Војдан Стојановски
Војдан Стојановски (роден на 9 декември 1987 во Скопје) — македонски кошаркар, бек на македонската репрезентација и на кошаркарскиот клуб МЗТ Аеродром.
|
Тој е брат-близнак на кошаркарот Дамјан Стојановски и е помлад брат на поранешниот кошаркар Огнен Стојановски.
Клупска кариера
уредиКариерата ја започнал во Вардар при што со него го освоил Купот на Македонија. Веднаш следната сезона се преселил во АМАК СП од Охрид. Таму останал две сезони и со клубот во 2009 година го освоил Купот на Македонија. По распаѓањето на АМАК СП во 2009 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера во екипата на Напредак Крушевац од Србија, играјќи таму една сезона. За следната сезона 2010-2011, се вратил во Македонија во Фени Индустри, клуб со кој го освоил македонското првенство и Балканската лига.
Во 2011 година се преселил во Украина, каде играл за тамошните клубови Черкаски Мавпи во сезоната 2011-2012, а потоа и за Донецк во сезоната 2012-2013 со кој го освоил украинското првенство.
Во сезоната 2013-2014, потпишал за германската Алба Берлин. Во својата прва сезона во клубот Војдан и помогнал на Алба да го освои Купот на Германија, совладувајќи го Улм во финалето со 86-80. Во летото 2014 година му пропаднал трансферот во Бремерхафен,[1][2][3] па веднаш потоа потпишал нов договор со Алба Берлин. Во сезоната 2014-2015, Војдан со клубот од Берлин дебитирал во Евролигата, каде одиграл 11 натпревари со просек од 4,3 бода, 1,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.
На крајот на јануари 2015 година, Војдан ја напуштил Алба Берлин и се преселил во МораБанк Андора во шпанската АЦБ лига.[4][5][6] Во август 2016 година, се преселил во Севиља,[7] односно Реал Бетис како ново спонзорско име на клубот.[8]
На крајот на јуни 2017 година, потпишал за турскиот клуб Бујукчекмеџе од Истанбул.[9][10] За сезоната 2018/19, односно во август, Војдан потпишал за германскиот клуб Олденбург.[11][12] На почетокот на јули, на Војдан му завршила соработката со германскиот клуб.[13][14] По пет месеци без клуб, во декември 2019 година тој потпишал за францускиот клуб По Лак Ортез.[15][16] По истекот на едномесечниот договор со По Ортез, во средината на јануари 2020 година, Војдан се преселил во клубот Гравелин-Данкерк кој исто бил од Франција.[17][18] Во мај, Војдан ја продолжил соработката со Данкерк за следната сезона.[19][20] Во март 2021, за време на тренинг, Војдан се здобил со посериозна повреда на левото колено, со што за него завршила сезоната 2020/21.[21][22]
Репрезентативна кариера
уредиВојдан Стојановски е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Учествувал на Евробаскетот 2009, Евробаскетот 2011, Евробаскетот 2013 и Евробаскетот 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Војдан бил петтиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 37 бода на четири натпревари (9,3 по натпревар).[23]
Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Војдан.[24] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[25]
Во моментов тој е капитен на репрезентацијата.
Хронологија на репрезентативни настапи
уредиСтатистика
уредиЕвролига
уредиГодина | Екипа | ОН | СН | МПН | ШИ% | 3П% | СФ% | СПН | АПН | УТПН | БПН | ППН | ИНД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2014–2015 | Алба Берлин | 11 | 0 | 13.1 | .378 | .368 | .750 | 1.2 | 1.2 | 0.5 | 0.0 | 4.3 | 3.4 |
Кариера | 11 | 0 | 13.1 | .378 | .368 | .750 | 1.2 | 1.2 | 0.5 | 0.0 | 4.3 | 3.4 |
Успеси
уреди
ТитулиуредиВардаруреди
АМАК СПуреди
Фени Индустриуреди
Донецкуреди
Алба Берлинуреди
|
Признанијауреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Војдан Стојановски останува во Германија, ќе игра во дресот на Ајсберен!“. sportmedia.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски во Ејсбарен Бремерхафен“. makfax.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски од наредната сезона во Бремерхафен!“. tip.com.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски ја продолжува интернационалната кариера во Шпанија“. dnevnik.mk. 30 јануари 2015.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски од Алба се сели во Шпанија“. Pixel.mk. 30 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-05.
- ↑ „Војдан: Дојдов во најсилната лига во Европа“. ekipa.mk. 4 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-07. Посетено на 2015-02-05.
- ↑ „ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски парафираше со Севиља“. sportmedia.mk. 6 август 2016.
- ↑ „Војдан Стојановски ќе игра за Бетис“. ekipa.mk. 17 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 2016-08-18.
- ↑ „Војдан Стојановски потпиша за Бујукчекмече“. ekipa.mk. 25 јуни 2017. Посетено на 25 јуни 2017.
- ↑ „Војдан Стојановски продолжува во Бујукчекмеџе“. sportmedia.mk. 25 јуни 2017. Посетено на 25 јуни 2017.
- ↑ „Војдан потпиша за Олденбург: Добиваме играч со огромна интелигенција“. ekipa.mk. 24 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
- ↑ „Војдан: Олденбург е организиран и амбициозен клуб“. sportmedia.mk. 24 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
- ↑ „Војдан Стојановски го напушта Олденбург“. ekipa.mk. 3 јули 2019. Посетено на 4 јули 2019.
- ↑ „Војдан Стојановски по една година го напушти Олденбург“. gol.mk. 3 јули 2019. Посетено на 4 јули 2019.
- ↑ „ВОЈДАН: На Ортез му претстојат многу важни натпревари, ќе се обидам да помогнам“. basketball.mk преку web.archive.org. 13 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 15 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Стојановски: Чест е што ќе бидам дел од тим со голема историја“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 15 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Војдан Стојановски потпиша за Гравелин Данкерк“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски го напушти По Ортез, но потпиша за друг француски клуб“. gol.mk преку web.archive.org. 14 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Војдан останува во Гравелин: Довербата на тренерот многу ми значеше“. ekipa.mk преку web.archive.org. 20 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Војдан Стојановски: Тренерот верува во моите квалитети, Франција е идеална за мене!“. gol.mk преку web.archive.org. 22 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Лоши вести од Франција, сериозна повреда на Војдан Стојановски“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Војдан ја потврди лошата вест: Пред мене е долга пауза, но ќе се вратам посилен“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
- ↑ „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ http://www.euroleague.net/competition/players/showplayer?pcode=003934#!careerstats
- ↑ „Гоцевски и Колариќ играчи на годината“. vecer.mk. 23 декември 2007. Архивирано од изворникот на 2015-02-19. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ 28,0 28,1 28,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ „Војдан Стојановски - најдобар кошаркар“. vecer.mk. 22 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски е број еден“. idividi.com.mk. 23 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ 31,0 31,1 31,2 Избрани најдобрите во Мак баскетот во 2015, Војдан и едина се најдобрите кошаркар и кошаркарка Архивирано на 11 јануари 2016 г. basketball.org.mk 23 декември 2015
- ↑ „Хет-трик на семејството Стојановски“. dnevnik.mk. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ се кошаркари на годината“. dw.com. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ кошаркари на годината“. kajgana.com. 25 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-15. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Кавадарчани крунисани во Скопје“. dnevnik.mk. 29 мај 2011. Посетено на 17 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ 36,0 36,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ МКФ го потврди изборот на Војдан Стојановски за кошаркар на 2015 година! sportmedia.mk 23 декември 2015
- ↑ Војдан Стојановски најдобар македонски кошаркар за 2015 година Архивирано на 28 декември 2015 г. sport365.mk 23 декември 2015
- ↑ „Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“. sportmedia.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
- ↑ „Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“. ekipa.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.