Владо Илиевски

македонски кошаркар
Не е исто со Влатко Илиевски.

Владо „Влатко“ Илиевски (роден на 19 јануари 1980 во Струмица) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој bil претседател на КК Илирија од Словенија. Владо е помал брат на поранешниот кошаркар Димче Гаштарски.[2]

Владо Илиевски
Прекар(и)Влатко
ПозицијаРазигрувач
Висина1.88 м
Тежина84 кг
Роден19 јануари 1980(1980-01-19)(44 г.)
СтрумицаСР Македонија СФРЈ
НационалностМакедонец
Средно училиштеСв. Тома Аквински
(St.Thomas Aquinas)
Драфт2002 / не
Проф. кариера1995/1998–2017
Клубови
  • Неметали Огражден (1995-1996)
  • Партизан Србија (1998–00)
  • Антбирлик Анталија Турција (2000–01)
  • Унион Олимпија Словенија (2001–03)
  • Барселона Регал Шпанија (2003–05)
  • Лотоматика Рома Италија (2005–06)
  • ВидиВичи Болоња Италија (2006–07)
  • Монтепаски Сиена Италија (2007–08)
  • Унион Олимпија Словенија (2008–09)
  • Тау Керамика Шпанија (2009)
  • Унион Олимпија Словенија (2009–11)
  • Анадолу Ефес Турција (2011)
  • Локомотив Кубањ Русија (2012)
  • Цедевита Хрватска (2012-2013)
  • ЧЕЗ Нимбурк Чешка (2013-2014)
  • Цибона Хрватска (2014-2015)
  • Капо Д’Орландо Италија (2015-2016)
  • Работнички (2016-2017)
Репрезентација
Награди
  • Втора најдобра петорка на сезоната (2017г.)[1]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната (2017г.)[1]
Инфо од: 07.02.2018.

Тој е висок 188 см и тежок 84 кг. Играл на позиција разигрувач.

Клупска кариера

уреди

Својата кошаркарска кариера ја почнал во 1995 година во салата Парк, каде го носел дресот на Неметали Огражден. По настапот за струмичкиот тим Илиевски заминал во САД каде што настапувал на средношколско ниво во кошаркарската екипа на Средното Училиште „Св. Тома Аквински“ („St. Thomas Aquinas“) од Конектикат.[3][4]

Во мај 2000 година, Илиевски бил на списокот на пријавените неапсолвенти и странци за НБА драфтот во конкуренција од 20 кошаркари. Тој бил пријавен под југословенскиот пасош што тој го поседувал.[5]

Во мај 2008 година, Илиевски настапувал во полуфиналето („фајнал-форот“) на Евролигата, каде неговиот клуб „Сиена Монтепаски“ бил поразен од „Макаби Тел Авив“, но го освоил третото место во мечот против „Тау Керамика“. По завршувањето на Европското првенство, немајќи потпишано договор со ниту еден клуб, одредено време Илиевски тренирал во клубот „Хелиос“ од Домжале, Словенија.[6]

По настапот за чешкиот „Нимбурк“ во сезоната 2013-2014, во ноември 2014, Илиевски потпишал за загребскаЦибона“.[7] Во дресот на „Цибона“, Илиевски дебитирал на 9 ноември 2014 година, во натпреварот со „Крка“ во АБА-лигата при што постигнал осум бода.[8]

Во јули 2015, Владо потпишал за италијанскиот клуб Капо Д’Орландо.[9] За сезоната 2016/17, Владо потпишал со Работнички. Договорот бил со важност од една година, но во истиот постоела клаузула која му овозможувала на Илиевски да замине во странство до крајот на календарската 2016 година.[10][11] Во јануари 2017 година, Илиевски ја продолжил соработката со Работнички до крајот на сезоната.[12] По завршувањето на сезоната, Владо Илиевски се повлекол од активната кошарка.[13]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Илиевски во репрезентивниот дрес

