Александар Костоски
Александар Костоски (роден на 5 март 1988 во Скопје) — македонски кошаркар, поранешен член на македонската машка репрезентација и моментален играч на Пелистер.
Александар Костоски | |
---|---|
Во дресот на МЗТ во 2013 година | |
Позиција | Разигрувач |
Висина | 1,86 м |
Тежина | кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | Гостивар |
Број | 7 |
Роден | 5 март 1988 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2004/2006– |
Клубови | |
2004 | Работнички |
2006–2007 | Работнички |
2007–2008 | Гравелине |
2008–2009 | Вардар |
2009 | Брашов |
2009–2010 | Вардар Осигурување |
2010–2011 | Торус |
2011-2013 | Куманово 2009 |
2013-2015 | МЗТ Аеродром |
2014-2015 | → Куманово 2009 |
2015-2016 | Куманово 2009 |
2016-2018 | Питешти |
2018- | Гостивар |
Репрезентација | |
Инфо од: 17.10.2019. |
Клупска кариера
уредиМладинска кариера
уредиКостоски бил член на младинските екипи на Работнички до 2004 година. Потоа, за сезоната 2004/05, Костоски бил примен, во младинците до 20 години, во францускиот клуб По Ортез. Следната сезона тој бил префрлен во младинците до 21 година на По Ортез.
Во сезоната 2007/08, паралелно со сениорите на Гравелине, Александар Костоски играл и за младинците до 21 година на тој клуб.
Сениорска кариера
уредиЗа сезоната 2003/04, Костоски бил вклучен во составот на Фершпед Работнички, клуб со кој станал првак во Првенството и Државниот куп.
За сезоната 2006/07, Костоски се вратил во Фершпед Работнички, со кој станал вицепрвак во Првенството. Сезоната 2007/08 ја поминал повторно во Франција, овојпат во Гравелине, каде одиграл неколку натпревари во француската лига, вклучувајќи го и ФИБА ЕвроКупот. За сезоната 2008/09, Костоски повторно се вратил во Македонија и потпишал за Вардар. Таму не останал долго и во февруари 2009 година, Костоски го напуштил Вардар и се преселил во романски Брашов.[1]
Во јули 2013 година, Александар потпишал двегодишен договор со МЗТ Аеродром.[2][3] Во сезоната 2013/14, во тимот на МЗТ Аеродром, Костоски одиграл 14 натпревари во Јадранската АБА лига, каде имал просек од 5,1 бода, 1,7 скока и 2,5 асистенции. Во Еврокупот, на 10 натпревари, тој имал просек од 7,8 бода, 1,1 скока и 2,5 асистенции, а во македонското првенство одиграл 15 натпревари на кои имал просек од 3,5 бода, 1,3 скока и 1,6 асистенции. По една сезона помината во МЗТ Аеродром, Александар Костоски како позајмен играч се вратил во КК Куманово, каде претходно играл од 2011 до 2013 година.[4][5] Со Куманово во 2015 година, станал вицепрвак во Првенството каде во финалето загубиле од МЗТ Аеродром.[6][7] Следната сезона тој повторно бил вицепрвак со Куманово, повторно губејќи од МЗТ во финалето. За сезоната 2016/17, Костоски ја продолжил соработката со Куманово 2009.[8][9] Во декември 2016 година, Костоски потпишал за романски Питешти.[10][11] Во јуни 2017 година, тој потпишал нов едногодишен договор со Питешти.[12] За сезоната 2018/19, Костоски се вратил во Македонија и се преселил во редовите на Гостивар.[13][14] Костоски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона.[15][16] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал двогодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[17][18]
Репрезентативна карирера
уредиВо квалификациите за Европското првенство 2015, Костоски постигнал 53 бода на шест натпревари, т.е. 8,8 по натпревар.[5] За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, тој остварил најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 49 бода на пет натпревари (9,8 по натпревар).[19]
Во февруари 2019 година, Костоски ја обзнал јавноста дека се повлекува од македонската репрезентација.[20][21]
Успеси
уреди
ТитулиуредиРаботничкиуреди
МЗТ Аеродромуреди
|
Признанијауреди
|
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Костоски во Брашов“. Македонски Спорт, број 3273, стр. 14. 28 февруари 2009.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Костоски потпиша на две години: Репрезентативецот е дел од шампионот МЗТ“. ekipa.mk. 16 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2020-09-28. Посетено на 22 февруари 2019.
- ↑ „МЗТ го купи и Александар Костовски“. sportskoradio903.com.mk. 16 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 13 декември 2016.
- ↑ „Официјално: Александар Костоски се врати во Куманово“. sportmedia.mk. 24 август 2014. Посетено на 22 февруари 2019.
- ↑ 5,0 5,1 „Костоски се врати во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22.
- ↑ МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула![мртва врска] ekipa.mk 2 јуни 2015
- ↑ „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
- ↑ Костоски: Одам по трета среќа sportmedia.mk 1 септември 2016
- ↑ Костоски и Караџовски уште една година во Куманово Архивирано на 3 септември 2016 г. ekipa.mk 1 септември 2016
- ↑ „Костоски го напушта Куманово, следна дестинација – Романија“. ekipa.mk. 9 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-12-11. Посетено на 13 декември 2016.
- ↑ „Одам во Питешти, но ќе го испочитувам Куманово до крај!“. sportmedia.mk. 9 декември 2016. Посетено на 13 декември 2016.
- ↑ „Костоски потпиша нов договор со Питешт“. ekipa.mk. 14 јуни 2017. Посетено на 15 јуни 2017.
- ↑ „ПАДНА ДОГОВОР: Костоски го засили Гостивар“. sportmedia.mk. 29 август 2018. Посетено на 2 септември 2018.
- ↑ „Александар Костоски потпиша за Гостивар“. ekipa.mk. 29 август 2018. Посетено на 2 септември 2018.
- ↑ „Костоски уште една година во Гостивар“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
- ↑ „Костоски останува во Гостивар, потпиша нов едногодишен договор“. gol.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 20 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Костоски уште две години во Гостивар“. ekipa.mk преку web.archive.org. 7 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-07. Посетено на 7 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Костоски верен на Гостивар: „Среќни сме што пак ќе ги гледаме мајсториите на најдобриот плеј"“. gol.mk преку web.archive.org. 7 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-07. Посетено на 7 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
- ↑ „Александар Костоски се повлекува од репрезентацијата на Македонија!“. gol.mk. 18 февруари 2019. Посетено на 22 февруари 2019.
- ↑ „Костоски: Среќен сум што го носев дресот на Македонија“. sportmedia.mk. 18 февруари 2019. Посетено на 22 февруари 2019.
- ↑ „„Новинарите" подобри од репрезентацијата“. sportskoradio903.com.mk. 25 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Новинарите ја преслушаа репрезентацијата“. vecer.mk. 25 декември 2006. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ „Војдан Стојановски - најдобар кошаркар“. vecer.mk. 22 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски е број еден“. idividi.com.mk. 23 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ МЗТ Скопје го освои шестиот трофеј во Купот на Македонија Архивирано на 8 август 2013 г. basketball.org.mk 31 март 2013
- ↑ 28,0 28,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Најдоброто од кошарката во 2016: Костоски, Антиќ и Димитријевиќ…“. ekipa.mk. 18 јануари 2017. Посетено на 19 јануари 2017.
- ↑ „Костоски: Наградата ја посветувам на мојот татко“. sportmedia.mk. 18 јануари 2017. Посетено на 19 јануари 2017.
- ↑ 31,0 31,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)