Диме Тасовски (роден на 2 ноември 1980 во Велес) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој настапувал на позицијата крилен центар и поголемиот дел од неговата играчка кариера го поминал во клубовите од Првата македонска кошаркарска лига. Иако е роден во Велес, тој е израснат во Градско, од каде е неговото семејство.

Диме Тасовски
ПозицијаKрилен центар
Висина2,00 м
Тежинакг
Број10
Роден8 ноември 1980(1980-11-08)(43 г.)
Титов ВелесСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1996–2021
Клубови
1996-2003Жито Вардар
2003Вардар
2004-2007Работнички
2007-2008Струмица 2005
2008-2009Работнички
2009Политехна Халикина
2010Трепча
2010-2011Фени Индустри
2011Работнички
2012-2014Лирија
2014-2015Карпош Соколи
2015-2016Струмица
2016-2017Работнички
2017-2021Гостивар
Репрезентација
Инфо од: 01.06.2021.


Кариера

уреди

На почетокот на неговата кариера, тој бил именуван под презимето Тасов.[1] Тасовски ја започнал кариерата во младинските екипи на Жито Вардар во Велес. Своето прво првенствено финале било во сезоната 1996/97 со Жито Вардар, кое Тасовски го загубил од Годел Работнички.[2] Огромниот подем во неговата игра се случил кога на чело на велешкиот суперлигаш дошол српскиот стручњак Михајло Увалин, кој му дал целосна слобода во играта. Во 2001 и 2002 година, заедно со Александар Димитровски, бил носител на играта на Жито Вардар, но клубот набрзо се распаднал поради финансиска криза. Тасовски ја прифатил понудата од Вардар Осигурување и продолжил со блескавите игри. Тоа било препорака Фершпед Работнички да го ангажира за претстојните натпревари во Купот на ФИБА и во вториот дел од домашното Првенство. Во втората сезона со Фершпед Работнички, Тасовски по вторпат ја освоил двојната круна, а бил прогласен и за МВП на Купот.[3] Во сезоната 2006/2007 со Фершпед Работнички станал вицешампион во Првенството, откако во финалето загубиле од Струмица 2005. За следната 2007/2008 сезона, Диме потпишал за тогашниот шампион Струмица 2005,[4], но и таму бил вицепрвак во Првенство и Купот, овој пат губејќи од Фени Индустри. Диме се вратил во Фершпед Работнички во 2008 година,[5] притоа повторно освојувајки ја титулата во Првенството.[6] По една сезона во Работнички, Тасовски го прекинал договорот и потпишал за украинска Политехна Халикина, играјќи таму една полусезона.[7] Втората полусезона ја одиграл во косовскиот клуб Трепча од Косовска Митровица.[8] Сезоната 2010/2011 ја одиграл во Фени Индустри каде го освоил Првенството и Балканската лига.[9] Во 2011 година, Тасовски повторно потпишал за Работнички.[10] На полусезона го напуштил Работнички и се преселил во Лирија.[11] Со Лирија, Диме Тасовски стигнал до финалето во Купот на Македонија 2014.[12] По распаѓањето на Лирија поради немање своја сала, Диме го напуштил клубот и потпишал за Карпош Соколи.[13][14] За сезоната 2015/16, тој потпишал за КК Струмица.[15][16] На крајот на јануари 2016 година, Диме ја напуштил Струмица и по четврти пат потпишал за Работнички.[17][18][19] Во август 2017 година Диме потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[20] За сезоната 2018/19, Тасовски продолжил во редовите на Гостивар.[21] Тасовски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона.[22][23] За сезоната 2020/21, тој продолжил да игра во редовите на Гостивар за уште една сезона,[24] најавувајќи потоа негово пензионирање.[25][26] По елиминирање на Гостивар во четвртфиналето во разигрувањето во мај 2021 година, како што било најавено, тој се пензионирал од професионалното играње кошарка.[27]

Репрезентативна кариера

уреди

Македонската кошаркарска репрезентација заедно со Диме Тасовски се вратила во европската А-дивизија, а тој бил еден од најдобрите поединци во победите над Австрија. Диме бил во селекцијата за време на Евробаскетот 2009.[28]

