Отвори го главното мени

Славистиката е академско подрачје које ги проучува подрачјата кадешто живеат словените, Словенските јазици, литературата и културата. Слависта е лингвист или филолог кој ја изучува Славистиката. Славистиката се појавува во доцниот 18. и раниот 19. век, речиси истовремено со националното будење помеѓу словенските народи, и обид да се воспостави дијалог помеѓу Славјанската заедница. Ова движење е познато и како Пан-Славистика. Еден од првите научници кои го користат ова име е Јозеф Добровски.

Историјата на славистиката генерално е поделена на три периоди. До 1876 раните слависти се концентрирале на документација и печатење на споменици за словенските јазици. Во овој период се појавуваат и првите модерни речници и граматики. Вториот период завршува со Првата Светска војна, и е обележан со брз развој на Славјанската филологија и лингвистика. Овој процес го стумулираат Август Шленшен и Август Лескен на Универзитетот во Лајпциг. По војната, научниците се фокусираат на дијалектологијата. По Втората светска војна, славистички центри се формирани на многу универзитети низ светот.

Подрачје на интересирањеУреди

Словенски азбукиУреди