден од најуспешните клубови во Данска: моментално има освоено 15 титули во данското првенство, рекорд кој го делат со екипата на КБ, како и 9 освоени Купови на Данска. Во европскиот фудбал, ФКК стигнал до групната фаза на Лигата на шампионите и групната фаза на Лигата на Европа повеќе пати од кој било друг дански клуб, и е единствениот дански клуб кој стигнал до нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Копенхаген ги игра своите домашни натпревари на стадионот Паркен. Најголем ривал на ФКК им е Брондби, со кои развиле жестоко ривалство уште од самото основање на клубот. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Дерби на Копенхаген и имаат најголема посетеност во историјата на данскиот фудбал.[1]
Од своето основање, клубот ги игра своите домашни натпревари на стадионот Паркен, познат и како Телија Паркен, кој се наоѓа во Копенхаген и може да собере 38.065 гледачи.