Во 2011 година, на Европското првенство во Литванија го постигнал најголемиот успех со македонската репрезентација, освојувајќи го четвртото место. На тоа првенство, Илиевски бил еден од најзаслужните за постигнатиот успех и се прославил со постигнувањето на решавачката „тројка“ во четвртфиналниот натпревар против Литванија, како и со изјавата „леле, што направивме“. Потоа, Илиевски најавил повлекување од репрезентативниот дрес, но повторно настапил за Македонија на Европското првенство во Словенија, одржано во септември 2013 година. За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, Владо бил вториот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 45 бода на пет натпревари (9 по натпревар).[14] По елиминацијата на Македонија во групната фаза, Илиевски се повлекол од репрезентацијата.[15][16][17]

Останата кариера

уреди

Во јануари 2018 година, Илиевски се кандидирал за претседател на Македонската кошаркарска федерација.[18][19]

Во август 2019 година, Илиевски го потврдил учеството во управувањето на КК Струмица.[20] Но во септември истата година, Илиевски ја прифатил понудата да застане на функцијата претседател на кошаркарскиот клуб Илирија од Словенија.[21]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
  2. „ВЛАДО ИЛИЕВСКИ, стрелецот на победничкиот кош на натпреварот со Литванија - Мама Стојка: Влатко спиеше со баскетот“. vest.mk. 16 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2015-07-07. Посетено на 8 септември 2016.
  3. „Легендата се враќа дома: Илиевски по 20 години ќе заигра во Струмица“. gol.mk. 24 ноември 2016. Посетено на 25 ноември 2016.
  4. „Vlado Ilievski, un regista da oscar per Capo!“. orlandinabasket.it. Посетено на 25 ноември 2016.
  5. „Илиевски меѓу 20-те неамериканци рано пријавени за НБА—драфтот“. dnevnik.com.mk. 22 мај 2000. Посетено на 19 септември 2016.[мртва врска]
  6. „Илиевски тренира со Хелиос“, Дневник, број 5291, година XVII, среда, 16 октомври 2013, стр. 27.
  7. „Илиевски потпиша за Цибона“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 22.
  8. „Победа и осум бода за Илиевски во дебито за Цибона“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 22.
  9. Илиевски се пресели во Италија, потпиша за Капо Д’Орландо Архивирано на 11 јули 2015 г. ekipa.mk 10 јули 2015
  10. Владо Илиевски официјално потпиша за Работнички Архивирано на 8 септември 2016 г. ekipa.mk 7 септември 2016
  11. ОФИЦИЈАЛНО: Илиевски една година во Работнички sportmedia.mk 7 септември 2016
  12. „Илиевски останува во Работнички до крајот на сезонава“. ekipa.mk. 31 јануари 2017. Посетено на 1 февруари 2017.
  13. „ИНТЕРВЈУ – ВЛАДО ИЛИЕВСКИ: Дојде време да и кажам збогум на кошарката!“. ekipa.mk. 9 јуни 2017. Посетено на 15 јуни 2017.
  14. Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
  15. Владо Илиевски во солзи се прости од репрезентацијата zazabava.com 10 септември 2015
  16. Владо Илиевски се збогува од Македонската репрезентација 365.com.mk 11 септември 2015
  17. Владо Илиевски: Се надевам дека ќе продолжам да бидам дел од македонската кошарка Архивирано на 15 септември 2015 г. derbi.mk 13 септември 2015
  18. „Илиевски: Иницијативата е поднесена, продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија!“. gol.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  19. „Илиевски се кандидираше, дали ќе има уште некој?“. sportmedia.mk. 10 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  20. „Илиевски потврди: Влегувам во Струмица да изградам цврста основа за нешто големо“. gol.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-03. Посетено на 3 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Владо Илиевски во нова улога – претседател на Илирија“. ekipa.mk преку web.archive.org. 12 септември 2019. Посетено на 19 септември 2019.

Надворешни врски

уреди