Марин Докузовски (14 јули 1960, Скопје) - македонски поранешен професионален кошаркар, поранешен селектор на Машката кошаркарска репрезентација на Македонија и тренер и моментален шеф на стручниот штаб на Работнички.

Марин Докузовски
Роден 14 јули 1960(1960-07-14)(64 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Познат селектор на Македонската кошаркарска репрезентација
Занимање тренер
Деца Марко Докузовски

Играчка кариера

уреди

Докузовски активно играл кошарка од 1978 до 1989 година во Југословенската лига, настапувајќи во Работнички, Готекс и Алумина. По завршувањето на играчката кариера, Докузовски застанал на младинската клупа на Работнички.

Тренерска кариера

уреди

Клупска

уреди

Младински тренер на Годел Работнички бил сè до 1994 година, кога ја презедол сениорската екипа на клубот. Главен тренер бил на Работнички до 2000 година, кога во меѓувреме освоил четири Првенства и еден Куп. Во јуни 2000 година, Марин го напуштил Работнички и преминал во МЗТ Аеродром 2000 како шеф на стручниот штаб.[1] За сезоната 2002/03, Докузовски потпишал едногодишен договор со Поло Трејд.[2] Во Поло Трејд останал сè до крајот на 2002,[3] и во јануари 2003 потпишал за Фершпед Работнички и ја освоил двојната титула.[4] Во Работнички бил сè до март 2004 година, кога по високиот пораз од МЗТ Аеродром 2000, тој поднесол оставка.[5]

За сезоната 2004/05, Докузовски ја започнал својата меѓународна кариера во бугарски Лукоил Академик. Во Лукоил Академик тој бил помошник тренер на Константин „Тити“ Папазов.[6] Истата таа сезона Лукоил станал првак на Бугарија.[7][8] На крајот на сезоната 2005/06, Тити Папазов бил тргнат од функцијата главен тренер, а на неговото место бил поставен Докузовски,[9] притоа освојувајќи го Првенството. Со Лукоил бил и првак и во сезоната 2006/07, но потоа тој не потпишал нов договор со „Академците“.[6]

Докузовски се вратил во Фершпед Работнички за сезоната 2007/08.[10][11] Во сезоната 2008/09 со Работнички бил првак, додека во Балканската лига станал вицепрвак.[12] На крајот на 2009 година, Докузовски го напуштил Работнички кој бил во финансиска криза сезоната 2009/10,[13] како и поради селекторските обврски.[14] Во март 2011 година, Докузовски повторно застанал како тренер на Работнички и го освоил Купот на Македонија 2011.[14][15]

На полусезоната од 2011/12, Марин се вратил во Лукоил Академик,[6][16] освојувајќи го Првенството и Купот. Таму останал година дена, кога после слабите резултати му бил врачен отказ.[17][18] Во февруари 2014 година, Докузовски потпишал за косовски Сигал Приштина.[19][20] Со Сигал Приштина го освоил косовското Првенство, Купот како и четвртото место во Балканската лига.[21]

Во 2014 година, тој повторно застанал на клупата на Работнички.[22][23] Во ноември 2014 година, по прекинатиот натпревар помеѓу Работнички и МЗТ Аеродром, кога тимот на Работнички ја напуштил салата, Докузовски бил казнет од Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација со забрана за водење на тимот во траење од шест месеци.[24][25] Во 2015, иако отсутен поради суспензијата, Работнички на чело со Марјан Србиновски како главен тренер го освоил Купот на Македонија.[26][27] Во мај 2015 година, по истекувањето на суспензијата се вратил како тренер на Работнички.[28] Докузовски во сезоната 2017/18 бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак по седми пат. Докузовски, по четврти пат, го освоил Купот на Македонија. По завршувањето на сезоната 2018/19, на Докузовски му истекол договорот со Работнички и престанал да е тренер на екипата.[29][30] Докузовски станал шеф на стручниот штаб и раководител на младинските школи на Работнички.[31]

Селекторска

уреди

Во 2001 година, Докузовски ја водел македонската репрезентација седум натпревари, на кои пет натпревари ги добил. Македонија завршила на третото место во групата Д за квалификациите за Европското првенство 2001.[32]

По пауза од осум години, тој повторно бил назначен за селектор на Македонија.[32] За време на Евробаскетот 2011, Докузовски ја предводел репрезентацијата до четвртото место на турнирот.

Клубови

уреди

Играчка кариера

уреди

Тренер

уреди

Тренер на државните репрезентации на Македонија

уреди

Успеси

уреди

Титули

уреди

  Работнички

уреди

  Академик

уреди
  • Национална кошаркарска лига (4) : 2004/05 (како помошник тренер), 2005/06, 2006/07, 2011/12
  • Куп на Бугарија (3) : 2006, 2007, 2012

  Приштина

уреди
  • Косовска Суперлига (1) : 2013/14
  • Куп на Косово (1) : 2014
  • Балканска лига (Четврто место) : 2013/14

