Никол Мери Кидман (англиски: Nicole Mary Kidman; родена на 20 јуни 1967) — австралиска глумица, добитничка на бројни награди како Оскар, Награда Еми, Награда на БАФТА, Награда „Златен глобус“ и Награда „Сребрена мечка за најдобра глумица“.

Никол Кидман
ОА
Роден(а)Никол Мери Кидман
20 јуни 1967(1967-06-20)(57 г.)[1]
Хонолулу, Хаваи, САД
ДржавјанствоАвстралиско, Американско
Алма матерАвстралиски театар за млади
Занимањеглумец, продуцент, пејач
Активен период1983–денес
БогатствоAUD $183 милиони (март 2015)[2][3]
СопружникТом Круз (1990-2001)
Кит Урбен (2006-денес )
Деца4
РодителиЕнтони Кидман
Џејнел
РодниниАнтонија Кидман (сестра)
Страница
nicolekidmanofficial.com

Никол Кидман е наградуван светски хуманитарец и е одбрана за Граѓанин на светот од страна на ООН и амбасадор на добра воља на УНИФЕМ и УНИЦЕФ. Во 2006 година била избрана за придружничка во поредокот на Австралија, најголемата државна чест во Австралија.[4] Истата година, таа исто така беше и најплатената глумица во филмската индустрија.[5]

Никол во филмската индустрија се пробила во 1989 со трилерот Мртво смирен. Нејзините изведби во филмовите Денови на грмотевицата, To Die For (1995), Мулен Руж (2001) и Часови (2002) и донеле голема слава. Во 2003, Кидман се здобила со ѕвезда на Холивудската улица на славни во Холивуд, Калифорнија. Таа е добро позната и по контровезниот брак со познатиот глумец Том Круз и по сегашниот брак со музичарот Кит Урбен. Бидејќи е родена во Хонолулу, Хаваи, но од родители Австралијанци, Кидман има двојно државјанство и од Австралија и од САД.[6]

Ран живот и семејство

уреди

Кидман е родена во Хонолулу, Хаваи. Нејзиниот татко, д-р Ентони Дејвид Кидман бил биохемичар, психолог и автор.[7][8][9] Нејзината мајка, Џејнел Ен е инструкторка на медицински сестри, која исто така и ги уредува книгите на својот сопруг и била член на една австралиска група која се бори за правата на жената. Пред нејзиното раѓање, нејзиниот татко бил член - посетител на Националниот институт за Психијатрија во Вашингтон. Семејството на Кидман се вратило во Авcтралија кога таа имала четири години, и кога татко и преземал предавачко место на универзитетот за технологија во Сиднеј. Родителите на Кидман потоа се преселиле во Гринич, предградие на Северниот Брег на Сиднеј. Кидман има помлада сестра, Антонија Кидман, родена во 1970, која е новинарка и живее во близина на нејзините родители во Гринич.

Никол Кидман започнала да зема часови по балет на четиригодишна возраст. Учела на Државното основно училиштето Лејн Коув во нејзините рани години, а подоцна завршила во Норт Сиднеј, средно училиште за девојки. Откако завршила средно се запишала на Викторискиот колеџ за уметности во Мелбурн заедно со нејзината пријателка Наоми Вотс.

Кариера

уреди

Рана кариера во Австралија (1983-1989)

уреди

Прво филмско појавување на Кидман било во 1983, кога на петнаесетгодишна возраст се појавила во музичкиот спот на Пет Вилсон за песната „Bop Girl“. На крајот од годината таа обезбедила споредна улога во телевизиските серии "Потокот од пет милји" и пет филмски улоги, вклучувајќи ги "БМХ Разбојници" и "Божиќно Дрво" . За време на осумдесеттите, таа се појавила во неколку австралијански филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ја и сапунската опера „Државна работа“ , мини сериите „Виетнам(1986) , „Градот Емералд(1988), и „Бангкок Хилтон(1989).

