Димитар Караџовски
Димитар Караџовски (роден на 7 октомври 1984 во Скопје) — македонски кошаркар и поранешен член на македонската машка репрезентација. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Пелистер.
Димитар Караџовски | |
---|---|
Караџовски во дресот на КК Куманово | |
Позиција | Разигрувач Бек |
Висина | 1,90 м |
Тежина | 85 кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | Работнички |
Број | 6 |
Роден | 7 октомври 1984 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2002– |
Клубови | |
2002–2005 | МЗТ Аеродром |
2005–2007 | Унгменафелагио Скалагримур |
2007–2008 | Стјарнан |
2008–2009 | Пелистер |
2009-2010 | Торус |
2010–2011 | Рилски Спортист |
2011–2012 | Торус |
2012-2014 | Кожув |
2014-2015 | Фени Индустри |
2015-2018 | Куманово |
2018-2019 | Работнички |
2019-2021 | Кожув |
2021 | Работнички |
2021- | Пелистер |
Репрезентација | |
Инфо од: 17.02.2022. |
Кариера
уредиКлупски настапи
уредиКариерата ја започнал во МЗТ Аеродром 2000 во сезоната 2002/03.[1] Следната сезона со МЗТ Аеродром го освоил Суперкупот 2003, и станал вицепрвак во Првенството.[2] Сезоната 2004/05, Караџовски со МЗТ Аеродром стигнал до полуфиналето на Лигата.[3] Во 2005 година, Караџовски го напуштил МЗТ Аеродром и се преселил во исландски Скалагримур.[4] Во првата сезона, Караџовски со Скалагримур завршил на четвртото место во исландската лига.[5] Во сезоната 2006/07, со истиот клуб,[6] Караџовски повторно завршил на четвртото место.[7] Следната сезона 2008/09, тој останал да игра во исландската лига, но во друг клуб - Стјарнан.[8] На крајот на сезоната, поради обвинение за кражби и неговото апсење, клубот Стјарнан му врачил отказ.[9][10] За сезоната 2008/09, Караџовски потпишал за Свислион Пелистер,[11] со кој станал вицепрвак во Купот на Македонија 2009. Таа сезона во 2008 година, односно во првата полусезона, го остварил својот прв трипл дабл.[12] За сезоната 2009/10, Караџовски се преселил во Торус.[13][14] Со Торус, Караџовски повторно станал вицепрвак во Купот.[15] Во следната сезона, Караџовски настапувал во бугарски Рилски Спортист,[16] со кој станал вицепрвак во Балканската лига.[17] За сезоната 2011/12, тој се вратил во Торус.[18] По распадот на Торус, за следната сезона, Караџовски потпишал за Кожув.[19] Тој со Кожув станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2013/14, Караџовски останал во Кожув.[20] За сезоната 2014/15, Караџовски се преселил во Фени Индустри.[21][22] Таму играл сè до полусезоната, кога потоа потпишал за Куманово 2009.[23][24] Со Куманово, Караџовски станал вицепрвак во Лигата. Караџовски останал во Куманово и за следната сезона.[25][26] Во таа сезона тој повторно станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2016/17, Караџовски ја продолжил соработката со Куманово.[27][28] Караџовски со Куманово стигнал до полуфиналето во Купот 2018. Во пресрет на Супер лигата од сезоната 2017/18, Димитар Караџовски се преселил од Куманово 2009 во Работнички.[29][30] Во таа сезона, Караџовски за првпат го освоил Првенството, откако со Работнички станал првак. Со Работнички, Караџовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Димитар ја променил средината и потпишал по вторпат за Кожув за сезоната 2019/20.[31][32] На крајот на мај 2020 година, за сезоната 2020/21, тој ја продолжил соработката со Кожув.[33] На 20 јануари 2021 година, Караџовски стигнал до својот втор трипл дабл во македонското првенство. Тој тогаш завршил со 15 бода, 10 скокови и 11 додавања.[12] Во средината на април 2021 година, Караџовски се преселил во Работнички.[34][35]
Репрезентативни настапи
уредиДимитар Караџовски бил во македонската репрезентација за време на квалификациите за Евробаскетот 2011. Со Македонија учествувал и на Средоземните игри 2013 во Мерсин, Турција.[24] Караџовски учестувувал и на квалификациите за Евробаскетот 2017.[36]
Успеси
уреди
ТитулиуредиМЗТ Аеродромуреди
Работничкиуреди
|
Признанијауреди
|
Наводи
уреди- ↑ „"Металците" и шампионот со нови победи“. vest.com.mk. 2 декември 2002. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Караџовски погаѓаше кога најмногу требаше“. dnevnik.com.mk. 6 мај 2004. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Вардар Осигурување и Фершпед Работнички во финале“. vest.com.mk. 12 мај 2005. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Књазев во Кувајт, Караџовски на Исланд“. dnevnik.com.mk. 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 23 септември 2016.
