Ивица Димчевски
Ивица Димчевски (роден 27 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и поранешен репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во КК Еуро Никел 2005.
Ивица Димчевски | |
---|---|
Позиција | Бек |
Висина | 1,95 м |
Тежина | 93 кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | Гостивар |
Број | 24 |
Роден | 27 јули 1989 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2007– |
Клубови | |
2007–2010 | Вардар |
2010–2012 | Торус |
2012–2014 | Куманово |
2014–2016 | Работнички |
2016 | Струмица |
2017 | Кожув |
2017- | Гостивар |
Репрезентација | |
Инфо од: 12.06.2018. |
Клупска кариера
уредиДимчевски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на КК Вардар од Скопје. Во тимот на Вардар се задржал две сезони, а потоа се преселил во тимот на Торус каде настапил две сезони,[1] односно сè до распадот на клубот. Во 2012 година Ивица потпишал за Куманово, каде бил еден од главните столбови на играта. Пред почетокот на сезоната 2013/2014 година, Димчевски се здобил со тешка повреди, при што морал да паузира неколку месеци од кошарката.[2][3] Во март 2014 година, Ивица Димчевски го напуштил КК Куманово.[4] За сезоната 2014/15, Ивица Димчевски потпишал за Работнички.[5][6] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[7][8] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[9][10] Во сезоната 2015/16, за време на последните тренинзи пред натпреварот од третото коло, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.[11][12][13][14] За сезоната 2016/17, Димчевски потпишал за Струмица.[15] Во јануари 2017 година, Димчевски се преместил во Кожув.[16] Во август 2017 година Димчевски потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[17] За сезоната 2018/19, Димчевски продолжил во редовите на Гостивар.[18][19] Димчевски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона.[20] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двегодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[21][22]
Репрезентативна кариера
уредиИвица Димчевски со Кошаркарската репрезентација на Македонија го освоил четвртото место на Европското Првенство кое се одржало во Литванија.[23] Ивица бил во поширокиот состав за предолимписките квалификации во Каракас.[24][25] Во 2014 година, Ивица учествувал со репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот 2015,[26] при што обезбедиле пласман.[27][28] Но во летото 2015 година, за време на подготовките Димчевски отпаднал од националниот состав.[29][30][31]
Успеси
уреди
ТитулиуредиРаботничкиуреди
|
Признанијауреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Регистрирани играчи: Прва лига мажи - сезона 2011/12“ (PDF). Македонска кошаркарска федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-10. Посетено на 19 јуни 2020.
- ↑ „Бизарна повреда на Ивица Димчевски“. ekipa.mk. 1 септември 2013.[мртва врска]
- ↑ „Димчевски опериран, следува рехабилитација“. idividi.com.mk. 4 септември 2013.
- ↑ „Заминаа Димчевски, Станимировиќ и Радуловиќ – нов капитен на КК Куманово е Урош Луковиќ“. kumanovskimuabeti.mk. 11 март 2014.[мртва врска]
- ↑ „Нов репрезентативец во Работнички, потпиша и Ивица Димчевски“. ekipa.mk. 6 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 2015-02-07.
- ↑ „Репрезентативецот Димчевски и официјално потпиша за Работнички!“. sportmedia.mk. 6 септември 2014.[мртва врска]
- ↑ Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат Архивирано на 6 мај 2015 г. ekipa.mk 22 февруари 2015
- ↑ Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
- ↑ Работнички на колена, Куманово е во финалето! Архивирано на 25 мај 2015 г. ekipa.mk 24 мај 2015
- ↑ Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
- ↑ Удар за Работнички: Димчевски ги скина лигаментите Архивирано на 29 октомври 2015 г. ekipa.mk 27 октомври 2015
- ↑ Димчевски повторно ги скина лигаментите на коленото Архивирано на 5 март 2016 г. sport.com.mk 27 октомври 2015
- ↑ Димчевски ги скина лигаментите, ја пропушта цела сезона! Архивирано на 5 март 2016 г. vecer.mk 27 октомври 2015
- ↑ Димчевски ги скина лигаментите на коленото Архивирано на 5 март 2016 г. derbi.mk 27 октомври 2015
- ↑ „Димчевски продолжува со Струмица“. sportmedia.mk. 6 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.
- ↑ „Димчевски продолжува во Кожув“. sportmedia.mk. 1 февруари 2017. Посетено на 1 февруари 2017.
- ↑ „Димчевски: Го избрав Гостивар поради сериозноста на проектот“. ekipa.mk. 7 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
- ↑ „Гостивар ги потпиша и Димчевски и Сегариќ“. ekipa.mk. 16 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
- ↑ „Димчевски и Сегариќ парафираа нови договори со Гостивар“. sportmedia.mk. 16 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
- ↑ „Димчевски и Костовски остануваат во Гостивар“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
- ↑ „Гостивар ги задржува најдобрите, Димчевски останува уште две години“. gol.mk преку web.archive.org. 15 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-15. Посетено на 15 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Ивица Димчевски останува во Гостивар уште две сезони“. ekipa.mk преку web.archive.org. 15 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-15. Посетено на 15 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Македонија ги пречека момците со златно срце“. ilike.mk. 19 септември 2011.
- ↑ „Објавен списокот на кошаркари кои ќе се подготвуваат за олимписките квалификации“. hitportal.com.mk. 24 април 2012. Архивирано од изворникот на 2015-03-29. Посетено на 2015-02-07.
- ↑ „Македонските кошаркари во борба за Олимпијада“. kirilica.com.mk. 25 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-13. Посетено на 2015-02-07.
- ↑ „Денеска прва прозивка на репрезентацијата, на списокот на селекторот Џикиќ е и Перо Антиќ“. republika.mk. 1 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-17. Посетено на 2015-02-07.
- ↑ „Белорусите не ни се дораснати, Македонија е дел од Евробаскет 2015“. ekipa.mk. 27 август 2014.[мртва врска]
- ↑ „МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА НАД БЕЛОРУСИЈА ДО НАСТАП НА ЕП“. telma.com.mk. 27 август 2014.
- ↑ „Србиновски го „избриша" Димчевски“. ekipa.mk. 7 август 2015. Архивирано од изворникот на 2015-08-09. Посетено на 2015-09-23.
- ↑ „Димчевски и Крстевски се првите „избришани" од списокот на селекторот Србиновски!“. sportmedia.mk. 7 август 2015.
- ↑ „Димчевски не патува на ЕП“. republika.mk. 7 август 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-09-23.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ „Тони Симиќ е кошаркар на годината“. vest.com.mk преку archive.li. 9 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на 26 февруари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)