Бурим Хусеини (албански: Burim Huseini; Слатино, Тетовско) е поранешен член на ОНА.

Бурим Хусеини
Burim Huseini
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Во текот на 1999 година заминал за Северна Албанија на обука, каде подоцна заминал за Косово. Во редовите на ОНА се приклучил во текот на март 2001 година, како војник во првите единици на Бригадата 112 “Мујдин Алиу”.

Загинал на 31 јули 2001 година во една престрелка со македонските безбидносни сили. По ова, неговото тело било префрлено и погребено во неговото родно село Слатино[1].

Наводи уреди

  1. Менај, Петрит (2008). ОНА- Порака и надеж. Скопје: Фондација - Институт отворено општество.