Владимир Брчков (роден на 29 декември 1989 во Велес) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец кој настапувал за Борец Баскет. Тој иако е роден во Велес, тој е израснат во Бузалково, од каде е и неговото семејство.

Владимир Брчков
ПозицијаКрилен центар
Висина2,00 м
Тежина102 кг
ЛигаВтора лига мажи - Исток
КлубБорец Баскет
Број15
Роден29 декември 1989(1989-12-29)(34 г.)
Велес, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Средно училиштеКочо Рацин
Проф. кариера2005–
Клубови
2005-2007Ангели Леов
2007-2008Работнички
2008-2009Торус
2009-2013Фени Индустри
2013-2014Работнички
2014-2016Кожув
2016-2017Струмица
2017-2018Тирана
2019Борец Баскет
Репрезентација
Инфо од: 31.12.2020.

Професионална кариера

уреди

Својата професионална кариера ја започнал во 2005 година во кошаркарскиот клуб Ангели од Велес, кој тогаш се натпреварувал во Втората македонска кошаркарска лига. Сезоната сезона 2006/07, продолжил во истиот клуб, овој пат под името Ангели Леов. Брчков со екипата поради добриот пласман во Втората лига, добил право да учествува во т.н. „Прва Б лига“, односно да се натпреварува против екипите од долниот дел на табелата од Првата лига за пласман во најсилната лига за следната сезона. Притоа Владимир Брчков во 2007 година го добил признанието „Најдобар кошаркар младинец за 2006 година“ од страна на Општината Велес.[1] За сезоната 2007/08, Брчков потпишал за прволигашот Фершпед Работнички.[2] За сезоната 2008/09, настапувал во Торус, задржувајќи се една сезона.[3] Следната сезона потпишал за Фени Индустри. Таа сезона, заедно со Фени ја освоил двојната круна во Македонија и повторно стигнувајќи до полуфиналето во БИБЛ. Сезоната 2010/11 исто така била успешна за него, кога повторно со Фени ја освоил Лигата и за првпат станал освојувач на Балканската лига. За сезоната 2011/12, со Фени Индустри бил вицепрвак во Лигата и Купот на Македонија, губејќи двапати од МЗТ Аеродром. Сезоната 2012/13, со Фени стигнал полуфиналето во Лигата и до четвртфиналето во Купот. За следната сезона повторно потпишал за Работнички,[4][5] со кој стигнал до финалето во Првенството, притоа повредувајќи го рамото за време на финалните пресметки со МЗТ Аеродром.[6] За сезоната 2014/2015, се преселил во Кожув,[7][8][9] стигнувајќи до финалето на Купот на Македонија и до полуфиналето на Балканската лига.[10][11] За сезоната 2015/16, тој ја продолжил соработката со Кожув.[12][13] За сезоната 2016/17, Брчков се преместил во редовите на КК Струмица.[14][15] Во септември 2017, Брчков се преселил во албанска КК Тирана.[16] Со Тирана Брчков го освоил Купот на Албанија 2018.[17] Подоцна го освоил и албанското Првенство.[18] Во декември 2019 година, по пауза од година и пол неиграње активна кошарка, Брчков потпишал за Борец Баскет.[19] Во следната сезона, тој продолжил да настапува за велешкиот клуб.[20]

Репрезентативна кариера

уреди

Брчков во 2005 година бил составот на кошаркарката селекција до 16 години. Настапувал и за репрезентација до 20 години, односно учествувал на Европското првенство 2008 - Б Дивизија во Романија и на Европското првенство 2009 - Б Дивизија во Скопје. Тој учествувал на Европското првенство 2013 во Словенија, кога Репрезентацијата го освоила 21. место.[21][22] Квалификациите за Евробаскетот 2015 започнале со помладена репрезентација во која учествувал и Брчков,[23] воедно обезбедувајќи пласман за континенталното првенство.[24][25] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Брчков одиграл три напревари каде имал мала минутажа од вкупно осум минути и немал постигнато бодови.[26]