Успеси

уреди

Титули

уреди

  Работнички

уреди

  Струмица 2005

уреди

  Фени Индустри

уреди

Признанија

уреди

Наводи

уреди
  1. МТВ 2 (4 мај 2020). „Zito Vardar - Kumanovo“. канал MKD Video на Youtube. Посетено на 15 мај 2020.
  2. „Тасовски уште не е за старо железо“. basketball.mk преку web.archive.org. 26 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-26. Посетено на 27 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Срамежливото момче не се срами да освојува трофеи“. star.vest.com.mk. 31 декември 2005.[мртва врска]
  4. „Тасовски во Струмица 2005?“. sportskoradion903.com.mk. 8 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-06.
  5. „Диме Тасовски две години во Фершпед Работнички“. star.vest.com.mk. 2 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-06.
  6. „Тасовски ја врати титулата во "Градски парк". novamakedonija.com.mk. 8 јуни 2009.[мртва врска]
  7. „Тасовски е во центарот на свинскиот грип во Украина!“. novamakedonija.com.mk. 12 ноември 2009.[мртва врска]
  8. „Косово ни стана кошаркарско Елдорадо“. novamakedonija.com.mk. 26 февруари 2010.[мртва врска]
  9. „Фени индустри најдобар на Балканот“. kajgana.com. 18 април 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-12. Посетено на 2015-02-06.
  10. „Тасовски потпиша за Работнички“. ekipa.mk. 12 септември 2011.[мртва врска]
  11. „И Павловиќ го напушта „Градски парк"?“. mkd.mk. 2 февруари 2012.
  12. „Лирија ги испоти „металците", но пехарот остана кај МЗТ (76-73)“. ekipa.mk. 9 февруари 2014.[мртва врска]
  13. „Лирија продолжува да се распаѓа: И Тасовски го напушти „бродот што тоне" – потпиша за Карпош Соколи!“. sportmedia.mk. 6 септември 2014.
  14. „Диме Тасовски продолжува во Карпош Соколи“. sport365.mk. 9 септември 2014.[мртва врска]
  15. Подновен ростерот на Струмица со две нови засилувања Архивирано на 6 октомври 2015 г. ekipa.mk 5 октомври 2015
  16. Струмица се засилува: Тасовски и Гоцевски доаѓаат Архивирано на 6 октомври 2015 г. sport365.mk 5 октомври 2015
  17. Искусниот Тасовски се врати во „Градски Парк“[мртва врска] derbi.mk 27 јануари 2016
  18. Диме Тасовски се враќа во „Градски Парк“ Архивирано на 29 јануари 2016 г. ekipa.mk 27 јануари 2016
  19. Тасовски повторно во тимот на Работнички[мртва врска] sport365.mk 27 јануари 2016
  20. „Диме Тасовски потпиша за Гостивар!“. ekipa.mk. 10 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  21. „Тасовски и Зекири остануваат во Гостивар“. ekipa.mk. 13 јули 2018. Посетено на 14 јули 2018.
  22. „Гостивар го задржа искусниот Диме Тасовски!“. gol.mk преку web.archive.org. 17 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 20 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. „Костоски уште една година во Гостивар“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  24. „Гостивар остана без најдобриот стрелец“. ekipa.mk преку web.archive.org. 16 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. „Диме Тасовски ќе се пензионира во Гостивар!“. gol.mk преку web.archive.org. 17 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. „Тасовски уште една година во Гостивар“. ekipa.mk преку web.archive.org. 17 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  27. „ПОД ОБРАЧ со Диме Тасовски: Најтежок за чување ми беше Перо Блажевски, никогаш не заиграв за МЗТ…“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-01. Посетено на 1 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  28. „Арсиќ го скрати списокот на 16 кошаркари“. ohridnews.com. 20 јуни 2009.
  29. „Тасовски кошаркар на годината“. time.mk. 29 декември 2005. Посетено на 26 февруари 2018.
  30. „Диме Тасовски и Тодор Гечевски - кошаркари во годината“. star.dnevnik.com.mk. 31 декември 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-06.
  31. „Тасовски - играч на годината“. vesnik.com. 29 декември 2005. Посетено на 24 декември 2018.[мртва врска]
  32. "Шпедитерите" наздравија со шампањско по шести пат[мртва врска] vecer.mk 30 април 2005
  33. „Ова е веќе видено“. vecer.mk. 22 мај 2006. Посетено на 7 јануари 2019.[мртва врска]
  34. „Се е исто, само навивачите ги нема“. dnevnik.mk. 22 мај 2006. Посетено на 17 септември 2016.[мртва врска]
  35. 35,0 35,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  36. „Шампионот ги соголе вардарци“. vecer.mk. 1 октомври 2007. Посетено на 3 октомври 2015.[мртва врска]
  37. 37,0 37,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  38. „Фершпед Работнички со рекордна 14. титула“. vest.mk. 9 јуни 2009. Посетено на 17 септември 2016.[мртва врска]
  39. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  40. 40,0 40,1 40,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
  41. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди