Јорданчо Давитков

Јорданчо Давитков (Кочани, 12 септември 1963) - македонски кошаркарски тренер, и поранешен кошаркар, репрезентативец на Македонија и селектор на истата репрезентација.

Јорданчо Давитков
ПозицијаБек (како кошаркар)
Тренер
Висинам
Тежинакг
КлубТаргу
Број11
Роден12 септември 1963(1963-09-12)(60 г.)
Кочани, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1981–2000
Клубови
Како играч:
1981-1998Работнички
1998-2000Никол Ферт
Како тренер:
2000–2002Никол Ферт
2001-2007Македонска репрезентација
2003Поло Трејд
2003Балкан Стил
2003-2004Неметали Огражден
2004-2007Работнички
2007-2008Струмица 2005
2008Унгменафелагиo Снаефел
2008-2011Ал Кадсија
2011-2012Ал Јахра
2011-2012Кувајтска репрезентација
2012-2013Ал Васл Дубаи
2015-2017Ал Шааб
2017-2019Македонска репрезентација
2017Банијас
2017-2020Ал Кадсија
2021Пеја
2021-Таргу
Репрезентација
Инфо од: 29.03.2021.

Клупска кариера уреди

Како играч уреди

Во својата професионална играчка кариера ја започнал во Работнички, настапувал во него 17 сезони. Во 1998 година се преселил во гостиварски Никол Ферт во кој играл две сезони.[1]

Како тренер уреди

Својата тренерска кариера ја започнал во 2000 година во Никол Ферт,[2] со кој го освоил Купот на Македонија на двапати, во изданијата 2001 и 2002. Сезоната 2002/03 ја започнал во Никол Ферт со кој го освоил Суперкупот 2002. Потоа во февруари 2003 година пристигнал во Поло Трејд,[3][4] за на крај во април да потпише за Балкан Стил.[5][6][7] Сезоната 2003/04 во поголем дел ја минал во Неметали Огражден,[2] сè до пред крајот на сезоната кога му бил врачен отказ. Во јуни 2004 година, Давитков потпишал четиригодишен договор со Ферпшед Работнички.[1][8] Со Фершпед Работнички го освоил освоил Првенството во сезоните 2004/05, 2005/06, како и Купот во 2005 и 2006. По неуспешната сезона 2006/07, Давитков си поднел оставка од кормилото на Фершпед.[9][10] Во декември 2007 година, Давитков потпишал со Струмица 2005.[11][12] Таму останал сè до крајот на март 2008 година.[13] Во мај 2008 година, Давитков ја започнал својата меѓународна кариера во исландски Унгменафелагиo Снаефел.[14] Таму не останал долго и во ноември истата година, Давитков и Снаефел ја прекинале соработката.[15] Во ноември 2008 година, станал бил тренер на кувајтска Ал Кадсија, каде бил до 2011 година. Со Ал Кадсија освоил три домашни првенства и еден кувајтски Куп во 2010 година.</ref>[16] Сезоната 2011/12 ја минал во друг кувајтски клуб, Ал Јахра, со кој бил вицепрвак во Купот. Следната сезона се преселил во ОАЕ, во клубот Ал Васл Дубаи, со кој потпишал едногодишен договор.[17] Од 2015 до 2017 година бил тренер на Ал Шааб, уште еден емиратски клуб.[2][18] Во ноември 2017 година, Давитков потпишал за клубот Банијас од Обединетите Арапски Емирати.[19] Но поради репрезентативните обврски, во декември истата година, Банијас му врачил отказ.[20][21] Во јануари 2018 година, Давитков станал старо-нов тренер на Ал Кадсија.[22][23][24] Токму со Ал Кадсија, Давитков повторно станал првак во кувајтското првенство.[25] Во април 2020 година, тој го напуштил клубот Ал Кадсија.[26][27] Во средината на јануари, Давитков станал тренер на косовска Пеја.[28] Таму не останал долго бидејќи на почетокот на март си дал отказ како тренер и заминал.[29] Но речиси веднаш, на крајот на март, тој пронашол нов ангажман во романскиот клуб Таргу.[30][31]

