Федерико Матиело

италијански фудбалер

Федерико Матиело (р. на 14 јули, 1995 година) — италијански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Болоња на заем од Аталанта.

Федерико Матиело
Лични податоци
Роден на 14 јули 1995 (1995-07-14) (25 г.)
Роден во Лука, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Болоња Болоња
Број 14
Младинска кариера
Лукезе Лукезе
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014– Јувентус Јувентус 2 (0)
2015-2016Кјево Кјево 4 (0)
2018- Аталанта Аталанта 0 (0)
2017–2018СПАЛ СПАЛ 29 (0)
2018-Болоња Болоња 16 (1)
Репрезентација
2010-2011 Италија Италија 16 6 (1)
2011-2012 Италија Италија 17 8 (0)
2014 Италија Италија 20 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Технички карактеристикиУреди

Играч со прецизен центаршут,[1] опремен со моќен удар и брзина.[1] Најчесто игра како лев бек[2] но по потреба може да игра и како лево крило[3] и на другата страна од теренот како десно бек и десно крило.[1]

КариераУреди

Матиело е роден во Лука, и својте фудбалски почетоци ги направил во Валдовато, а потоа и во Лукезе. На возраст од 14 години и се приклучил на младинската школа на Јувентус, играјќи за категоријата Примавера, со која ги освоил Купот на Италија Примавера во сезоната 2012-2013,[4] а потоа и Суперкупот на Италија Примавера во 2013 година.[5] На 9 ноември 2014 година го добил првиот повик за настап во првиот тим од страна на тренерот Масимилијано Алегри, и истиот ден го направил своето деби во Серија А во натпреварот Јувентус-Парма (7-0), влегувајќи на местото на Клаудио Маркизио во 82-рата минута од натпреварот.[6] Веќе следната недела забележал уште еден настап за Јувентус во Серија А играјќи повторно како замена во второто полувреме во победата со 3-0 на гости против Лацио.[2][7]

На 2 февруари 2015 година бил позајмен на Кјево.[8] Дебитирал во жолтиот дрес на 15-ти истиот месец во победата со 2-1 над Сампдорија на домашен терен, влегувајќи на местото на Езекиел Скелото во 66-тата минута.[9] Во својот втор натпревар како стартер во Серија А, на 8 март 2015, претрпел тешка повреда поради која морал да го напушти теренот во 19-тата минута по судир со играчот на Рома Раџа Наинголан. Потоа било дијагностицирано дека станува збор за фрактура на големата и малата писка,[10] што го оддалечило од терените за седум месеци,[11] и го приморало предвреме да ја заврши својата прва сезона како професионалец.[12]

Матиело се вратил на теренот на 19 октомври, играјќи како стартер во поразот со 3-2 од Џенова на Мараси.[13] Меѓутоа, само три дена подоцна, заработил нова фрактура, на истата нога која му била оперирана по повредата во претходниот март.

Во летото 2016 се вратил во Јувентус и бил приклучен во списокот на играчи на клубот за Серија А и Лигата на шампионите за сезоната 2016-2017. Сепак, тој не одиграл ниту еден натпревар за Јувентус во текот на сезоната иако во повеќе натпревари бил на клупата за резерви.

На 3 јули 2017 бил позајмен на новиот прволигаш СПАЛ каде забелажал 17 настапи во првиот дел од сезоната. На 31 јануари бил продаден на Аталанта, но останал во клубот од Ферара до крајот на сезоната. Сезоната ја завршил со вкупно 30 настапи (29 во првенството 1 во купот) за СПАЛ без постигнат гол.

На 20 јули 2018, Матиело и се приклучил на Болоња на заем од Аталанта до 30 јуни 2019.[14] На 23 септември, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, со прекрасен удар со левата нога од косо во победата со 2–0 на домашен терен над Рома во Серија А.[15] На 27 јануари 2019, во поразот со 4-0 на домашен терен од Фрозиноне добил директен црвен картон уште во 13-тата минута од натпреварот по безсмислен старт врз еден од противничките играчи.[16]

Статистика на кариератаУреди

Статистиката е ажурирана на 18 октомври 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-јан. 2015   Јувентус А 2 0 КИ 1 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 3 0
јан.-јун. 2015   Кјево Верона А 3 0 КИ - - - - - - - - 3 0
2015-2016 А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно Кјево 4 0 0 0 - - - - 4 0
2016-2017   Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно Јувентус 2 0 1 0 0 0 - - 3 0
2017-2018   СПАЛ А 29 0 КИ 1 0 - - - - - - 30 0
2018-2019   Болоња А 7 1 КИ 1 0 - - - - - - 8 1
Вкупно во кариерата 6 0 1 0 0 0 0 0 7 0

ТитулиУреди

  ЈувентусУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Daniele Bondanese. „Gioielli d'Italia: Federico Mattiello“. itmustbesport.com.
  2. 2,0 2,1 Simone Manzi. „Alla scoperta di Federico Mattiello“. canalejuve.it.
  3. Andrea Bonatti (14 ноември 2014). „Mattiello, da Valdottavo allo Juventus Stadium“. iltirreno.gelocal.it.
  4. „Napoli-Juventus 1-2: Coppa Italia Primavera ai bianconeri dopo i supplementari“. sportmediaset.mediaset.it. 16 април 2013.
  5. „Supercoppa Primavera, vince la Juventus. Lazio ko 2-1“. sportmediaset.mediaset.it. 26 септември 2013.
  6. Federico Sala (9 ноември 2014). „Juventus-Parma 7-0: ciclone Tevez, gialloblù travolti“. repubblica.it.
  7. Marco Gaetani (22 ноември 2014). „Lazio-Juventus 0-3: monologo bianconero all'Olimpico, +3 sulla Roma“. repubblica.it.
  8. Raimondo De Magistris (2 февруари 2015). „Chievo Verona, dalla Juventus arriva Mattiello“. tuttomercatoweb.com.
  9. Giacomo Luchini (15 февруари 2015). „Chievo-Sampdoria 2-1, punti d'oro per Maran. Eto'o si vede poco“. repubblica.it.
  10. Francesco Oddi (8 март 2015). „Mattiello, frattura shock: già operato, fuori 7 mesi. Chievo e Juve lo aspettano“. gazzetta.it.
  11. Francesco Oddi (11 октомври 2015). „Chievo, è tornato Mattiello, 90' con l'U20: "Stavo male anche a camminare". gazzetta.it.
  12. Gianluca Losco (3 јули 2015). „Chievo, torna Mattiello in prestito con riscatto e controriscatto“. tuttomercatoweb.com.
  13. Alessandro De Pietro (21 октомври 2015). „Chievo, riecco Mattiello 7 mesi dopo: "Ma ora basta parlare dell'infortunio". gazzetta.it.
  14. „Mattiello on loan to Bologna“ (италијански). TuttoMercatoWeb.com. Посетено на 20 July 2018.
  15. „Dalla Roma alla Roma: Mattiello festeggia il primo goal in A“ (италијански). Goal.com. 23 September 2018. Посетено на 20 October 2018.
  16. Мануел Мингуци (27 јануари 2019). „Crollo Bologna, il Frosinone passa al Dall'Ara 0-4. Espulso Mattiello“. quotidiano.net. Посетено на 16 февруари 2019.

Надворешни врскиУреди