Петар Наумоски (роден на 27 август 1968 во Прилеп) — македонски поранешен кошаркар и кошаркарски функционер.

Петар Наумоски
ПозицијаРазигрувач
Висина1.94 м
Тежинакг
Роден27 август 1968(1968-08-27)(56 г.)
ПрилепСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец/Турчин[б 1]
Проф. кариера1989–2011
Клубови
КК Сплит
КК Работнички
Ефес Пилсен
Бенетон Тревизо
Ефес Пилсен
Бенетон Тревизо
Монтепаски Сиена
Олимпија Милано
Улкерспорт
МЗТ Аеродром
Репрезентација

Животопис

уреди

Во периодот од 2002 до 2006 година, Наумоски бил пратеник во Собранието на Република Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По завршувањето на мандатот, во 2006 година, Наумовски побарал и користел апанажа во траење од една година.

Во 2000 година, Наумовски стапил во црковен брак со Сања Обрадовиќ со која има три деца. Притоа, според искажувањето на Обрадовиќ, тие не биле регистрирани во граѓански брак, бидејќи Наумовски веќе бил во брак со некоја Италијанка. Наумовски и Обрадовиќ се разделиле во мај 2012 година. Со неа, Наумовски има три деца, при што, по разделбата, постариот син останал да живее со него, додека двете помали деца продолжиле да живеат со мајка им.[1]

Репрезентативна кариера

уреди

На 30 мај 1993 година, Наумоски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[2]

Останата кариера

уреди

Во април 2015 година, Наумоски бил избран за претседател на Македонската кошаркарска федерација.[3] Во мај 2019 година, на Наумоски му истекол мандатот како претседател и бил наследен од единствениот кандидат на таа позиција - Перо Антиќ.[4][5]

Признанија и награди

уреди

Во февруари 2017 година, кошаркарскиот клуб Ефес го повлекла бројот 7 од употреба, број со кој настапувал Петар Наумоски во екипата. Симболично бил повлечен бројот за време на натпреварот Ефес : Армани Милано, клуб во кој исто така играл Наумоски.[6][7][8]

Други дела

уреди

Веднаш по повлекувањето на седумката во Ефес, Петар Наумоски ја промовирал модната линија „П7“, наменета за турскиот пазар.[9]

Забелешки

уреди
  1. Има добиено турско државјанство под името Полат Намик.

Наводи

уреди
  1. Ирена Мулачка, „Ме избрка од Македонија, а на децата не им дава ниту денар алиментација!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 24-26.
  2. „Пред 25 години Давитков, Наумоски, Блажевски, Војновиќ првпат играа за Македонија!“. gol.mk. 30 мај 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  3. Ирена Мулачка, „Ме избрка од Македонија, а на децата не им дава ниту денар алиментација!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 24-25.
  4. „Наумоски нема да се кандидира – Перо Антиќ нов претседател на МКФ“. ekipa.mk. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
  5. „Антиќ му кажа збогум на Наумоски, мак-баскетот доби нов „татко". gol.mk. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
  6. „Ефес му се поклони на Петар Наумоски“. ekipa.mk. 9 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.
  7. „„Седумката" на Наумоски највисоко во Истанбул“. sportmedia.mk. 9 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.
  8. „Ефес ја повлече „седумката" на Наумоски и со епски пресврт го совлада Милано!“. gol.mk. 9 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.
  9. „Пеце го воведува „П7", новиот моден бренд во Турција“. sportmedia.mk. 10 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.