Бојан Трајковски
Бојан Трајковски (роден на 11 септември 1986 во Македонска Каменица) — македонски кошаркар и член на Македонската машка репрезентација, крилен центар кој настапува за кошаркарскиот клуб Феникс 2010.
Бојан Трајковски | |
---|---|
Позиција | Центар, Крилен центар |
Висина | 2,08 м |
Тежина | 110 кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Екипа | Пелистер |
Број | 14 |
Роден | 11 септември 1986. Македонска Каменица, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | ![]() |
Проф. кариера | 2002– |
Клубови | |
2002–2003 | Балкан Стил |
2003–2009 | Работнички |
2009–2010 | Фени Индустри |
2010–2012 | Торус |
2012-2013 | Фени Индустри |
2013–2014 | Лирија |
2014–2015 | Чарни Слупск |
2015 | Сигал Приштина |
2015 | Работнички |
2015-2016 | Куманово |
2016 | Сигал Приштина |
2016-2017 | Карпош Соколи |
2017-2018 | МЗТ Аеродром |
2018-2019 | Атомерому Пакш |
2019 | Гостивар |
2019-2020 | Кожув |
2020-2022 | Пелистер |
Репрезентација | |
Инфо од: 24.05.2020. |
Животопис уреди
Кариера уреди
Клупска кариера уреди
Својата професионална кариера Трајковски ја започнал во екипата на Балкан Стил во 2002. Потоа, тој шест години го носел дресот на Работнички со кои освоил 4 шампионски титули во македонското првенство и 3 Купа на Македонија. За сезоната 2009/10 потпишал договор со екипата на Фени Индустри каде продолжил да реди успеси освојувајќи уште по една титула во Првенството и во Купот. Потоа играл две сезони за Торус една одново за Фени и една во Лирија. По распаѓањето на Лирија, Трајковски како слободен играч го напуштил клубот и го имал своето прво искуство во странство потпишувајќи договор со полската екипа Енерга Чарни Слупск. Но откако одиграл само 8 натпревари од кој дури еден како стартер, Бојан го напуштил клубот во почетокот на февруари 2015, и се преселил во Сигал Приштина од Косово.[1][2][3] Трајковски заедно со сонародникот-тренер Марјан Илиевски го освоил БИБЛ натпреварувањето во 2015 година.[4][5] Во октомври 2015 година, Трајковски потпишал отворен договор со Работнички.[6][7] Иако било најавено дека Бојан Трајковски дека преминал во грчки Аполон Патрас,[8][9][10] тој сепак не нашол заеднички договор со Аполон и останал во Работнички.[11][12] На крајот на ноември 2015 година, Трајковски потпишал за Куманово 2009.[13][14] Во јули 2016 година, Трајковски потпишал нов едногодишен договор со Куманово.[15][16] Набрзо потоа тој потпишал за Сигал Приштина бидејќи со Куманово имал отворен договор.[17][18][19] Во декември 2016 година, Бојан Трајковски се вратил во Македонија, во екипата на Карпош Соколи 2000.[20][21][22] Со Карпош Соколи, Трајковски го освоил Купот на Македонија 2017. Во август 2017 година, тој ја продолжил својата кариера во МЗТ Аеродром.[23] Во јуни 2018 година, Трајковски се преселил во Пакш од Унгарија.[24][25] Во почетокот на февруари 2019 година, Трајковски и Атомерому заемно го раскинале договорот за соработка.[26] Веднаш потоа, Бојан потпишал за Гостивар.[27][28] Бојан ја променил средината и потпишал за Кожув за сезоната 2019/20.[29][30] На крајот на мај 2020 година, Трајковски потпишал за Пелистер.[31][32]
Репрезентативна кариера уреди
Во квалификациите за ЕП 2015, Бојан Трајковски бил најдобар стрелец на македонската репрезентација, со постигнати 68 бода (11,3 по натпревар), а имал и 32 скока (5,3 по натпревар).[33] За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, Трајковски бил третиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 43 бода на пет натпревари (8,6 по натпревар).[34] Поради несогласувања со селекторот Раца, во јули 2016 година, Трајковски бил исфрлен од подготовките за квалификациите за Евробаскетот 2017.[35][36] Поради прекршувањето на Дисциплинскиот правилник на националните репрезентации, тој бил пријавен од селекторот на Македонија - Драган Раца и бил даден на Дисциплинската комисија на МКФ.[37][38]
Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Трајковски.[39] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[40]
Успеси уреди
Титули уредиРаботнички уреди
Фени Индустри уреди
Сигал Приштина уреди
Карпош Соколи уреди
МЗТ Аеродром уреди
|
Признанија уреди
|
Наводи уреди
- ↑ „Бојан Трајковски се сели во Сигал Приштина“. ekipa.mk. 4 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-08. Посетено на 2015-02-05.
- ↑ „Полјаците за Трајковски: Многу шутираше тројки, малку скокаше и – мораше да замине!“. sportmedia.mk. 4 февруари 2015.
- ↑ „ТРАЈКОВСКИ, НОВ ИГРАЧ НА СИГАЛ“. sport.com.mk. 5 февруари 2015.
