Предраг Самарџиски
Предраг Самарџиски (р. 11 април 1986 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој е висок 215 см и тежок 125 кг, а игра на позицијата центар.
Предраг Самарџиски | |
---|---|
Позиција | Центар |
Висина | 2,15 м |
Тежина | 125 кг |
Лига | Прва српска лига |
Клуб | ОКК Белград |
Роден | 11 април 1986 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Драфт | 2008 / Не драфтуван |
Проф. кариера | 2004– |
Клубови | |
2004–2005 | Партизан |
2005–2010 | ФMП |
2010–2011 | Ескишехир (Олин Едрене) |
2011–2013 | Лијетувос Ритас |
2013 | Црвена Ѕвезда |
2013–2014 | Мерсин |
2014 | ТЕД Анкара |
2014–2015 | МЗТ Аеродром |
2015 | Мега |
2015–2016 | Бујукчекмеџе |
2017–2018 | Мега |
2019 | МЗТ Аеродром |
2019-2021 | ЕуроНикел 2005 |
2021–2022 | Самсунспор |
2022-денес | ОКК Белград |
Репрезентација |
Животопис
уредиПредраг Самарџиски е син на познатите кошаркари Бобан и Рената Самарџиски, негова сестра е Бојана Самарџиска, која исто така е репрезентативка на Македонија. Самарџиски настапувал за сите младински репрезентации на Македонија.
Женет е со белграѓанката Тамара Самарџиски (родена Абрамовиќ) со која на 7 мај 2018 ја добиваат ќерката Зара.
Професионална кариера
уредиВо својата професионална кариера, Самарџиски настапувал за повеќе клубови, како: КК Партизан (2004-2005), ФМП Железник и Црвена ѕвезда од Србија, (2005-2009), КК Олин (2010-2011), Литувос Ритас од Литванија и МЗТ Аеродром. Во сезоната 2014/2015, Самарџиски играл за МЗТ Аеродром, а по завршувањето на Европското првенство, во септември 2015 година, потпишал кусорочен договор со српскиот клуб „Мега лекс“.[1]
Во јануари 2019 година, односно за време на полусезоната од сезоната 2018/19, Самарџиски по вторпат го облекол дресот на МЗТ Аеродром. Првата полусезона бил слободен агент.[2][3] Таа сезона, Самарџиски со МЗТ го освои македонското првенство.
Потоа кариерата ја продолжи во турската лига во тимот на Самсунспор сѐ до 2021 година.
Истата 2021 година потпиша за тимот на ЕуроНикел 2005 кој е во првата Македонска лига со кој играа во плејофот.
Оваа 2022 година се врати во Првата српска лига во тимот ОКК Белград.
Репрезентативни настапи
уредиСо репрезентацијата на Македонија, Самарџиски играл на Европските првенства во 2009, 2011 и 2013 година, по што се повлекол од натамошните настапи за репрезентацијата. Сепак, во јуни 2015 година, тој повторно се вратил во репрезентацијата[4] и настапил на Европското првенство, во групата во Загреб. За време на завршниот турнир 2015, Самарџиски бил шестиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 36 бода на пет натпревари (7,2 по натпревар).[5]
Наводи
уреди- ↑ „Самарџиски потпиша за Мега лекс“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 22.
- ↑ „Самарџиски се врати во МЗТ“. ekipa.mk. 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ „Самарџиски повторно во дресот на МЗТ“. sportmedia.mk. 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ „Самарџиски се враќа во репрезентацијата“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
- ↑ Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org