Успеси

уреди

Титули

уреди

  Фени Индустри

уреди

  Тирана

уреди
  • Суперлига на Албанија (1) : 2017/18
  • Куп на Албанија (1) : 2018

Признанија

уреди
  • Најдобар кошаркар младинец од Велес за 2006 година[1]
  • Eurobasket.com - особен придонес во сезоната (2014г.)
  • Eurobasket.com - особен придонес во сезоната (2015г.)
  • Особен придонес во сезоната 2015/16[27]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Спортист на годината 2006[мртва врска] veles.gov.mk 22 јануари 2007
  2. „Во "Градски парк" поради Докузовски“. vest.com.mk. 21 септември 2007. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  3. „Торус-Овче Поле - сезона 2008/2009“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија. Посетено на 17 јануари 2018.[мртва врска]
  4. Репрезентативецот Брчков нов играч на Работнички[мртва врска] republika.mk 2 септември 2013
  5. Брчков нов член на Работнички[мртва врска] kurir.mk 2 септември 2013
  6. Тешка повреда на репрезентативецот Владимир Брчков Архивирано на 15 јули 2014 г. republika.mk 30 мај 2014
  7. КОЖУВ ГО АНГАЖИРАШЕ ВЛАДИМИР БРЧКОВ ОД РАБОТНИЧКИ Архивирано на 23 август 2014 г. tip.com.mk/ 22 август 2014
  8. Брчков го засилува Кожув[мртва врска] ekipa.mk/ 22 август 2014
  9. Брчков нов играч на Кожув[мртва врска] a1on.mk/ 22 август 2014
  10. Кожув без финале во БИБЛ лига Архивирано на 10 април 2015 г. vecer.mk 8 април 2015
  11. Во Кожув едногласни: И самото полуфинале е значаен успех[мртва врска] ekipa.mk 9 април 2015
  12. Брчков останува во Кожув Архивирано на 22 август 2015 г. ekipa.mk 20 август 2015
  13. Брчков и наредната сезона во Кожув[мртва врска] sport365.mk 21 август 2015
  14. „Струмица денеска потпишува со Зивчевиќ и со Брчков“. ekipa.mk. 21 ноември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 23 ноември 2016.
  15. „Брчков и Зивчевиќ нови кошаркари на Струмица“. sport365.mk. 22 ноември 2016. Посетено на 23 ноември 2016.[мртва врска]
  16. „Брчков се договори со шампионот на Албанија, ќе дебитира против Блокотехна“. sportmedia.mk. 29 септември 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  17. „Брчков триумфално со Тирана во албанскиот Куп“. basketball.mk. 3 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2018-02-06. Посетено на 4 февруари 2018.
  18. „Superliga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  19. „Список на одобрени играчи и службени лица - КК Борец Баскет - Велес“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 16 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-31. Посетено на 31 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Список на одобрени играчи и службени лица - сезона 2020/2021 - КК Борец Баскет“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-12-31. Посетено на 31 декември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. Пипан го објави списокот: Во полн состав ќе атакуваме на ЕП во Словенија Архивирано на 13 октомври 2013 г. hitportal.com.mk 2 септември 2013
  22. Кошаркарите заминаа за Словенија[мртва врска] sitel.com.mk 2 септември 2013
  23. Македонија вечерва против Белгија на стартот од квалификациите за ЕП[мртва врска] vistina.mk 10 август 2014
  24. Џикиќ: Момците можат повеќе, а не го знаат тоа Архивирано на 30 март 2015 г. derbi.mk 27 август 2014
  25. Македонска кошаркарска репрезентација обезбеди пласман на Евробаскет 2015! Архивирано на 1 април 2015 г. supersport.com.mk 27 август 2014
  26. Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
  27. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.

Надворешни врски

уреди