Македонскиот пасош е патна исправа која се издава на граѓаните на Република Македонија со цел да послужи за меѓународно патување. Важноста на пасошот е 5 години за лица под 27 години, и 10 години за лица над 27 години. За деца под четири години важноста на пасошот е ограничена на две години. Македонските пасоши се придржуваат кон препорачаните стандарди (т.е., големина, композиција, изглед, технологија) на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (IATA). Најновите македонски пасоши се биометриски пасоши. До започнување со издавање на пасоши на кои ќе стои името Република Северна Македонија, во постојните пасоши се става печат со информација дека тие се сопственост на РСМ.

Македонски пасош
Предната корица на современ македонски биометриски пасош
Предната корица на современ македонски биометриски пасош
Првата страница на македонски биометриски пасош
Првата страница на македонски биометриски пасош
Издава  Македонија
Тип пасош
Намена препознавање
Услови за добивање македонско државјанство
Истек 5 години за возраст до 27 г, 10 години за лица на 27 г. и постари. 2 години за деца до 4 г.
Визен режим за државите во светот

Визен режим на Република Македонија со други држави, специјални административни региони и субјекти и територијални власти непризнати како држави уреди

Европа уреди

Африка уреди

  •   Боцвана 90 дена
  •   Зелен ’Рт (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Комори (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Џибути 1 месец (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Кенија 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Мадагаскар 90 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Мозамбик 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Танзанија 3 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Того 7 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Тунис 3 месеци
  •   Уганда 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Зимбабве 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)

Америка уреди

Азија уреди

  •   Бангладеш 90 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Камбоџа 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Хонгконг- спец. административен регион на НР Кина 14 дена
  •   Иран 3 месеци [1] Архивирано на 20 февруари 2021 г.
  •   Израел 3 месеци [2]
  •   Јапонија 3 месеци Јапонија 3м
  •   Лаос 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Либан 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Макао 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Малезија 1 месец
  •   Малдиви 30 дена
  •   Монголија (визата се издава при пристигнувањето)
  •     Непал 60 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Оман 1 месец (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Сингапур 30 дена
  •   Шри Ланка 30 дена
  •   Сирија 15 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •   Источен Тимор 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)

Океанија уреди

Историја уреди

 
Македонските пасоши 1991 - денес

Дизајнот и содржината на македонските пасоши се менувале со текот на годините. Првите пасоши биле издадени во 1991 и биле сини со натпис со сребрена боја, без македонскиот државен грб. Втората генерација на македонски пасоши имала златен натпис на корицата, а третата генерација го содржела и грбот на државата. Првите три генерации имале напишано само „Република Македонија“ и соодветниот превод на англиски „Republic of Macedonia“ на корицата.

Најновите, пасошите од четвртата генерација ја промениле својата боја во црвена, а исто така бил додаден и францускиот превод на официјалното име на републиката - „Republique De Macedoine“, како и натписот „Passeport“ под државниот грб. Пасошот е биометрички и содржи РФИД. Намената на овие чипови е складирање на биометрички и други податоци, кои може да се прочитаат од чипот. Издадените небиометрички се важечки сѐ до датумот на истекување на нивната важност.

Поврзано уреди

Извори уреди

Предлошка:Пасоши