- ↑ „Iceland Express League 2005-06“. eurobasket.com. Посетено на 23 септември 2016.
- ↑ „Skallagrímur lagði Fjölni“. visir.is. 3 ноември 2006. Посетено на 23 септември 2016.
- ↑ „Iceland Express League 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 23 септември 2016.
- ↑ „Stjarnan basketball team - season 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 23 септември 2016.
- ↑ „Краделе по соблекувални“. vest.com.mk. 11 април 2008. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Топ 5 необични откази“. vest.com.mk. 5 август 2011. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Битолчани флит за Ф.Работнички“. vecer.mk. 12 април 2009. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ 12,0 12,1 „„Трипл-дабл" на Караџовски, Кожув го среди и Вардар!“. gol.mk преку web.archive.org. 20 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-06. Посетено на 6 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Хелд и Крстевски остануваат во Пелистер“. vest.mk. 1 септември 2009. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Торус соѕида петта победа“. vecer.mk. 9 ноември 2009. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Фени го врати трофејот во Кавадарци“. vest.mk. 29 март 2010. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Караџовски замена за Петровски во бугарски Рилски“. dnevnik.mk. 17 август 2010. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Кавадарчани го покорија Балканот“. dnevnik.mk. 18 април 2011. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Караџовски се врати во Торус“. sport.com.mk. 18 јули 2011. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Караџовски потпиша за Кожув“. ekipa.mk. 18 август 2012. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Кожув ги задржа Караџовски и Пенов“. ekipa.mk. 11 јули 2013. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Караџовски потпиша со Фени индустри“. ekipa.mk. 21 јули 2014. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Караџовски нов играч на Фени“. kavadar4e.com. 22 јули 2014. Посетено на 24 септември 2016.
- ↑ „Караџовски ќе го разигрува Куманово“. ekipa.mk. 18 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-05-02. Посетено на 24 септември 2016.
- ↑ 24,0 24,1 „Димитар Караџовски е нов играч на КК Куманово“. tip.com.mk. 18 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-07-09. Посетено на 24 септември 2016.
- ↑ „Куманово го задржа и Караџовски“. ekipa.mk преку vesti.mk. 12 август 2015. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Караџовски останува во Куманово, Нешовиќ со камбек во Кожув“. sport365.mk преку daily.mk. 12 август 2015. Посетено на 24 септември 2016.
- ↑ „Костоски: Одам по трета среќа Кожув“. sportmedia.mk. 1 септември 2016. Посетено на 24 септември 2016.
- ↑ „Костоски и Караџовски уште една година во Куманово“. ekipa.mk. 1 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-09-03. Посетено на 24 септември 2016.
- ↑ „Работнички го договори Димитар Караџовски од Куманово“. gol.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
- ↑ „КАРАЏОВСКИ ПРЕСЕЧЕ: Си заминувам од Куманово – изборот е Работнички!“. sportmedia.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
- ↑ „Кожув потпиша со четири македонски репрезентативци“. ekipa.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
- ↑ „Кожув во еден ден купи нова петорка: Доведени четири репрезентативци и еден Американец“. gol.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Нови договори за двајца Македонци во Кожув“. ekipa.mk преку web.archive.org. 30 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички го доведе и Караџовски, се создава тим за титула“. ekipa.mk преку web.archive.org. 15 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 20 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Работнички во „пет до дванаесет" го врати Караџовски“. gol.mk преку web.archive.org. 16 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 20 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „КОШАРКА, КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2017: Репрезентацијата од вечерва во погон“. telegraf.mk. 18 јули 2016. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ 38,0 38,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)