Репрезентативна кариера уреди

Како играч уреди

На 30 мај 1993 година, Давитков го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[32]

Како селектор на Македонија уреди

Давитков станал селектор на македонската кошаркарска репрезентација во 2001 година, наследувајќи го Марин Докузовски. Во 2003 година македонската репрезентација била суспендирана и преместена во Дивизијата Б. На тоа натпреварување, Македонија учествувала во 2005 година, притоа освојувајќи место за унапредување во А дивизијата. На дополнителните квалификации за Евробаскетот 2007, Македонија не успеала да влезе на завршниот турнир, и поради тоа Јорданчо Давитков поднел оставка.[33]

Подоцна тој станал селектор на кувајтската кошаркарска репрезентација.

Во март 2017 година Давитков бил повторно назначен за селектор на Македонија.[33][34][35] Во претквалификацискиот циклус Македонија завршила на последното трето место неуспевајќи да напредне во квалификациите.[36]

Во септември 2019 година, од страна на македонската федерација, било потврдено дека Давитков нема веќе да е селектор на Македонија.[37][38]

Како селектор на Кувајт уреди

Во август 2011 година, Јорданчо Давитков станал селектор на машката кувајтска репрезентација.[39][40] Таму останал сè до 2012 година.

Успеси уреди

Играчки титули уреди

  Работнички уреди

  Никол Ферт уреди

Тренерски титули уреди

  Никол Ферт уреди

  Работнички уреди

  Ал Кадсија уреди

  • Кувајтска лига (4) : 2008/09, 2009/10, 2010/11, 2017/18
  • Куп на Кувајт (2) : 2010, ????
  • Заливско клупско првенство (1) : 2009

Признанија уреди

  • Домашен тренер на годината 2006[41]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Јорданчо Давитков се врати во Фершпед Работнички“. utrinski.com.mk. јуни 2004. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 „Ал Шааб на Давитков се распадна“. sportmedia.mk. 25 јуни 2017. Посетено на 25 јуни 2017.
  3. „Поло трејд го ангажираше селекторот Давитков“. vest.com.mk. 26 февруари 2003. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  4. „Давитков - нов тренер на амбициозниот Поло трејд“. dnevnik.com.mk. февруари 2003. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  5. „Давитков на клупата на Балкан стил“. vest.com.mk. 9 април 2003. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  6. „Давитков - нов тренер на Балкан стил“. dnevnik.com.mk. април 2003. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  7. „Јорданчо Давитков се врати во Скопје“. utrinski.com.mk. април 2003. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  8. „Давитков: Приоритет е настапот во Евролигата на ФИБА“. vest.com.mk. 10 јуни 2004. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
  9. „Давитков замина“. vecer.mk. 28 мај 2007. Посетено на 7 јануари 2019.[мртва врска]
  10. Давитков поднесе оставка[мртва врска] dnevnik.mk 29 мај 2007
  11. „Арсиќ замина, Давитков на клупата“. vecer.mk. 9 декември 2007. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  12. „Давитков нов кормилар“. vest.com.mk. 11 декември 2007. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  13. „Кадија му пресуди на Давитков“. vecer.mk. 31 март 2008. Посетено на 7 јануари 2019.[мртва врска]
  14. „Jordanco Davitkov næsti þjálfari Snæfells“. snaefellingar.is. 17 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2019-01-30. Посетено на 6 јануари 2019.
  15. „Snæfell segir upp samningum við erlenda leikmenn og þjálfara“. snaefellingar.is. 6 октомври 2008. Посетено на 6 јануари 2019.
  16. „Давитков со двојна круна“. vecer.mk. 21 април 2010. Посетено на 6 јануари 2019.[мртва врска]
  17. „Давитков се пресели во Дубаи“. ekipa.mk. 27 август 2012. Посетено на 29 јуни 2017.[мртва врска]
  18. „Македонецот пред нов предизвик: Давитков останува во Дубаи, но има нов клуб – Ал Шааб!“. sportmedia.mk. 31 август 2015. Посетено на 29 јуни 2017.
  19. „Давитков продолжува во Абу Даби“. sportmedia.mk. 9 ноември 2017. Посетено на 9 ноември 2017.
  20. „Давитков доби отказ: Клубови има многу, Македонија е една!“. ekipa.mk. 7 декември 2017. Посетено на 10 јануари 2018.
  21. „Давитков доби отказ од Банијас поради репрезентативните обврски со Македонија“. gol.mk. 7 декември 2017. Посетено на 10 јануари 2018.
  22. „Давитков се враќа во Кувајт, ќе биде тренер на Кадсија“. ekipa.mk. 3 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  23. „Јорданчо Давитков се врати во Кувајт и пак ќе го води тимот на Кадсија!“. gol.mk. 3 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  24. „НОВА ГОДИНА – СТАР КЛУБ: Давитков се враќа во Кувајт, во Кадсиа“. sportmedia.mk. 3 јануари 2018. Посетено на 10 јануари 2018.
  25. „Давитков повторно го освои Кувајт“. sportmedia.mk. 18 април 2018. Посетено на 6 јануари 2019.
  26. „Давитков освои се што можеше, па си замина од Квадсија“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 април 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-19. Посетено на 19 април 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  27. „Екс селекторот си оди: Давитков го напушта Кувајт со седум трофеи!“. sportclub.mk преку web.archive.org. 19 април 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-19. Посетено на 19 април 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  28. „Јорданчо Давитков, нов тренер на Пеќ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 5 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  29. „Давитков: Самиот си заминав, дојдов да бидам шампион, но тоа не беше возможно…“. ekipa.mk преку web.archive.org. 4 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 5 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  30. „Давитков си најде нов ангажман во Романија“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-29. Посетено на 29 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  31. Горан Упале (29 март 2021). „Поранешниот селектор Давитков се сели во Романија, го презеде Таргу“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-29. Посетено на 29 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  32. „Пред 25 години Давитков, Наумоски, Блажевски, Војновиќ првпат играа за Македонија!“. gol.mk. 30 мај 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  33. 33,0 33,1 „Јорданчо Давитков нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија“. ekipa.mk. 10 март 2017. Посетено на 10 март 2017.
  34. „Давитков: Да ја вратиме репрезентацијата на местото кое и прилега“. sportmedia.mk. 10 март 2017. Посетено на 10 март 2017.
  35. „Давитков: Можев да уживам на плажа во Дубаи, но Македонија не се одбива кога е тешко!“. gol.mk. 10 март 2017. Посетено на 10 март 2017.
  36. „Естонија не успеа: Македонија последна во претквалификациите“. sportclub.mk. 19 август 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-25. Посетено на 9 ноември 2017.
  37. „Антиќ: Заврши соработката со Давитков, во игра три имиња за нов селектор“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 септември 2019. Посетено на 19 септември 2019.
  38. „ОФИЦИЈАЛНО: Давитков не е повеќе селектор, Македонија ќе има нов предводник!“. gol.mk преку web.archive.org. 19 септември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-09-19. Посетено на 19 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  39. „Давитков, селектор на Кувајт“. ekipa.mk. 22 август 2011. Посетено на 6 јануари 2019.[мртва врска]
  40. „Давитков селектор на Кувајт“. vecer.mk. 23 август 2011. Посетено на 6 јануари 2019.[мртва врска]
  41. „„Новинарите" подобри од репрезентацијата“. sportskoradio903.com.mk. 25 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 26 февруари 2018.

Надворешни врски уреди