Дунавски лебед
Дунавски лебед бил весник издаван од Георги Раковски од 1 септември 1860 до 24 декември 1861 година во Белград, Кнежевство Србија.
Се печател во Кнежевската печатница еднаш неделно. Во него се публикувала револуционерна журналистика, која имала за цел да го подигне духот на читателите.