Кирил Николовски

Македонски кошаркар

Кирил Николовски (роден на 9 јуни 1988 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој играл за кошаркарскиот клуб Работнички.

Кирил Николовски
Кире во сезоната 2012/13
Кире во сезоната 2012/13
Прекар(и)Кире
ПозицијаКрилен центар
Центар
Висина2,10 м
Тежина105 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубРаботнички
Број11
Роден9 јуни 1988(1988-06-09)(36 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2006–
Клубови
Репрезентација
Инфо од: 23.02.2018.

Клупска кариера

уреди

Професионалната кариера ја започнал во МЗТ Аеродром во сезоната 2006/07.[1] Во МЗТ продолжил да настапува и во сезоната 2007/08.[2] За сезоната 2008/09, Николовски се преселил во Вардар.[3][4] Следната сезона потпишал за новиот прволигаш Вардар Осигурување. Со тој клуб станал вицепрвак во Лигата и полуфиналист во Купот 2010. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Николовски се вратил во МЗТ Аеродром за сезоната 2010/11. Со МЗТ стигнал до полуфиналето во Првенството и до финалето во Купот 2011 каде биле поразени. Со Фени Индустри бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. Следните три сезони пак се вратил во МЗТ Аеродром. Во тој период ја освоил Првата лига во сезоните 2012/13, 2013/14, 2014/15, како и Купот на Македонија во изданијата 2013 и 2014. Во јули 2015 година, Кирил повторно потпишал за Фени Индустри.[5][6] Во јуни 2016 година, Кирил потпишал нов договор со Фени Индустри.[7] Во јуни 2017 година, тој се преселил во Карпош Соколи.[8] Поради финасиската криза во Карпош Соколи, тој во ноември го напуштил клубот и потпишал за Работнички.[9][10][11] Во таа сезона, Николовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николовски продолжил во редовите на Работнички.[12] Поради повреда, уште од февруари 2019 година, тој го пропуштил остатокот на Првенството.[13][14] Со Работнички, Николовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. За сезоната 2019/20, Николовски останал во Работнички.[15] Кирил бил сè уште под траечки договор со Работнички за сезоната 2020/21.[16] Во средината на март 2021 година, Кирил Николовски се здобил со повреда на лактот, што довело до неможност да настапува во дресот на Работнички.[17]

Репрезентативна кариера

уреди

Николовски исто така е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија, кога ја претставувал Македонија на Европското првенство под 16 години. Тој се натпреварувал со сите кошаркарски генерации: под 16 години, под 18, под 20 па дури и со сениорската селекција.[18] Тој и помогнал на Македонија да обезбеди пласман на Евробаскетот 2011.[19]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Николовски.[20] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[21]

Успеси

уреди

Титули

уреди

  МЗТ Аеродром

уреди

  Работнички

уреди

Признанија

уреди
  • Најдобар скокач (8,7) во Супер лигата 2010/11
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2010/11[22]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16[23]
  • Најдобар стрелец во Купот на Македонија - издание 2017[24][25]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2016/17[26]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17[26]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „KK MZT Aerodrom - roster 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  2. „KK MZT Aerodrom - roster 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  3. „Фершпед Работнички-Вардар - сезона 2008/2009“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија. Посетено на 14 јануари 2018.[мртва врска]
  4. „KK Vardar - roster 2008-09“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  5. Кире Николовски се враќа во Фени индустри Архивирано на 5 јули 2015 г. ekipa.mk 2 јули 2015
  6. Николовски го напушти МЗТ, се врати во Фени Индустри Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 2 јули 2015
  7. Фени И. го ’врза’ Кире Николовски, следен е Јане Петровски Архивирано на 21 јуни 2016 г. ekipa.mk 20 јуни 2016
  8. „Кире Николовски ги засили „соколите". ekipa.mk. 28 јуни 2017. Посетено на 1 јули 2017.
  9. „Николовски потпиша: Сакам титула со Работнички“. ekipa.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
  10. „Работнички го договори Николовски, ќе дебитира против МЗТ“. gol.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
  11. „Кире Николовски за Работнички ќе дебитира против „својот" МЗТ Аеродром“. sportmedia.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
  12. „Јанески се премисли, потпишува за Работнички“. ekipa.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  13. „Американецот Џонсон е „џокерот" за титула на Докузовски“. ekipa.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
  14. „Работнички со американско засилување од Џи-лигата ќе ја брани домашната титула“. gol.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
  15. „Беше МВП во Австрија, па потпиша за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 24 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-25. Посетено на 25 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Глигоријевиќ во Куманово!“. basketball.mk преку web.archive.org. 3 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-03. Посетено на 3 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. Мартин Танасковски (28 март 2021). „Работнички ќе мора без капитенот, Николовски ја заврши сезоната?“. gol.mk.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-28. Посетено на 28 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-11. Посетено на 2015-02-01.
  19. http://www.eurobasket.com/player.asp?Cntry=MKD&PlayerID=77477
  20. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  23. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
  24. „Мавра МВП, Николовски најдобар стрелец“. sportmedia.mk. 19 февруари 2017. Посетено на 21 февруари 2017.
  25. „Николовски: Промашивме отворени шутеви, „соколите" заслужено победија“. ekipa.mk. 19 февруари 2017. Посетено на 21 февруари 2017.
  26. 26,0 26,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.