Џозеф Пристли
Џозеф Пристли (англиски: Joseph Priestley) (13 март 1733 - 6 февруари 1804) — англиски материјалистички филозоф, психолог, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот диоксидот и јаглеродниот диоксид.
Џозеф Пристли | |
---|---|
Роден(а) | 13 март 1733 Бристол сити, Англија |
Починал(а) | 6 февруари 1804 Пенсилванија, САД |
Националност | Англичанец |
Познат(а) по | ги открил кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот диоксидот и јаглеродниот диоксид. |
Животопис
уредиЗадоен од прогресивните идеи, Пристли ја поздравил француската револуција и бил член на „Друштвото на пријателите на француската револуција“. Како последица на тоа, во 1791 година, приврзаниците на реакционерните идеи му ја нападнале куќата и му ја уништиле лабораторијата, а тој морал со семејството да побегне во Лондон, а во 1794 година се преселил во Америка.[1]
Философските погледи на Пристли
уредиВо однос на религиозните проблеми, Пристли бил приврзаник на деизмот и верската толеранција. Оттука, тој бил силен критичар на празноверието, но исто така и на атеизмот. Но, од друга страна, тој бил приврзаник на материјалистичките сфаќања во областа на психологијата. Во своето дело „Хартлиевата теорија за човечкиот дух на принципите на асоцијацијата на идеите“ (Hartley's theory of human mind on the principles of the association of ideas), објавено во 1755 година, тој ги застапувал идеите на Дејвид Хартли. Во подоцнежните дела, како што се „Истражувања за материјата и духот“ (Discussions relating to matter and spirit) и „Доктрината на филозофската нужност“ (The doctrine of philosophical necessity) од 1777 година, како и „Слободни дискусии за доктрините на материјализмот“ (Free discussions on the doctrines of materialism) од 1778 година, тој отишол чекор напред во споредба со Хартли.[2]
Така, наспроти него, Пристли ја застапува тезата за материјалност на душевните појави. Според него, материјата е активна супстанција, која „поседува својство на простирање и сила на привлекување или одбивање“, но покрај нив, материјата поседува и други својства, а едно од нив е мислењето, кое е „својство на нервниот систем или поточно на мозокот“. Според Пристли, сите наши идеи потекнуваат во крајан мера од осетите и осетните идеи, а настануваат со нивна механичка асоцијација чија физиолошка основа ги сочинуваат вибрациите во човечкиот мозок. Во согласност со овие идеи, Пристли бил застапник на механицистичкиот детерминизам во однос на прашањето на слободата на волјата.[2]