Пробив (1989-1995)

уреди

Во 1989 година Кидман глумела во филмотМртво смирен“ на режисерот Филип Нојс, во улогата на Рае Инграм. На почетокот на 1990 година, Кидман постигнала голем успех и станала популарна во Австралија.

Важни успеси (1995-денес)

уреди

Нејзиниот втор филм во 1995, „Да Се Умре За“ било сатирична комедија со што ја заработила нејзината издигнатост од страна на критичарите. Таа добила награда Златен Глобус, и пет други награди за најдобра глумица за нејзиното толкување на крвавата водителка Сузан Стоун Марето.

Таа го сретнала Том Круз на Денови на грмотевицата во 1999 година каде Кидман и Круз учествувале како брачна двојка во филмот "Очи Широко Затворени" во последниот филм на Стенли Кубрик. Кидман станува голема ѕвезда како и нејзиниот сопруг. Таа има две посвоени деца со Круз, Изабела Џеин, 14, и Конор, 12.

Во 2002 Кидман добила номинација на Оскарите за нејзината изведба во 2001 во музичкиот филм Мулен Руж, во кој таа ја глуми куртизаната Сатин наспроти Иван Мек Грегор. Според тоа Кидман ја добила нејзината втора награда Златен Глобус за најдобра глумица во "Мјузикал или Комедија". Истата година таа добила одлична улога во хорор филмот „Другите“. За време на снимањето на филмот "Мулен Руж" во Австралија, Кидман си го повредила коленото и како резултат на тоа Џоди Фостер морал да ја замени во филмот "Соба за Паника".

Наредната година Кидман добила важно издигнување за нејзината интерпретација како Вирџинија во Часови, во која добила Оскар за Најдобра Глумица, заедно со Златен Глобус и BAFTA Награда. Кидман била првата австралиска глумица која добила Оскар.

Во септември 2004 година во филмот Раѓање, 37 годишната глумица Кидман се вљубува во десет годишно момче (кој го глуми Камерон Брајт), кој настојув да ја убеди во повторното раѓање на нејзиниот сопруг. Спроти тоа, филмот бил номиниран за Златен Оскар на Венецијанскиот филмски фестивал.

И покрај критиките за неа и нејзиниот вокал, дуетот со Мек Грегор и песната Come What May бил голем хит во нејзината родна Австралија и се пласирал на високите списоци сè до појавувањето на нејзиниот следен дует со поп ѕвездата Роби Вилијамс, вклучувајќи ја Somethin Stupid во нејзиниот албум Swing When You're Winning во 2001 година.

Во 2015 година, Кидман била номинирана за британската награда „БАРФТА“, која се доделува за најлоши филмски и глумечки остварувања. Притоа, Кидман била номинирана за улогата на принцезата Грејс Кели.[10]

