Николо Макијавели
Николо Макијавели (италијански: Niccolò Machiavelli; Фиренца, 3 мај 1469 - Фиренца, 20 јуни 1527) — италијански функционер, писател, воен стручњак, поет, комедиограф и политичар. Најпознат е по својот политичка расправа „Владетелот“, и по векови погрешно толкуваната максима: „Целта ги оправдува средствата“.
Николо Макијавели | |
---|---|
![]() Портрет на Николо Макијавели од Санти ди Тито | |
Роден(а) | 3 мај 1469 Фиренца, Италија |
Починал(а) | 21 јуни 1527 Фиренца, Италија | (возр. 58)
Школа | ренесансна филозофија, реализам, класично републиканство |
Претежна дејност | политика (и политичка филозофија), воена теорија, историја |
Влијаел врз
| |
Потпис | |
![]() |
Своето творештво го започнал со покладни песни, канцони и сонети. Покрај „Владетелот“ познат е и по делата „Умешноста на војувањето“, „Расправи за првите десет книги на Тит Ливиј“, „Историја на Фиренца“, а неговото најважно дело од аспект на книжевноста е „Мандрагола“. Тоа е првата модерна европска комедија и најдоброто италијанско дело од овој жанр во периодот на ренесансата. Поимот макијавелизам е изведен од неговото име, а честопати се користи во негативна конотација опишувајќи појава на манипулирање и интриги, спротивност на морално однесување.
![]() ![]() |
Оваа биографска статија за за личност од Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |