Кошаркарска федерација на Македонија
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) — врховно раководно тело на кошарката во Македонија. Раководи со машките и женските сениорски и младински репрезентации, како и со машките и женските сениорски и младински лиги и куп натпреварувања. Седиштето на МКФ е во Скопје.
Основана | 1950 (во рамки на КФЈ) 1992 (како независна федерација) |
---|---|
Вид | Национална спортска федерација |
Седиште | Скопје, Македонија |
Место | ул. Дебарца бр. 28,[1] Дебар Маало |
Членство | ФИБА Европа, ФИБА Свет |
Службени јазици | Македонски |
Претседател | Перо Антиќ |
Клучни лица | Тодор Гечевски Владимир Георгиевски |
Мреж. место | mkf.mk |
Домашни натпреварувања
уредиМашка конкуренција
уреди- Прва лига
- Втора лига
- Трета лига (не е во функција; прекината)
- Куп на Македонија
- Суперкуп на Македонија (повремено натпреварување)
Женска конкуренција
уредиМеѓународни натпреварувања
уредиМладински репрезентации
уредиРепрезентации под 20 години
уредиРепрезентации под 18 години
уредиРепрезентации под 16 години
уредиРаководство
уредиЧелници на КФМ
уредиЧелниците на КФМ се[2]:
- Дејан Лекиќ - генерален секретар
- Соња Спасовска - технички секретар
- Врбица Стефанов - директор на сениорска репрезентација
- Илија Мерџановски - директор на репрезентации
Управен одбор на КФМ
уредиУправниот одбор на КФМ е во следниот состав:[2]
- Даниел Димевски - претседател
- Димитар Костадинов - потпретседател
- Дарко Дарковски
- Војо Петров
- Роберт Блажевски
- Емил Стојменов
- Виктор Здравков
- Христијан Шапкар
- Ѓорѓи Ристов
- Љупчо Васевски
- Алеко Ангеловски
- Зоран Марковски
- Предраг Чемерикиќ
- Љупчо Стаматовски
- Абдураим Бајрактар
- Милорад Славковиќ
- Ване Соколовски - претседател на Здружение на прва лига мажи
- Драган Христов - претседател на Здружение на втора лига мажи
- Дарко Здравковски - претседател на Здружение на трета лига мажи
- Михаил Апостолски - претседател на Здружение на прва лига жени
- Владимир Огњановски - претседател на Здружение на младински лиги
Историја
уредиВо 2009 година, името на Федерацијата било сменето од Кошаркарска федерација на Македонија во Македонска кошаркарска федерација. Тој назив го носел сè до мај 2019 година, кога бил ставен службениот назив Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија согласно контроверзната политика на владејачките структури.
Во март 2015 дошло до судир меѓу раководството на КФМ и дел од клубовите кои формирале Иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на КФМ на кое би се извршила смена на претседателот Даниел Димевски. Притоа, ФИБА доставила допис до Агенцијата за млади и спорт на Македонија во врска со спорот меѓу двете страни, заканувајќи се со санкции ако не се почитува процедурата за свикување собрание на КФМ.[3] Потоа, Управниот одбор на КФМ го признал правото на Иницијативниот одбор на клубовите за свикување вонредна седница на Собранието на КФМ и донел одлука да се формира заедничка комисија, составена од претстваници на двете спротивставени страни, која би нашла заедничко решение, а со цел да се избегне опасноста од казна од страна на ФИБА.[4] За надминување на кризата во македонската кошарка, претседателот на МКФ Даниел Димевски закажал изборно собрание, кое се одржало на 27 април при што тој не поднесол кандидатура за втор мандат.[5] На изборното собрание, одржано во хотелот „Александар палас“ во Скопје, за нов претседател на КФМ едногласно бил избран Петар Наумоски. Притоа, на почетокот на гласањето, како противкандидат на Наумовски бил предложен членот на управниот одбор на КФМ Абдураим Бајрактар, кој бил поддржан од 10 члена на собранието, но потоа, тој се повлекол од изборот, поради неправилности во процедурата на пријавување. По изборот, Наумоски предложил нов состав на управниот одбор на КФМ, во состав: Абдураим Бајрактар, Илија Пенов, Сашо Босилков, Сашо Дракуловски, Тони Трајков, Даниел Воиновски, Александар Свртинов, Среќко Трајковски, Ристо Јаневски, Благоја Георгиевски - Буштур, Горан Ѓорѓиевски, Пејчо Илиев - Баџо и Анатол Кутревски.[6] Со изборот на новиот претседател не завршиле превирањата во МКФ, зашто на почетокот од јуни 2015 година, генералниот секретар Дејан Јовановски поднесол оставка, по само еден месец поминат на таа функција, а покрај него си заминал и директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски.[7] Малку подоцна, за нов спортски директор на репрезентацијата бил поставен Заре Марковски.[8]
На 31 август 2020 година, Федерацијата го сменила своето седиште од улица Македонија и се преселила на улицата Дебарца во населбата Дебар Маало.[1]
Досегашни претседатели на Кошаркарската федерација на Македонија
уредиПретседател | Години на мандат | Навод |
---|---|---|
Ацо Петровски | 1950-1952 | |
Деспот Колачевски | 1952-1955 | |
Петар Божиновиќ | 1955-1957 | |
Благоја Ангеловски | 1957-1971 | |
Петар Димовски | 1971-1974 | |
Драгољуб Лазов | 1974-1978 | |
Александар Варналиев | 1978-1981 | |
Васил Тупурковски | 1981-1982 | |
Деспот Сотировски | 1982-1983 | |
Мети Крлиу | 1983-1986 | |
Милош Ѓурчиновски | 1986-1988 | |
Љубомир Фишиќ | 1988-1990 | |
Душан Петрески | 1990-1992 | |
Благоја Самакоски | 1992-1993 | |
Зоре Темелковски | 1993-1997 | |
Јордан Камчев | 1997-1999 | |
Горан Рафајловски | 1999-2001 | |
Леонид Гајдаџиев | 2001-2004 | |
Драгољуб Арсовски | 2004-2005 | |
Даниел Димевски | 2005-2015 | |
Петар Наумоски | 2015-2019 | |
Перо Антиќ | 2019- | [9][10] |
Извор:[11]
Годишни признанија
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Преселбата заврши, КФМ се огласи: Од денеска имаме нова адреса“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 31 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-09-01. Посетено на 1 септември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 2,0 2,1 „Управа на КФМ“. Посетено на 2010-08-17.
- ↑ „ФИБА се закани со суспензија за мак-баскетот“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.
- ↑ „Нема да се ризикува со суспензијата од ФИБА“, Дневник, година XIX, број 5731, среда, 1 април 2015, стр. 27.
- ↑ „Арбитражата на МКФ ги помилува Работнички и Куманово“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 24.
- ↑ „Наумоски: Ќе обезбедиме оптимални услови за репрезентацијата“, Дневник, година XIX, број 5753, среда, 29 април 2015, стр. 26-27.
- ↑ „Јовановски се повлече од позицијата генерален секретар“, Дневник, година XIX, број 5782, петок, 5 јуни 2015, стр. 23.
- ↑ „Самарџиски се враќа во репрезентацијата“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
- ↑ „ОФИЦИЈАЛНО: Перо Антиќ, нов претседател на МКФ!“. gol.mk. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
- ↑ „Официјално: Перо Антиќ на чело на мак-кошарката“. ekipa.mk. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
- ↑ Список на досегашни претседатели на Македонската Кошаркарска Федерација Македонска кошаркарска репрезентација на Facebook 27 април 2015