Универзитетски игри или „Универзијада“ — повеќеспортски меѓународен натпревар кој се одржува за универзитетските спортисти од страна на Меѓународната универзитетска спортска федерација (МУСФ). Зборот „Универзијада“ е комбинација од зборовите „универзитет“ и „Олимпијада“. Денес наместо поимот Универзијда, често се употребуваат и поимите „Светски универзитетски игри“ и „Светски студентски игри“, иако полследниот може да има значење и на некои подуниверзитетски натпреварувања.

Официјално лого на Универзијадите

Светски студентски игри (пред првата Универзијада)

уреди

Меѓународно универзитетско натпреварување за првпат било одржано во 1923 година, а било организирано од Националната унија на студенти на Франција. Официјално, „Летни студентски светски пвенства“ биле одржани во 1924, а организирани од Меѓународната судентска конфедерација, а истите биле преименувани во „Светски студенстки игри во 1930. Од 1949 била организирана „Летна меѓународна универзитетска спортска седмица“, а од 1957 „Светски универзитетски игри“. Алтернативни првенства биле организирани во 1939 и од Меѓународната студентска унија од 1947 - 1962. Натпреварите во женска конкуренција за прфв пат биле одржани на игрите во 1930.

Светски студентски игри (Меѓународна студентска унија)

уреди

Првите официјални Светски студентски игри биле одржануи во 1924, а од Меѓународната универзитетска спортска фдерација (МУСФ) во 1949. Алтернативен настан бил организиран од Меѓународната студентска унија во периодот од 1947-1962.

Места на одржување на универзијадите

уреди

Во табелата се дадени годинити и местата нан одржување на Летните и Зимските универзијади.

Година Игри Летна универзијада Игри Зимска универзијада
1959 I Торино,   Италија
1960 I Шамони,   Франција
1961 II Софија,   Бугарија
1962 II Вилар,   Швајцарија
1963 III Порто Алегре,   Бразил
1964 III Шпиндлеров Млин,   Чехословачка
1965 IV Будимпешта,   Унгарија
1966 IV Сестриере,   Италија
1967 V Токио,   Јапонија
1968 V Инсбрук,   Австрија
1970 VI Торино,   Италија VI Рованиеми,   Финска
1972 VII Лејк Пласид,   САД
1973 VII Москва,   СССР
1975 VIII Рим,   Италија VIII Ливињо,   Италија
1977 IX Софија,   Бугарија
1978 IX Шпиндлерув Млин,   Чехословачка
1979 X Град Мексико,   Мексико
1981 XI Букурешт,   Романија X Хака,   Шпанија
1983 XII Едмонтон, Алберта,   Канада XI Софија,   Бугарија
1985 XIII Кобе,   Јапонија XII Белуно,   Италија
1987 XIV Загреб,   СФР Југославија XIII Штрбске Плесо,   Чехословачка
1989 XV Дисбург,   Германија XIV Софија,   Бугарија
1991 XVI Шефилд, Предлошка:ОБК XV Сапоро,   Јапонија
1993 XVII Бафало,   САД XVI Закопане,   Полска
1995 XVIII Фукуока,   Јапонија XVII Хака,   Шпанија
1997 XIX Сицилија,   Италија XVIII Муџу,   Република Кореја
1999 XX Палма де Мајорка,   Шпанија XIX Попрад Татри,   Словачка
2001 XXI Пекинг,   НР Кина XX Закопане,   Полска
2003 XXII Тегу,   Република Кореја XXI Тарвизио,   Италија
2005 XXIII Измир,   Турција XXII Инсбрук / Зеефелд,   Австрија
2007 XXIV Бангкок,   Тајланд XXIII Торино,   Италија
2009 XXV Белград,   Србија XXIV Харбин,   НР Кина
2011 XXVI Шенџен,   НР Кина XXV Ерзурум,   Турција
2013 XXVII Казањ,   Русија XXVI Трентино,   Италија
2015 XXVIII Квангџу,   Република Кореја XXVII Гранада,   Шпанија
2017 XXIX Тајпеј,   Тајван XXVIII Алмати,   Казахстан
2019 XXX Бразилија,   Бразил XXIX Краснојарск,   Русија

Спортови

уреди

Спортови на Летните универзијади (кои беа во програмата на Летната универзијада - 2007)

Спортови на Зимските универзијади:

Надворешни врски

уреди