Филмографија

уреди

Кино

уреди
Година Филм Оригинално име Улога Белешки
1983 Бандата БМХ BMX Bandits Џуди
Bush Christmas Хелен
1985 Wills & Burke Џулија Матос
1986 Windrider Џејд
1987 Watch the Shadows Dance Ејми Гејбрил
The Bit Part Мери Макалистер
1988 Emerald City Хелен
1989 Мртво смирен Dead Calm Ри Инграм
  • номинација – Сатурн за најдобра актерка
1990 Денови на грмотевицата Days of Thunder доктор Клер Левики
1991 Флертување Flirting Никола
Били Батгејт Billy Bathgate Дру Престон
1992 Далечна земја Far and Away Шенон Кристи
1993 Злобна мисла Malice Трејси Кенсинџер
Мојот живот My Life Гејл Џонс
1995 Да се умре за... To Die For Сузан Стоун Марето
Бетмен засекогаш Batman Forever доктор Чејс Меридијан
1996 Портрет на една дама The Portrait of a Lady Изабел Арчер
1997 Миротворец The Peacemaker доктор Џулија Кели
1998 Практична магија Practical Magic Џулиен Овенс
1999 Очи широко затворени Eyes Wide Shut Алис Хартфорд
  • номинациja – Награда Емпаер за најдобра женска улога
  • номинациja – Сателит за најдобра женска улога
2001 Мулен Руж Moulin Rouge! Сатин
Другите The Others Грејс Стјуарт
  • Сатурн за најдобра глумица
  • номинација – Награда БАФТА за најдобра актерка
  • номинација – Златен глобус за најдобра актерка
  • номинација – Сателит за најдобра актерка
  • номинација – Награда Емпаер за најдобра актерка
Од Русија со љубов Birthday Girl Софија / Надја
2002 Часови The Hours Вирџинија Вулф
2003 Догвил Dogville Грејс Маргарет Мелиган
Човечка дамка The Human Stain Фаунија Фарли
Студена планина Cold Mountain Ејда Монро
2004 Степфордски сопруги The Stepford Wives Џоана Еберхарт
Пораѓање Birth Ана
2005 Преведувач The Interpreter Силија Брум
Маѓепсување Bewitched Изабел Биглоу/Саманта
2006 Козина Fur Дајан Арбус
Весели стапала Happy Feet Норма Џејн (глас) анимиран филм
Бог се измори од нас God Grew Tired of Us (раскажувач) документарен филм
2007 Инвазија The Invasion доктор Карол Бенел
Марго на свадбата Margot at the Wedding Марго
Златниот компас The Golden Compass Мариса Колтер
2008 Австралија Australia Сара Ешли
2009 Девет Nine Клаудија Џенсон
2010 Зајачка дупка Rabbit Hole Бека Корбет продуцент
2011 Жена на заем Just Go with It Девлин Адамс
Монте Карло Monte Carlo продуцент
Премин Trespass Сара
2012 Весникар The Paperboy Шарлот Блес
2013 Стокер Stoker Евелин Стокер
Железничарот The Railway Man Пети
2014 Грејс од Монако Grace of Monaco Грејс Кели
Пред да заспијам Before I Go to Sleep Кристин Лукас
Падингтoн Paddington Милисент
2015 Пустинска кралица Queen of the Desert Гертруд Бел
Земја на странци Strangerland Катрин Паркер
Семејството Фенг The Family Fang Ани Фенг
Тајната во нивните очи Secret in Their Eyes Клер
2016 Гениј Genius Алин Бернштајн
2016 Лав Lion Сју Брајарли
2017 Како да разговарате со девојки на забави How to Talk to Girls at Parties Боудисија
2017 Убиството на светиот елен The Killing of a Sacred Deer
2017 Измамени Beguiled госпоѓица Марта
2017 The Upside

Наводи

уреди
  1. „Monitor“. Entertainment Weekly (1264). 21 June 2013. стр. 26.
  2. Fitzsimmons, Caitlin (8 March 2015). „The 30 richest self-made women in Australia“. BRW. Посетено на 27 October 2015.
  3. „Bridges among Australia's richest women“. Sky News Australia. 8 March 2015. Архивирано од изворникот на 16 October 2015. Посетено на 27 October 2015.
  4. Stafford, Annabel: Kidman and the Kennedys honoured for their service, The Age, 14 април 2007.
  5. msnbc (30 ноември 2006). „Nicole Kidman highest paid female actor in film industry“. msnbc.
  6. „Nicole Kidman: 'Back to my core', 'Birthday Girl' is 'about the "unlikeness" of two people'. CNN. 18 јануари 2002. Архивирано од изворникот на 2006-04-27. Посетено на 2008-05-27.
  7. Keneally, Tom (1992-05-24). „FILM; Nicole Kidman, From Down Under to 'Far and Away'. The New York Times. Посетено на 2007-12-09.
  8. Thomson, David (2006). Nicole Kidman. Knopf. ISBN 1-4000-4273-9.
  9. Ancestry of Nicole Kidman
  10. „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 28.

Надворешни врски

уреди