- ↑ Илиевски и Трајковски се новите прваци во БИБЛ-лигата Архивирано на 1 мај 2015 г. ekipa.mk 29 април 2015
- ↑ Сигал Приштина со Илиевски и Трајковски ја освои БИБЛ лигата sportmedia.mk 29 април 2015
- ↑ Работнички во битка со времето: Трајковски потпиша, се чека сертификатот за да игра во Гевгелија! sportmedia.mk 8 октомври 2015
- ↑ Најавите се остварија: Трајковски и Димчевски потпишаа за Работнички Архивирано на 10 октомври 2015 г. ekipa.mk 8 октомври 2015
- ↑ Кратко во Работнички: Бојан Трајковски се сели во Аполон Архивирано на 14 октомври 2015 г. ekipa.mk 13 октомври 2015
- ↑ Толку од „љубовта“ со Работнички: Трајковски се сели во Грција - ќе игра за Аполон Патра! sportmedia.mk 13 октомври 2015
- ↑ Трајковски се сели во грчки Аполон[мртва врска] derbi.mk 13 октомври 2015
- ↑ Трајковски: Немам договор со Аполон! Архивирано на 12 август 2016 г. sport.com.mk 14 октомври 2015
- ↑ Ништо од трансферот во Грција: Бојан Трајковски (засега) останува во „Градски парк“! sportmedia.mk 17 октомври 2015
- ↑ Бојан Трајковски потпиша за Куманово! Архивирано на 30 ноември 2015 г. ekipa.mk 29 ноември 2015
- ↑ Бојан Трајковски ги откри „тајните“ на Работнички и потпиша за – Куманово! sportmedia.mk 29 ноември 2015
- ↑ Бојан Трајковски уште една година во Куманово Архивирано на 29 јули 2016 г. ekipa.mk 28 јули 2016
- ↑ Бојан Трајковски уште една сезона во Куманово[мртва врска] sport365.mk 29 јули 2016
- ↑ Бојан Трајковски потпиша за Сигал Приштина! Архивирано на 18 август 2016 г. ekipa.mk 16 август 2016
- ↑ Место во Куманово, Трајковски кон Приштина sportmedia.mk 17 август 2016
- ↑ Бојан Трајковски се врати и веќе беше претставен како кошаркар на Сигал Приштина gol.mk 17 август 2016
- ↑ „Бојан Трајковски е нов играч на Карпош Соколи“. sportmedia.mk. 2 декември 2016. Посетено на 3 декември 2016.
- ↑ „Бојан Трајковски потпиша за Карпош соколи“. ekipa.mk. 2 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-12-04. Посетено на 3 декември 2016.
- ↑ „Големо засилување за Карпош Соколи: Бојан Трајковски една година „сокол"“. gol.mk. 2 декември 2016. Посетено на 3 декември 2016.
- ↑ „МЗТ со две засилувања – Бојан Трајковски и Андреј Маслинко“. ekipa.mk. 11 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
- ↑ „Трајковски го одбра Пакс за следна станица во кариерата“. sportmedia.mk. 1 јуни 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
- ↑ „Трајковски издржа само една година во МЗТ, од наредната сезона ќе настапува во Унгарија“. gol.mk. 1 јуни 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
- ↑ „Бојан Трајковски и Пакс се разделија“. sportmedia.mk. 1 февруари 2019. Посетено на 1 февруари 2019.
- ↑ „Гостивар активира „бомба", го договори Бојан Трајковски!“. gol.mk. 2 февруари 2019. Посетено на 2 февруари 2019.
- ↑ „Супер-засилување: Бојан Трајковски потпиша за Гостивар“. ekipa.mk. 2 февруари 2019. Посетено на 2 февруари 2019.
- ↑ „Кожув потпиша со четири македонски репрезентативци“. ekipa.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
- ↑ „Кожув во еден ден купи нова петорка: Доведени четири репрезентативци и еден Американец“. gol.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „„Бомби" во кошаркарска Битола: Трајковски и Стајиќ во Пелистер“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „ОФИЦИЈАЛНО: Две големи засилувања за Пелистер, Трајковски и Стајиќ се селат во Битола“. gol.mk преку web.archive.org. 22 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Трајковски: Тие што не веруваа во нас, ги канам да нè гледаат на ЕП“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22.
- ↑ Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
- ↑ Бојан Трајковски не тренира: За причините прашајте го Раца! Архивирано на 29 јули 2016 г. ekipa.mk 26 јули 2016
- ↑ Раца: Веќе не сметам на Трајковски sportmedia.mk 26 јули 2016
- ↑ Антиќ и Самарџиски пред ФИБА, Трајковски на „дисциплинска“ sportmedia.mk 15 август 2016
- ↑ Бојан Трајковски пред суспензија од МКФ! Архивирано на 18 август 2016 г. ekipa.mk 15 август 2016
- ↑ „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 41,0 41,1 41,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ 42,0 42,1 42,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 8 февруари 2018.
- ↑ 44,0 44,1 44,2 „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
- ↑ „Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“. sportmedia.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
- ↑ „Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“. ekipa.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.