Љубомир Младеновски
Љубомир Младеновски (роден на 2 мај 1995 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар. Тој бил играч на Работнички.
Љубомир Младеновски | |
---|---|
Младеновски во 2013 година | |
Позиција | Центар |
Висина | 2,07 м |
Тежина | кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Број | 13 |
Роден | 2 мај 1995 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2012– |
Клубови | |
2012–2013 | Работнички |
2013–2017 | МЗТ Аеродром |
2013-2014 | Македонија Млади (позајмица) |
2017–2018 | Илирија |
2018–2019 | МЗТ Аеродром |
2019– | Работнички |
Репрезентација | |
Награди | |
Инфо од: 04.07.2019. |
Клупска кариера
уредиМладинска кариера
уредиСо МЗТ, Љубомир станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[3]
Професионална кариера
уредиСвојата професионална кариера ја започнал во Работнички во сезоната 2012/13.[4] Таа сезона со Работнички стигнал до полуфиналето во Првенството. За сезоната 2013/14 Младеновски потпишал за МЗТ Аеродром.[5] Таа сезона Младеновски со МЗТ ја освоил Првата лига и Купот на Македонија 2014. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[6] Во МЗТ Аеродром продолжил да игра и во сезоната 2014/15.[7] Тогаш Љубомир со МЗТ го освоил Првенството. Пред отворањето на сезоната 2015/16, Младеновски со МЗТ станал првак во возобновениот Суперкуп на Македонија 2015, и подоцна станал освојувач на Првенството и Купот на Македонија 2016.[8] Во сезоната 2016/17 исто така играл за МЗТ Аеродром, клуб со кој најпрво го освоил Суперкупот на Македонија 2016 и подоцна повторно станал првак во Лигата.[9] Во јули 2017 година, Младеновски не го обновил договорот со МЗТ, станувајќи слободен агент, и подоцна во август потпишал тогаш новиот словенечки прволигаш Илирија.[10][11] За сезоната 2018/19, Младеновски се повторно потпишал за МЗТ.[12][13][14] Таа сезона, Младеновски го освоил македонското првенство. На крајот на јуни, Љубомир и МЗТ заеднички ја завршиле соработката.[15][16] Во средината на октомври 2019 година, Младеновски потпишал отворен договор со Работнички, односно можел слободно да замине во случај на понуда од друг клуб.[17][18]
Репрезентативна кариера
уредиМладинска репрезентација
уредиА репрезентација
уредиМладеновски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[19] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Младеновски.[20] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[21]
Успеси
уреди
ТитулиуредиМЗТ Аеродромуреди
|
Признанијауреди |
Наводи
уреди- ↑ „МКФ го потврди изборот на Војдан Стојановски за кошаркар на 2015 година!“. sportmedia.mk. 23 декември 2015. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „Војдан Стојановски најдобар македонски кошаркар за 2015 година“. sport365.mk. 23 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2015-12-28. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „Развојна лига М-20 (Сезона 2014/15) Шампион: КК МЗТ Аеродром“. Македонска Кошаркарска Федерација. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 15 август 2018.
- ↑ „KK Rabotnicki - roster 2012-13“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „МЗТ мисли на иднината и го собира најдоброто од Македонија: Стајиќ нов член“. ekipa.mk. 25 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2020-09-28. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „Makedonija Mladi - Lirija 77:98“. Македонска Кошаркарска Федерација. 24 октомври 2013. Посетено на 15 август 2018.[мртва врска]
- ↑ „KK MZT Aerodrom - roster 2014-15“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „KK MZT Aerodrom - roster 2015-16“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „KK MZT Aerodrom - roster 2016-17“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „Младеновски не го обнови договорот со МЗТ Аеродром“. mztskopjeaerodrom.mk. 11 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2018-02-21. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „Младеновски потпиша за словенечки клуб“. sportmedia.mk. 9 август 2017. Посетено на 6 февруари 2018.
- ↑ „Младеновски се врати назад во МЗТ“. ekipa.mk. 25 јуни 2018. Посетено на 4 јули 2018.
- ↑ „Младеновски се враќа во МЗТ по една година во Словенија“. gol.mk. 25 јуни 2018. Посетено на 4 јули 2018.
- ↑ „Младеновски: Нема веќе грч во мојата игра“. sportmedia.mk. 26 јуни 2018. Посетено на 4 јули 2018.
- ↑ „Младеновски заминува од МЗТ Аеродром“. ekipa.mk. 26 јуни 2019. Посетено на 4 јули 2019.
- ↑ „МЗТ „раскина" со Младеновски, центарот ќе се пробува во странство“. gol.mk. 26 јуни 2019. Посетено на 4 јули 2019.
- ↑ „Бубе Младеновски се врати во Работнички!“. basketball.mk преку web.archive.org. 17 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 17 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Љубомир Младеновски потпиша за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 17 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 17 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. Посетено на 16 август 2018.
- ↑ „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)