Сестриере (окситански: Sestrieras, пиемонтски: Ël Sestrier, француски: Sestrières) е скијачки центар во Пиемонт, Италија, комуна (општина) во Торино. Се наоѓа на Вал Суза, на 17 километри од француската граница. Името потекнува од латинскиот: ad petram sistrariam, што значи на шеесет римски милји од Торино.

Сестриере
општина
Комуне ди Сестрире
Сестриере
Сестриере
Грб на Сестриере
ЗемјаИталија
РегионПиемонт
Управа
 • ГрадоначалникЏовани Чезаре Пончет (Листа на граѓани)
Површина
 • Вкупна25,92 км2 (1,001 ми2)
Надм. вис.&100000000000020350000002.035 м
Население (1 јануари 2021)
 • Вкупно929
 • Густина0,36/км2 (0,93/ми2)
ДемонимСестриерец
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.10058
Повик. бр.0122
Светец-заштитникСвети Едвард
Слава13 октомври
Мреж. местоМатична страница

Географија уреди

Во Сестриере живеат 929 постојани жители (по податоците од 1 јануари 2021 година) и се наоѓа на превојот што ги поврзува Вал Шизоне и Вал Суза, на 2035 метри надморска височина. Селото е целосно опкружено со планини, кои биле погодни за изградбата на една од најголемите скијачки центри во Италија. Повисоки планини околу Сестриере се: Монте Фраитеве 2071 метри (на сесевероисток), Монте Сисес 2658 метри, Пунта Роњоза ди Сестриере 3280 метри и Монте Мота 2850 метри (на југоисток). Сестриере е поделен на неколку помали населби: Сестриере Коле, на врвот на превојот, Сестриере Боргата, во Вал Шизоне, Шамплас ду Кол и Шампла Жанвиер, во Вал Суза .

Историја уреди

Порано, припаѓал на општината Чезана, но од 18 октомври 1934 година областа била обединета со селото Боргата по што се создала новата општина Сестриере. Скијачките центри во Сестриере биле изградени во 1930-тите од Џовани Ањели и биле доразвиени по Втората светска војна од неговиот внук Џовани Наси.

Туризам уреди

 
Сестриере во зима
 
Местоположба на Сестриере во провинцијата Торино.
 
Планината Мота во Сестриере

Зимски спортови уреди

Сестриере е популарно скијачко одморалиште; за време на зимскиот одмор таму одат околу 20.000 луѓе. Заедно со селата Прагелато, Клавиер, Саузе д'Оулкс, Чезана Торинезе и Сан Сикарио и Монтжевр во Франција, ја сочинува скијачката област Виа Латеа (Млечен Пат). На Сестриере има 146 патеки за скијање, со вкупна должина од 400 км, од кои 120 се обезбедени со вештачки снег. На Сестриере има и една од ретките опреми каде што е можно да се скија ноќе на патека со подно осветлување.

Сестриере е редовно домаќин на настани од ФИС Светскиот куп во алпско скијање, а бил домаќин на ФИС Светското првенство во 1997 година,[1] и ИПЦ Светското првенство во 2011 година. Сестриере беше главно место на одржување на настаните за време на Зимските олимписки игри во 2006 година и Зимските параолимписки игри во 2006 година, каде што се одржале сите натпревари во алпско скијање за мажи и тука било сместено едно од трите Олимписки села.[2] Двете хотелски кули, од кои едната беше дел од Олимпиското село, биле изградени во 1930-тите од основачот на ФИАТ, Џовани Ањели и станале симбол на селото; тоа биле првите градби во селото.

Летни спортови уреди

Во лето, може е да се игра голф на највисокиот терен со 18 дупки во Европа.

Тоа е исто така почетна и крајна точка на Тур де Франс и Џиро д'Италија.

На Сестриере во периодот од 1988 до 1996, и повторно во 2004 година бил одржуван годишен атлетски митинг. Предноста на високата надморска височина се обиделе да ја искористат спринтерите и скокачите со надеж дека ќе соборат светски рекорди, а спонзорот Ферари им доделувал автомобил како бонус.[3][4] Овде бил поставен рекорд во скок со стап за мажи од Сергеј Бубка во 1994 година;[4] машките и женските рекорди во скок во далечина, исто така, биле соборени, но со помош на ветерот.[5]

Панорамски поглед на Сестриере во зима

Наводи уреди

  1. „Swiss plan glory return“ (англиски). BBC. 24 January 2001. Посетено на 16 October 2014.
  2. 2006 Winter Olympics official report.
  3. Valsecchi, Piero (6 August 1996). „Some Olympic Losers Seek Consolation at High Altitude“. AP NEWS. Посетено на 12 October 2020.
  4. 4,0 4,1 „Anche il volo di Bubka finisce in Ferrari“. Corriere della Sera. 1 August 1994. стр. 23.
  5. Larsson, Peter (10 May 2020). „All-time men's best long jump: Non-legal marks“. Track and Field all-time performances. Посетено на 12 October 2020.

Надворешни врски уреди