Ташо Ајановски

Ташо Ристов Ајановски - Мими (6 февруари 1908 во Воден, Егејска Македонија28 април 1978 во Скопје, Македонија)— македонски деец од Егејскиот дел на Македонија.[1]

Ташо Ајановски
Роден 6 февруари 1908
Воден
Починал 28 април 1978
Скопје
Националност Македонец

Во 1928 година влегол во работничкото движење,[2] а подоцна станал и претседател на Сеработничкиот сојуз во Воден (1932). Учесник е во антифашистичката војна (1941), организатор и раководител на воената организација ОПЛА (Заштита на народните борци) во градот (1943). За време на Граѓанската војна во Грција, од јули 1946 година, бил политички комесар на македонски баталјон на НОФ во Воденско.[3] А, од 1946 година до 1948, ги вршел функциите на организационен и политички секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, како и член на Главниот одбор на Егејскиот дел на Македонија (од јануари 1948).[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 16. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Ајановски-Оче, Вангел (1975). Егејски бури: револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егејска Македонија. Институт за национална историја. стр. 299. Проверете ги датумските вредности во: |year=, |year= / |date= mismatch (help)
  3. „THE FIRST NOF CONGRESS“. www.pollitecon.com.

ЛитератураУреди

  • Вангел Ајановски - Оче „Егејски бури“, Скопје, 1975
  • Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983

Надворешни врскиУреди