  Македонска репрезентација

уреди

Признанија

уреди
  • Македонски тренер на годината 1999
  • Македонски тренер на годината 2009[33]
  • Македонски тренер на годината 2011 [34][35][36]
  • Тренер на сезоната 2013/14[37]
  • Тренер на сезоната 2017/18[38]
  • Заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2018 година[39]
  • Македонски тренер на годината 2018[40][41]

Наводи

уреди
  1. „Докузовски - шеф на стручниот штаб на МЗТ 2000, Тодоров тренер“. dnevnik.com.mk. 8 јуни 2000. Посетено на 19 септември 2016.[мртва врска]
  2. „Докузовски - шеф на Стручниот штаб на Поло трејд“. dnevnik.com.mk. 2002. Посетено на 19 септември 2016.[мртва врска]
  3. „Докузовски се раздели со Поло Трејд“. vest.com.mk. 27 декември 2002. Посетено на 19 септември 2016.[мртва врска]
  4. „Докузовски се врати во Фершпед Работнички“. vest.com.mk. 10 јануари 2003. Посетено на 19 септември 2016.[мртва врска]
  5. „Докузовски поднесе оставка, Андоновски го презеде тимот“. Дневник преку time.mk. 17 март 2004. Посетено на 20 септември 2016.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Това е Марин Докузовски“. bgbasket.com. 2 јануари 2012. Посетено на 20 септември 2016.
  7. „Чековски се закити со шампионската титула“. vest.com.mk. 10 јуни 2005. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  8. „Чековски и Докузовски со титула и во Бугарија“. vecer.mk. 10 јуни 2005. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  9. „Марин Докузовски старши треньор на Лукойл Академик“. dariknews.bg. 25 мај 2006. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  10. „Во "Градски парк" поради Докузовски“. vest.mk. 21 септември 2007. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  11. „Докузовски: Ќе ја вратиме титулата во Градскиот парк“. utrinski.mk. 26 септември 2007. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  12. „Marin Dokuzovski: Making the final was a success for us“. bgbasket.com. 25 март 2009. Посетено на 20 септември 2016.
  13. „Гацов е нов тренер на Работнички“. vest.com.mk. 26 јануари 2010. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  14. 14,0 14,1 „Докузовски на клупата на Работнички“. vecer.mk. 18 март 2011. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  15. „Работнички го врати Докузовски на клупата“. vest.mk. 20 март 2011. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  16. „Докузовски: Знам што ме чека во Бугарија“. ekipa.mk. 6 јануари 2012. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  17. „Lukoil Academic part ways with Marin Dokuzovski“. bgbasket.com. 13 јануари 2013. Посетено на 20 септември 2016.
  18. „Докузовски си замина од Лукоил“. ekipa.mk. 13 јануари 2013. Посетено на 20 септември 2016.[мртва врска]
  19. „Марин Докузовски го презема кормилото на Сигал Приштина!“. ekipa.mk. 22 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-14. Посетено на 20 септември 2016.
  20. „Marin Dokuzovski is the new head coach of KB Sigal Prishtina“. balkanleague.net. 23 февруари 2014. Посетено на 20 септември 2016.
  21. „Докузовски и донесе титула на Сигал Приштина“. ekipa.mk. 29 мај 2014. Посетено на 20 септември 2016.
  22. Докузовски се врати во „Градски парк“ Архивирано на 7 март 2016 г. on.net.mk 6 август 2014
  23. „Докузовски се врати на клупата кај Работнички“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22.
  24. Работнички во проблеми: Докузовски суспендиран на шест, а Србиновски на „само“ три месеци! sportmedia.mk 20 ноември 2014
  25. „За Докузовски шест, а за Србиноски три месеци пауза“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25.
  26. Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат Архивирано на 6 мај 2015 г. ekipa.mk 22 февруари 2015
  27. Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
  28. Работнички „пресече“: Докузовски од утре се враќа на клупата Архивирано на 8 мај 2015 г. ekipa.mk 5 мај 2015
  29. „Мираковски ќе шефува со „новиот" Работнички“. ekipa.mk. 10 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
  30. „Докузовски со нова улога во Работнички, Чековски кажува збогум!“. sportmedia.mk. 10 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
  31. „„Сета почит, но Работнички не е заинтересиран за Бојан Трајковски". sportmedia.mk преку web.archive.org. 17 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 20 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  32. 32,0 32,1 „Докузовски се враќа на жешката фотелја“. Вечер преку daily.mk. 11 декември 2009. Посетено на 20 септември 2016.
  33. „Тони Симиќ е кошаркар на годината“. vest.com.mk преку archive.li. 9 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на 26 февруари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  34. „Хет-трик на семејството Стојановски“. dnevnik.mk. 25 декември 2011. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
  35. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ се кошаркари на годината“. dw.com. 25 декември 2011. Посетено на 26 февруари 2018.
  36. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ кошаркари на годината“. kajgana.com. 25 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-15. Посетено на 26 февруари 2018.
  37. Marin Dokuzovski takes over Rabotnicki Skopje eurobasket.com 9 август 2014
  38. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  39. „Марин Докузовски – заслужен граѓанин на Карпош за 2018 година“. gol.mk. 3 ноември 2018. Посетено на 3 ноември 2018.
  40. „Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“. sportmedia.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
  41. „Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“. ekipa.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.

Надворешни врски

уреди